Таг: народна банка

таг: народна банка

Девизните резерви се зголемија во последното тримесечје од 2015 година

Девизните резерви во последното тримесечје од претходната година се зголемија, што најмногу се должи на задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар со издавање еврообврзница, пишува во најновиот извештај на Народна банка. - Порастот на резервите е нешто помал од проектираниот, но отстапувањата се мали, а показателите на адекватноста на девизните резерви остануваат во сигурната зона. Воедно, и девизниот пазар...

Заштитни економски мерки кон Грција повеќе не се применуваат

Посебните заштитни мерки кон Грција, кои беа вобедени поради должничката криза, повеќе нема да се применуваат, соопштија од Народна банка. Заштитните мерки, како што се вели во соопштението, ја постигнаа целта заради која беа воведени, односно оневозможија поголеми капитални одливи од Македонија, не нарушувајќи го притоа деловното работење на домашните компании со грчки субјекти. Рамнотежата во билансот на плаќања и стабилноста на...

Банките потешко ќе издаваат потрошувачки кредити

Народната банка ќе преземе мерки со кои од следната година банките ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов пред еден месец, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити. - На денешната седница, Советот ја усвои одлуката за изменување и...

СДСМ: Народна банка ги потврди виртуелните инвестиции на Груевски

„Во реалноста ниту има странски инвестиции ниту има нови работни места. Виртуелните инвестиции и виртуелните зони на Никола Груевски не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре“, пишува во соопштение на СДСМ. „На местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, во Охрид, има депонија! Денеска Народна банка објави дека во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија...

Пад на странските инвестиции за 38 милиони евра во однос на истиот период лани

Во првите девет месеци од годинава, странските директни инвестиции изнесуваат  115,91 милиони евра, објави Народна банка. За разлика од истиот период лани, кога тие изнесувале 154 милиони евра, имаме намалување од близу 38 милиони евра. Во септември е регистриран одлив на странски капитал од 17,6 милиони евра.

НБРМ ги намали проекциите за порастот на економијата

Народната банка ги намали проекциите за пораст на економијата за оваа година на 3,2 проценти, соопшти денеска гувернерот на НБРМ, Димитар Богов. Во април годинава проекцијата за порастот на економијата изнесуваше 4,1 отсто. За наредните две години се очекуваат 3,5 отсто, односно 4 проценти пораст, чијшто двигател ќе бидат инвестициите и извозот. Надолната ревизија на порастот се должи на двата шока што годинава...

СДСМ: Рекордно ниско ниво на странски инвестиции во земјава

Податоците на Народна банка покажуваат катастрофално ниско ниво на странските инвестиции во Македонија, велат од СДСМ во соопштение испратено до јавноста. - Според Народна банка, во јуни и во јули оваа година, странските инвестиции во Македонија биле на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад најмладата држава на Балканот, Косово. Овие поразителни податоци покажуваат дека погрешните политки на Никола...

Народна банка пушти во оптек монети за колекционерски цели

Народната банка издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Александар“, „Ана“, „Димитар“ и „Елена“ од серијата „Ден на Ангел“. Овие ковани пари се изработени од сребро, a цената изнесува 3.500 денари. Монетите за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање.

Странските инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра во првите осум месеци

Странските директни инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра во првите осум месеци од годинава, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Во август 2015 година, влегле 27,36 милиони евра инвестиции, што e за околу 2 милиони евра повеќе во споредба со истиот месец лани. На годишно ниво, се забележува пораст од 8,7 проценти.  

Компаниите од преработувачката индустрија најтешко ги враќаат кредитите

Нефункционалните кредити одобрени на претпријатијата имаат најголемо учество во вкупните нефункционални кредити. Меѓу нефункционалните кредити на претпријатијата, највисоко е учеството на кредитите одобрени на клиенти од преработувачката индустрија, 36 проценти, покажува анализата на Народна банка. - На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити кон клиентите од преработувачката дејност, производство на метали, машини, алати и опрема, учествуваа со 11,2 проценти во вкупните нефункционални кредити кон...

Граѓаните сè потешко ги враќаат потрошувачките и станбените кредити

Кредитите наменети за потрошувачка се најзастапени во нефункционалното кредитно портфолио на банките, покажува најновата анализа на Народна банка. Станбените кредити, пак, исто така предизвикаа пораст на учеството на нефункционални кредити наменети за набавка и за реновирање на станбен простор. - На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити на банкарскиот систем на Македонија се поголеми за 2,5 пати во споредба со крајот...

Побавен пораст на економијата во споредба со очекувањата

По порастот на БДП во второто тримесечје од 2,6 проценти, што е во согласност со априлските проекции, податоците навестуваат продолжување на ова темпо на пораст и во текот на третиот квартал. - И покрај солидната динамика на пораст, ризиците од пролонгирани ефекти од домашните случувања, како и од промените во глобалниот амбиент, создаваат можност за побавен пораст на економијата во...

Цените во домашната економија се намалија за 0,3 проценти на годишна основа

Општото ценовно ниво во август забележа многу мал годишен пораст, пред сè, поради повисоките цени на храната и базичната инфлација, при понатамошно намалување на цените на енергијата, објави Народна банка. - Во просек, во првите осум месеци од годината, општото ниво на цени во домашната економија се намали за 0,3 проценти на годишна основа. Засега се оценува дека инфлациските остварувања се...

Народна банка ќе организира работилница за управување со девизни резерви

Народната банка е домаќин-организатор на работилницата за теми во областа на спроведувањето на заднинските активности во процесот на управување со девизните резерви, од 7 до 11 септември. - Управувањето со девизните резерви е комплексен процес, кој треба да има утврдени јасни цели, добро дефинирани нивоа на одлучување, силни контролни механизми, транспарентен начин на известување и реалистичен приод во надминувањето на...

Економскиот пораст во вториот квартал, во рамките на проектираното

Најновите показатели на Народна банка покажуваат дека економската активност и понатаму се зголеува со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. По порастот на БДП во првото тримесечје, кој соодветствуваше на проекциите, показателите за економската активност во вториот квартал посочуваат продолжување на овие трендови. Податоците за индустриското производство...

Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани

Бројот на блокирани сметки по различни основи изнесува 234.727 и во оваа бројка влегуваат сметки на правни и на физички лица, покажуваат податоците на Народна банка. Од почетокот на годината, бројот на блокирани сметки се зголемил за 22.642. Притоа, се намалува бројот на блокирани сметки кај фирмите, но се зголемува кај граѓаните.

Намалени девизните резерви

Девизните резерви заклучно со јуни изнесуваат 2.254.800.000 евра и има намалување во однос на првиот квартал, кога истите изнесуваа 2.354.800.000 евра. Резервите во монетарно злато изнесуваат 230 милиони евра, кај кои, исто така, има намалување од приближно 8 милиони евра во однос на првиот квартал, кога изнесувале 237 милиони евра.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...