fbpx
Таг: народна банка

таг: народна банка

Странските директни инвестиции лани помали за 48 милиони евра во однос на 2014 година

Странските директни инвестиции лани изнесувале 157 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Во 2015 година има намалување за 48 милиони евра на инвестициите од странство во однос на претходната година, кога тие изнесувале 205 милиони евра.

Манчевски: Со парите за барокна Народна банка можеше да се рестартира РЕК Осломеј

„Нови повеќе од 35 милиони евра ќе се потрошат за раскошна и луксузна зграда, овојпат за Народна банка, покрај веќе потрошените 630 милиони евра, народни пари на „Скопје 2014“, пари со коишто можеа да се отворат стотици илјади нови работни места. Бараме веднаш да запре изградбата на луксузната зграда за Народна банка“, изјави потпретседатлот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Според него, овие пари можат да се...

Пад на девизните резерви од 67 милиони евра

Девизните бруто-резерви на крајот од третото тримесечје на 2015 година изнесуваше 2.187,4 милиони евра, што претставува пад од 67,5 милиони евра во однос на претходниот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај. - Намалувањето на девизните резерви во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата, како резултат на остварените високи отплати врз основа на обврски кон...

СДСМ: Со парите за нова зграда за Народна банка, можат да се отворат седум фабрики

„Барокното лудило на власта на Груевски продолжува преку гувернерот Богов со нови повеќе од 35 милиони евра пари на граѓаните! Со повеќе од 35 милиони евра за барокната зграда на НБРМ, можат да се отворат седум фабрики во вредност од 5 милиони евра и да се обезбедат најмалку 7.000 работни места“, се вели во реакцијата на СДСМ по најавите за изградба на нова...

Ќе се гради нова зграда на Народна банка

Народна банка на Република Македонија (НБРМ) ќе добие нова зграда. Новата административна зграда е предвидено да се гради на местото на сегашниот парк до Министерството за надворешни работи. Новиот објект ќе се гради врз основа на идејното решение на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов. Тендерот за избор на компанија што ќе ја гради административната зграда е отворен до 30 март,...

Граѓаните должат повеќе од една милијарда евра на картички и за кредити

Граѓаните должат вкупно 1,11 милијарди евра за потрошувачки кредити и за кредитни картички , покажуваат податоците на Народна банка за декември 2015 година. Во однос на ноември, најголемо зголемување има кај потрошувачките и кај станбените кредити. Народната банка донесе мерки со кои од оваа година банките ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта, како што неодамна истакна гувернерот Димитар Богов, е банките...

Народна банка одбележува седумдецениско работење

Со низа активности, Народна банка ќе одбележи 70 години од постоењето. Одбележувањето на јубилејот ќе се одвива во текот на целата година, под мотото „Запознајте ја централната банка“. - На овој начин Народната банка има цел да ја доближи банката до пошироката јавност и да ја унапреди информираноста на граѓаните за доменот на дејствување на институцијата, нејзината улога и значењето што...

Банките давале повеќе кредити за фирмите, а помалку за граѓаните

Првичните податоци за декември покажуваат силно месечно зголемување на вкупните кредити на приватниот сектор, при што кредитната поддршка во голем дел била насочена кон корпоративниот сектор, а во помал дел и кон секторот население, пишува во најновиот извештај на Народна банка. - Со тоа, кредитите на приватниот сектор го продолжија порастот со солидна годишна стапка, која е повисока од очекуваната...

Девизните резерви се зголемија во последното тримесечје од 2015 година

Девизните резерви во последното тримесечје од претходната година се зголемија, што најмногу се должи на задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар со издавање еврообврзница, пишува во најновиот извештај на Народна банка. - Порастот на резервите е нешто помал од проектираниот, но отстапувањата се мали, а показателите на адекватноста на девизните резерви остануваат во сигурната зона. Воедно, и девизниот пазар...

Заштитни економски мерки кон Грција повеќе не се применуваат

Посебните заштитни мерки кон Грција, кои беа вобедени поради должничката криза, повеќе нема да се применуваат, соопштија од Народна банка. Заштитните мерки, како што се вели во соопштението, ја постигнаа целта заради која беа воведени, односно оневозможија поголеми капитални одливи од Македонија, не нарушувајќи го притоа деловното работење на домашните компании со грчки субјекти. Рамнотежата во билансот на плаќања и стабилноста на...

Банките потешко ќе издаваат потрошувачки кредити

Народната банка ќе преземе мерки со кои од следната година банките ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов пред еден месец, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити. - На денешната седница, Советот ја усвои одлуката за изменување и...

СДСМ: Народна банка ги потврди виртуелните инвестиции на Груевски

„Во реалноста ниту има странски инвестиции ниту има нови работни места. Виртуелните инвестиции и виртуелните зони на Никола Груевски не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре“, пишува во соопштение на СДСМ. „На местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, во Охрид, има депонија! Денеска Народна банка објави дека во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија...

Пад на странските инвестиции за 38 милиони евра во однос на истиот период лани

Во првите девет месеци од годинава, странските директни инвестиции изнесуваат  115,91 милиони евра, објави Народна банка. За разлика од истиот период лани, кога тие изнесувале 154 милиони евра, имаме намалување од близу 38 милиони евра. Во септември е регистриран одлив на странски капитал од 17,6 милиони евра.

НБРМ ги намали проекциите за порастот на економијата

Народната банка ги намали проекциите за пораст на економијата за оваа година на 3,2 проценти, соопшти денеска гувернерот на НБРМ, Димитар Богов. Во април годинава проекцијата за порастот на економијата изнесуваше 4,1 отсто. За наредните две години се очекуваат 3,5 отсто, односно 4 проценти пораст, чијшто двигател ќе бидат инвестициите и извозот. Надолната ревизија на порастот се должи на двата шока што годинава...

СДСМ: Рекордно ниско ниво на странски инвестиции во земјава

Податоците на Народна банка покажуваат катастрофално ниско ниво на странските инвестиции во Македонија, велат од СДСМ во соопштение испратено до јавноста. - Според Народна банка, во јуни и во јули оваа година, странските инвестиции во Македонија биле на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад најмладата држава на Балканот, Косово. Овие поразителни податоци покажуваат дека погрешните политки на Никола...

Народна банка пушти во оптек монети за колекционерски цели

Народната банка издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Александар“, „Ана“, „Димитар“ и „Елена“ од серијата „Ден на Ангел“. Овие ковани пари се изработени од сребро, a цената изнесува 3.500 денари. Монетите за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање.

Странските инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра во првите осум месеци

Странските директни инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра во првите осум месеци од годинава, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Во август 2015 година, влегле 27,36 милиони евра инвестиции, што e за околу 2 милиони евра повеќе во споредба со истиот месец лани. На годишно ниво, се забележува пораст од 8,7 проценти.  

Компаниите од преработувачката индустрија најтешко ги враќаат кредитите

Нефункционалните кредити одобрени на претпријатијата имаат најголемо учество во вкупните нефункционални кредити. Меѓу нефункционалните кредити на претпријатијата, највисоко е учеството на кредитите одобрени на клиенти од преработувачката индустрија, 36 проценти, покажува анализата на Народна банка. - На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити кон клиентите од преработувачката дејност, производство на метали, машини, алати и опрема, учествуваа со 11,2 проценти во вкупните нефункционални кредити кон...

Граѓаните сè потешко ги враќаат потрошувачките и станбените кредити

Кредитите наменети за потрошувачка се најзастапени во нефункционалното кредитно портфолио на банките, покажува најновата анализа на Народна банка. Станбените кредити, пак, исто така предизвикаа пораст на учеството на нефункционални кредити наменети за набавка и за реновирање на станбен простор. - На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити на банкарскиот систем на Македонија се поголеми за 2,5 пати во споредба со крајот...

Побавен пораст на економијата во споредба со очекувањата

По порастот на БДП во второто тримесечје од 2,6 проценти, што е во согласност со априлските проекции, податоците навестуваат продолжување на ова темпо на пораст и во текот на третиот квартал. - И покрај солидната динамика на пораст, ризиците од пролонгирани ефекти од домашните случувања, како и од промените во глобалниот амбиент, создаваат можност за побавен пораст на економијата во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...