недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: награди | 145 резултати

По реакцијата на ЗНМ, Општина Аеродром го повлекува конкурсот за новинари

февруари 19, 2021

Општина Аеродром донесе одлука да го повлече неодамнешниот конкурс на кој се повикуваа активни новинари и медиумски куќи да конкурираат со истражувачки стории на теми поврзани со европски вредности и нивна промоција на локално ниво. Одлуката за повлекување на повикот е донесена по денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, со претседателот на […]

ЗНМ: Општина Аеродром да го повлече конкурсот за награди за новинари и медиуми

февруари 14, 2021

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја повикува општина Аеродром да го повлече јавниот повик за новинарски натпревар, со кој општината на наградените новинари/медиуми ќе додели три награди во вкупна вредност од 180.000 денари. Оваа реакција на здружението е со цел да не се влијае на објективното новинарство и дополнително да поттикне несакани механизми за […]

Пендаровски за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници

декември 23, 2020

Претседателот Стево Пендаровски денеска за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници, во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава. Во своето обраќање тој изрази уверување дека преку оваа иницијатива ќе се придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите, зголемувајќи ја […]

„Епл“ ги откри најпопуларните апликации и игри за 2020 година

декември 2, 2020

„Епл“ (Apple) ги откри најпопуларните и најсимнувани апликации од неговиот виртуелен маркет, App Store, за 2020 година. При претставувањето на најпопуларните игри и апликации, може да се забележи дека се истакнуваат две имиња: видео алатката „Зум“ (Zoom) и друштвената игра „Меѓу нас“ (Among US). И двете се најдоа на листите на најпопуларни бесплатни апликации и […]

Избрани најдобрите банкарски работници во РСМ, Мимоза Каса Јашари: Со волја се постигнува сé!

ноември 1, 2020

Вработените во банките се во категоријата на оние кои што се најмногу изложени на ризикот од корона вирусот, додека се на должност. На Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, на најдобрите работници во банките на РСМ, им беа доделени награди, а Мимоза Каса Јашари е избрана за една од најдобрите. Јашари, во изјава за Порталб.мк […]

Новинарите на ИРЛ, КОД и „360 степени“ добитници на ЕУ наградите за истражувачко новинарство

октомври 22, 2020

Видео-сторијата „Урбани атентатори“ изработена од тим од Истражувачката репортерска лабораторија за „урбаната мафија“ во промената на ДУП-от на Тафталиџе ја доби првата награда на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2019 година. Втората награда ја доби видео-сторијата на Снежана Лупевска, Билјана Николовска и Миомир Серафимовиќ за емисијата „КОД“, а третата награда видео-сторијата за процесот на […]

„Гранит“, „Битолска Млекара“ и „Макстил“ се трите најдобро рангирани компании за базбедност и здравје при работа

октомври 20, 2020

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании, според Националната награда на компанија, со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020 година. Изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа. Добитници на признанијата оваа година се компаниите: ГД Гранит, АД – […]

Еко Логик организира меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

октомври 19, 2020

Здружението на граѓани Еко Логик, во рамки на програмата Вело Училишта, отвора меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, чија цел е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот, како […]

Режисерот Столе Попов ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

септември 20, 2020

Вчера се одбележа 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, на кој режисерот Столе Попов ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија. Додека пак, наградата за „Златна камера 300“ му припадна на оскаровецот Јануш Камински, големиот полско – американски и […]

Разговор со дел од добитниците на наградите на НМСМ: „Младите се двигател на општествените промени и реформи“

септември 12, 2020

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ги објави добитниците на Наградите за младинско учество кои ги доделува во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Наградите беа доделени на млади индивидуалци, неформални групи на млади и младински организации кои дале придонес кон општеството преку активно граѓанско учество. „Мета.мк“ разговараше со дел од победниците во […]

Наградени 32 првенци на генерацијата од скопските средни училишта

август 25, 2020

Триесет и двајца матуранти – првенци на генерацијата 2016 – 2020 и 2017 – 2020 од 23 скопски средни училишта, денеска добија специјални признанија и парични награди, кои им ги додели градоначалникот Петре Шилегов на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли Ан. Тој им посака нивните соништа да ги […]

Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со околу 50.000 евра

февруари 11, 2020

На седмата седница, Владата донесе одлука на екипата на документарниот филм „Медена земја“, да им биде доделена награда во висина од 3 милиони денари (околу 50.000 евра) во знак на признание на меѓународниот успех. „Медена земја“ беше номинирана за Оскар во две категории за најдобар документарен и странски филм. Иако не доби статуетка, сепак филмот […]

Тетово: Зголемен е бројот на читатели, најдобрите за 2019 добија награди (инфографик)

декември 25, 2019

Книги, признанија и ваучери со кои ќе имаат бесплатен пристап до тетовската библиотека во понеделникот им беа доделени на најдобриот 21 читател во Тетово за 2019 година. Добитниците на наградите беа поделени во неколку категории, со цел ниту една посебна возраст и категорија да не остане без награда, пишува „Порталб.мк“. Директорот на тетовската библиотека „Кочо […]

„Challenger“: Апликација на група млади за почист воздух и награди за „зелени километри“

октомври 14, 2019

Група млади креираат прва македонска мобилна апликација наречена „Челенџер“ (Challenger) која ќе ви постави предизвик да пешачите и возите велосипед и да бидете наградени, а со тоа да не користите автомобил и да придонесете за намалување на загадувањето. „Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, ние одлучивме да бидеме дел од […]

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

август 30, 2019

Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство. Новинарите Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска ја добија првата награда за сторијата „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“. Втората награда ја доби новинарката Сашка Цветковска за сторијата „Тајните играчи од САД позади македонските ‘фејк […]

ФООМ ги додели наградите од конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници“

февруари 8, 2019

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) денеска ги врачи наградите на најдобрите средношколци и наставници наградени во конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници за добри наставни пракси“. На церемонијата зборуваа Фани Каранфилова – Пановска, извршна директорка на ФООМ, како и Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука. -Oбразованието е една од клучните области кои […]

Mакедонскиот проект „М“ награден на Филмски фестивал во Солун

ноември 12, 2018

Филмскиот фестивал во Солун синоќа го финализираше неговото 59. издание со доделувањето на наградите на филмовите од натпреварувачката конкуренција кои беа селектирани во малку необичен контекст за етаблирани фестивали. Имено, 15 први или филмови на автори од целиот свет беа дел од посветата на тн. „римско милосрдие“ („caritas romana“), класичниот мотив во уметноста инспириран од […]

Во Драмски театар денеска комеморација за Ванчо Петрушевски

август 27, 2018

Комеморација за актерот Ванчо Петрушевски, кој завчера загина од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи денеска во 10 часот во Драмскиот театар Скопје. Според извештајот од полицијата, Петрушевски станал жртва на струен удар додека качен на метална скала работел со електричен заварувач на пластични цевки во неговата викендичка. „Џинот од македонската актерска […]

Доделени наградите на „Македокс“

август 24, 2018

Со доделувањето на наградите за најдобрите филмови во пет категории синоќа заврши деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Годинава фестивалот имаше рекордна посетеност, траеше најдолго од сите досегашни изданија, односно 8 дена, се прикажаа 71 документарен филм, дојдоа повеќе од 50 гости, се одржаа три работилници и една панел-дискусија. Фестивалските активности се […]

Саемот на книга го посетиле 44.300 посетители

мај 9, 2018

Саемот на книга 2018 завршува денеска, а манифестацијата до вчера ја посетиле 44.300 посетители, информираа организаторите. На 30. јубилејно издание се претставиле 70-на издавачки куќи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија. „Соработката со Министерството за култура, како покровител на манифестацијата, Владата, Град Скопје заедно со ЈСП, со воведувањето на двете вонредни линии специјално за најголемата […]

Страна 4 од 8