Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

-

Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство. Новинарите Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска ја добија првата награда за сторијата „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“.

Втората награда ја доби новинарката Сашка Цветковска за сторијата „Тајните играчи од САД позади македонските ‘фејк њуз’ велешки сајтови“.

Третата новинарска награда им припадна на Кристина Озимец и Васко Маглешов за истражувачката сторија „Пратеничките скандалозни суми за патни трошоци“.

– Професиналното новинарство е од исклучително значење за демократијата, а новинарите се „најстроги набљудувачи“ на политичката елита – изјави амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар за време на доделувањето на новинарските награди.

За овогодинешното доделување на наградите пристигнале 20 апликации од 23 новинари, од кои осум влегле во потесен избор. За изборот од пристигнатите новинарски трудови одлучуваше тричлена комисија од истражувачки новинари од земјава и од странство.

Наградите се дел од тековниот проект финансиран од Европската Унија „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...