fbpx

„Гранит“, „Битолска Млекара“ и „Макстил“ се трите најдобро рангирани компании за базбедност и здравје при работа

-

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании, според Националната награда на компанија, со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020 година. Изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа.

Добитници на признанијата оваа година се компаниите: ГД Гранит, АД – Скопје, Млекара АД – Битола и Макстил, АД – Скопје.

„Законот за безбедост и здравје при работа заедно со Законот за работни односи како два системски закони кои се комплементарни, се закони на кои ќе се работи периодов кој следува, затоа што сакаме да ги изградиме согласно највисоките европски стандарди почитувајќи ги препораките на МОТ и експертизата на стручните лица“, истакна Шахпаска.

Таа додаде дека ова доделување на наградите на компаниите го реализираме во текот на Европската недела за безбедност и здравје при работа (од 19 до 23 октомври оваа година) и со тоа, заедно со сите останати европски земји, земји-членки на ЕУ и кандидати за членство во Унијата, и нашата држава рамноправно се вклучува во одбележувањето на овие значајни датуми кои се целосно посветени на подигнувањето на свеста кај сите субјекти за прашањата поврзани со безбедноста и здравјето при работа.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...