понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: музика | 106 резултати

Странските инвеститори во државата организираа хуманитарен пикник

мај 22, 2017

Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори организираа хуманитарен јавен настан во Градски парк. Специјалитетите од различни земји се продаваа за симболична цена од 100 дена, а собраните парични средства ќе бидат донирани на народната кујна во црквата „Св. Апостол Петар и Павле“ и на хуманитарното здружение „Ел-Хилал“. Странските инвеститори кои доаѓаат од […]

Македонската етно-група „Чалгија саунд систем“ настапи во Солун

февруари 26, 2017

Публиката во Солун имаше нова можност да запознае дел од македонската современа и традиционална култура преку концертот на етно-составот „Чалгија саунд систем“. Македонската група, која ја одржува во живот традицијата на старите чалгиски песни, првпат настапи во Солун на фестивалот за балканска музика „Балкан фест“ (Balkan Fest). Пред преполната концертна сала, групата претстави дел од […]

Почина пејачката Есма Реџепова

декември 11, 2016

Пејачката на ромски песни Есма Реџепова-Теодосиевска почина утринава на 73-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Есма, која уште ја нарекуваат и кралица на ромската музика, во 2013 гoдина ја доби и титулата Национален уметник на Република Македонија. Освен по пеењето, Есма беше позната и по нејзината хуманост, има одржано голем број на хуманитарни акции, а во […]

ЗАМП не попушта, плаќа огласи по весниците, а медиумите – збунети, не знаат кого да слушаат

ноември 3, 2016

Здружението за заштита на авторски музички права ќе го обжали до надлежниот суд решенито на Министерството за култура, со кое се поништува одлуката на ЗАМП за забрана за емитување македонска музика во медиумите. Денеска ЗАМП во речиси сите дневни весници закупи по цела или по половина страница со објава на вчерашното соопштение. Директорот на ЗАМП, […]

„Војна“ на линијата ЗАМП – Министерство за култура: Кривични пријави и силни зборови

ноември 2, 2016

Поради основани сомневања за несовесно вршење на службата и злоупотреба на службената должност, против одговорните лица во Министерството за култура, ЗАМП поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство. Како што информираа од Здружението за заштита на авторските узички права, авторите чии права ги штити ЗАМП, не се изненадени од ова најново незаконско постапување на надлежен државен […]

Во ЗАМП се затечени – допрва ќе решат како ќе му возвратат на Министерството за култура

ноември 1, 2016

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) деновиве ќе донесе одлука како и дали ќе возвратат на решението од Министерството за култура, со кое македонската и српската музика се враќаат пред гледачите на телевизија и слушателите на радио. Претседателот на управниот одбор на ЗАМП, Григор Копров, не сакаше да ја коментира оваа одлука на […]

Македонската музика постапно ќе се врати во етерот

ноември 1, 2016

По месец и пол забрана за емитување, радијата и телевизиите во наредните денови ќе почнат да емитуваат македонска музика откако денеска Министерството за култура донесе решение за запирање на одлуката на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) за забрана за емитување македонска, српска и хрватска музика. Сопственикот на радио „Бубамара“, Ранко Петровиќ, вели […]

Министерство за култура: Забраната на ЗАМП за емитување музика е противзаконска

ноември 1, 2016

Министерство за култура смета дека одлуката на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) за забрана на емитување македонска музика по медиумите е противзаконска и донесе решение за нејзино запирање. – Министерството за култура донесе решение за запирање на извршувањето на одлуката на собранието на ЗАМП, со која се забранува емитување на авторски музички дела по […]

Нема повеќе македонска и српска музика на радијата

октомври 1, 2016

На радиостаниците од денеска нема ниту македонска, ниту српска музика. Забраната за емитување српска музика почна од ноќеска на полноќ, а веќе десет дена е забрането емитување македонска музика. Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни […]

Фестивалот „Охридско лето“ завршува вечерва

август 20, 2016

Годинешното 56. издание на „Охридско лето“ свечено ќе биде затворено вечерва, во предворјето на црквата Св. Софија, со изведба на песни од театарски претстави, создавани во периодот од 2003 до 2013 година. Изборот на песни и претставата насловени „На светов убавина“ се на Горан Трајкоски. Трајкоски реализирал музика за повеќе од 50 театарски претстави како и […]

Манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“ посветена на Дејвид Боуви

јуни 22, 2016

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи утре во Градски парк, со почеток во 21 часот. Годинава манифестацијата која се одржува веќе девет години, e посветена на британската музичка легенда Дејвид Боуви, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од многубројните негови хитови. Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро […]

Годинешниот „Макфест“ со предзнак меѓународен

мај 30, 2016

В четврток, во Штип, почнува 31. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2016“, а годинава тој е со предзнак меѓународен, поради учеството на седум странски интерпретатори. Во трите фестивалски вечери за главните фестивалски награди ќе се натпреваруваат и 23 домашни изведувачи, најави денеска директорот на фестивалот, Љупчо Мирковски. – Ги имаме стандардните награди, а од […]

Принс неочекувано објави нов албум

декември 17, 2015

Американскиот ексцентричен музичар Принс издаде нов албум на интернет без претходно да го најави тоа. Албумот ,,HITnRUN phase two“ беше издаден претходниот викенд на стриминг-сервисот „Тајдал“, на познатиот музичар Џеј Зи. Ова е четврти албум на Принс во рок од нешто повеќе од една година. Овој 57-годишен уметник во текот на својата музичка кариера има […]

Дуке Бојаџиев за 2016 година најави концерт во Скопје

ноември 2, 2015

На 20 февруари во арената „Метрополис“ во Скопје, ќе се одржи концерт на композиторот, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“. На својот најголем концерт во досегашната кариера, Дуке ќе настапи заедно со своите пријатели и соработници: пејачките Каролина Гочева и Тања Царовска, актерот Никола Ристановски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунзли – […]

Интернационален џез викенд во Прилеп

август 25, 2015

На големо задоволство на прилепските љубители на најслободната музичка форма и воопшто на урбаното живеење, последните денови од месец август, 27, 28 и 29 во Прилеп се организира Џез Викенд, манифестација која нуди богата програма со настап на повеќе изведувачи од европските простори. Овај фестивал за прв пат се одржа во 2012 година и уште […]

Во Тетово ќе се одржи манифестацијата „Празник на музиката“

јуни 21, 2015

„Да ја прославиме музиката заедно – музиката ги спојува луѓето“ е мотото на годинешното шесто издание на фестивалот „Празник на музиката“, кој вечерва ќе почне во Тетово. Манифестацијата е во организација на Француската алијанса и Центарот за балканска соработка „Лоја“. – Целта на оваа манифестација, која во Франција почнала пред 36 години, е да им […]

„Флоренс енд д машин“, главни ѕвезди на „Гластонбери“

јуни 17, 2015

„Флоренс енд д машин“ ќе бидат главните ѕвезди на сцената „Пирамида“ на годинешото издание на британскиот музички фестивал „Гластонбери“, откако „Фу фајтерс“ се повлекоа од настапот на 26 јуни, јавува „Би-Би-Си“. Инаку, Флоренс Велч и нејзината група, како што било предвидено, требало да настапува пред „Фу фајтерс“. Таа последен пат имала настап на „Сомерсет“ во 2010 […]

Дино Мерлин, главна ѕвезда на годинешниот „Пивофест“ во Прилеп

јуни 16, 2015

Дино Мерлин го потврди настапот на претстојниот фестивал на пивото и на скарата „Пивофест“ во Прилеп, кој ќе се одржува од 16 до 19 јули. Предвидено е Мерлин да биде последната ѕвезда на годинешниот фестивал на пивото, односно со неговиот настап да се затвори „Пивофест“. Неофицијално, веќе се во финална фаза преговорите за учество во […]

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи на 18 јуни

јуни 10, 2015

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“, годинава осми пат ќе се одржи на 18 јуни (четврток), повторно во Градскиот парк во 21 часот. Овојпат, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“, кој во една вечер ќе донесе хитови од најпознатите филмувани мјузикли. […]

Регионални натпревари на ученици од државните средни музички училишта

април 3, 2015

Во Државното средно музичко училиште „Тодор Скалоски Тетоец“ во Тетово се натпреваруваат 220 ученици како дел од регионалните натпревари на млади музичари, кои се одвиваат на ниво на цела Македонија. Младите таленти се натпреваруваат во теоретски предмети, ансамбли, хорови и во свирење на разни инструменти. – Ова се шести по ред регионални натпревари. Освен во Тетово, […]

Страна 5 од 6