fbpx

Обезбедени средства за поддршка на домашната музичка продукција во 2015 година

-

Во буџетот за 2015 година, обезбедени се 31.488.000 денари за сите категории од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, кој беше донесен во 2013 година и во согласност со конкурсите што ги објавува Македонската радио-телевзија во април, јуни, септември и во декември.

– Оваа година беше прва во која се спроведоа конкурсите во согласност со законот и во однос на првиот, вториот и на третиот конкурс, беа избрани 106 композиции во сите категории кои се наведени во него. Во моментов се спроведува последниот конкурс, во декември, и со него ќе се затворат сите огласи од годинава. За следната година се обезбедени средства – рече министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на отворената владина седница.

Премиерот Никола Груевски забележа дека на првите конкурси за поддршка на забавна и на народна музика средствата не биле доволно искористени. Во три конкурси се избрани 106 песни, а за цела година (во вкупно четири конкурси), според законот, може да се изберат 200 песни.

– Имаше можности за повеќе, меѓутоа според оценката на стручните комисии, квалитетот на доставените народни и забавни песни беше слаб – рече Груевски.

Канческа-Милевска потврди дека пресуден за изборот е квалитетот, за што одлучуваат стотина стручни лица избрани по лотариски принцип непосредно пред изборот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...