fbpx
Таг: МТСП

таг: МТСП

Ѓорчев: Со стратегијата за бегалци Македонија ќе стане земја за траен престој на мигранти

Со новата стратегија на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, Република Македонија не е веќе транзитна земја, туку станува земја за траен престој на голем број мигранти, бегалци и странци од голем број земји, рече на партиска прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека стратегијата не е привремена и дека во неа има одредби...

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако уште пред 18 дена, кога...

На ден пред истекот на рокот, никој не реагирал на стратегија за бегалците и за мигрантите

Министерството за труд и социјална политика до денеска, еден ден пред истекувањето на крајниот рок, сè уште нема добиено ниту еден официјален предлог или реакција за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година, потврдија за „Мета“ од Министерството. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика премиерот Зоран...

МТСП: Работодавците да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска ги повика работодавците да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките за заштита на работниците во деновите со неповолни временски услови за работа, односно од топлотниот бран кој ја зафати земјава. На работодавците, како што стои во соопштението од МТСП, им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на...

Лицата со телесен ивалидитет добија пристап до МТСП

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информираше дека лицата со телесен ивалидитет добиле непречен пристап до министерството. „Во текот на вчерашниот ден, во Министерството се одржа и средба со граѓански здруженија и организации на лицата со попреченост, при што лице со попреченост можеше само, без помош од други лица, да влезе во просториите на МТСП“, се вели во соопштението на...

МТСП: Ниту се гради ниту, пак, ќе се гради бегалски камп во Демир Капија

На територијата на општина Демир Капија ниту се гради ниту, пак, ќе се гради бегалски камп или нешто слично, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика, кое како дезинформации ги отфрли шпекулациите за наводна изградба на бегалски камп. „Министерството за труд и социјална политика најодговорно потврдува дека се врши реконструкција на Специјалниот завод- Демир Капија, која се однесува...

МТСП: 8 декември е неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 8 декември (четврток), кога се празнува денот на свети Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните кои го чествуваат и го слават патронот св. Климент Охридски.

Диме Спасов како дух во министерството: Едни го гледаат, други – не

Вработени во Министерството за труд и социјална политика тврдат дека Диме Спасов не доаѓа на своето работно место, а не го виделе ниту неговиот автомобил од денот кога тој направи неколку сообраќајни прекршоци (28 октомври 2016 г.). Но, Марјан Гиевски, портпарол на Спасов, пак, тврди дека тоа не е вистина. На прашањето на „Мета“ дали дополнителниот министер за труд и социјална...

Жерновски: 100 деца од градинката „Кочо Рацин” на улица ако МТСП не ги продолжи договорите

„Денеска упатив уште еден апел до Министерството за труд и социјална политика да ги продолжи договорите за 11 вработени за да не се случи близу 100 деца од новата градинка „Кочо Рацин“ да не можат да бидат згрижени“, напиша градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на својот профил на „Фејсбук“. Тој додава дека на 11 вработени во новата градинка на...

Семејството од Хиподром не било предмет на стручните социјални служби

Семејството од Хиподром, од кое мајката утринава го фрли шестгодишниот син од четврти кат, а потоа и таа скокна, не било предмет на стручните социјални служби, информираат од Министерството за труд и социјална политика. „Во врска со немилиот настан што се случи денеска во населбата Хиподром и кој ја потресе јавноста, Министерство за труд и социјална политика, по спроведената активност...

Хонорарците порачаа: Ќе се видиме пак на петок 13-ти!

Стотина хонорарни работници се собраа денеска пред Министерството за труд и социјална политика да поднесат барања за пристап до информации од јавен карактер и прашања за нелогичностите од новите законски измени, со кои се предвидува плаќање придонеси за хонорарните работници. - На оваа акција го најавуваме и протестот што ќе се одржи на петок тринаесетти бидејќи многу црно им се пишува...

Хонорарците ќе протестираат утре во 11 часот

Утре, со почеток во 11 часот, пред Министерството за труд и социјална политика ќе се одржи протестот на хонорарците. Според организаторите на настанот, планот е секој хонорарец да поднесе барање за информација од јавен карактер до Министерството, a потоа да им се придружи на останатите пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа. Урнекот на барањето за информации...

Министерството за транспорт продава земјиште на Кале за 100 евра од квадратен метар

На скопското Кале е огласено за продажба земјиште со почетна цена од 100 евра за еден квадратен метар, за изградба на објект во барокен или во неокласицистички стил, изјави градоначалнникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. - Владата го продава она што не е во нејзина приватна сопственост - рече Жерновски. Жерновски кажа и дека веќе цела година поминала откако...

И функционерите ќе плаќаат придонеси за дополнителен приход

Јавноста навикна Социјалдемократскиот сојуз да се испречува на секоја позитивна мерка, без разлика колку е корисна за граѓаните, особено за работниците, а со извртување на тезите, сака да ги манипулира работниците, се вели во реакцијата од Министерството за труд и социјална политика за ставовите изнесени на прес-конференцијaта на СДСМ околу законот за хонорарците. „Со стапување на сила на законските измени кои...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...