Семејството од Хиподром не било предмет на стручните социјални служби

Семејството од Хиподром, од кое мајката утринава го фрли шестгодишниот син од четврти кат, а потоа и таа скокна, не било предмет на стручните социјални служби, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Во врска со немилиот настан што се случи денеска во населбата Хиподром и кој ја потресе јавноста, Министерство за труд и социјална политика, по спроведената активност за проверка, ја информира јавноста дека семејството не било предмет на стручните служби на Центарот за социјална работа-Скопје и на подрачните единици на центарот“, се вели во соопштението од МТСП.

Шестодишното дете, кое доби повреда на черепот, е во стабилна здравствена состојба, а мајката која скокна откако го фрли детето, е приклучена на респираторна машина.