fbpx
Таг: мост

таг: мост

Струга за Нова година доби нов мост на Црн Дрим

Вчера попладне, непосредно пред дочекот на Нова година, реката Црн Дрим во центарот на Струга доби нов дрвен мост. Мостот беше свечено пуштен во употреба со пресекување на лентата од страна на поранешниот градоначалник на Струга, сега пратеник, Зијадин Села, неговиот заменик Мустафа Зебзун и бизнисменот и донатор, Менди Ќура. Проектот го изработи проектантска куќа од Австрија во која работат Македонци, а...

Изборен молк пред прегласувањето во Теарце, „Мост“ и „Цивил“ ќе го набљудуваат процесот

Ноќеска на полноќ почна изборниот молк во пресрет на утрешното повторувањето на гласањето во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените парламентарни избори. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги извести радиодифузерите дека врз основа на решението од ДИК за повторување на гласањето на гласачкото место 2011, во општина Теарце, заклучно со 19 часот на 25 декември важат...

„Мост“: Изборите поминаа со низа нерегуларности и притисоци врз гласачите

Граѓанската асоцијација „Мост“ оценува дека изборниот ден поминал со висока излезност на граѓаните, имало нерегуларности во постапката на гласање и постоеле сериозни индиции за поткуп и за притисоци врз гласачите на одредени гласачки места. Набљудувачите на гласачките места забележале агитирање на гласачи, зголемен број на случаи на фотографирање на гласачките ливчиња зад параваните, што според нив, укажува на индиции за...

Игри со бројки и со мандати: 51:51, 51:49 или 51:50?

Иако Државната изборна комисија го соопшти резултатот според бројот на освоени гласови (ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласови, односно 38,06 отсто, а СДСМ има 436.469 гласови или 36,69 отсто) никој, па дури ни партиите не се осмелува да направи проекција што прецизно тоа значи во број на мандати, односно освоени пратенички места. Прашањето што ги мачи сите е дали разликата во гласовите, 1,37 отсто или 16.240...

„Мост“: Резултатот е претесен, не можеме да го предвидиме бројот на мандатите

Поради маргината на грешка што програмата ПВТ (паралелно пребројување на гласовите) ја продуцира, од граѓанската асоцијација „Мост“ соопштија дека не се во можност да ја проектираат распределбата на мандати по изборни единици. „Ја повикуваме јавноста на трпение сè додека ДИК не ги објави првичните резултати од изборите. Внимателно ќе ја следиме работата на ДИК во наредниот период и ќе ја известуваме...

Серија нарушувања на тајноста и поткуп на гласачи, забележале набљудувачите на „Мост“

Набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“ во текот на денешното гласање забележале гласање на гласачи кои не биле запишани во избирачкиот список, некои избирачки одбори не ги проверувале гласачите дали имаат траги од мастило како доказ дека гласале претходно, на некои избирачки места била нарушена тајноста на гласањето, а имало и обиди за семејно гласање. Набљудувачите на „Мост“, исто така, забележале...

„Мост“: Се зголемува бројот на нерегуларности и прекршувања на изборниот процес

Граѓанската асоцијација „Мост“ соопшти дека досега во текот на избирачкиот ден се забележани повеќе нерегулгарности во изборниот процес. Од „Мост“ соопштуваат дека на гласачкото место 0473, општина Маврово и Ростуше, член на избирачкиот одбор ги евидентира гласачите кои гласаат во посебен список и истиот го предал на неовластено лице. На гласачкото место 0558, општина Центар Жупа, неовластено лице влегло во...

Агитација и неовластена евиденција на гласачи, забележале од „Мост“

Агитирање на гласачи, обид за фотографирање на гласачки ливчиња, неовласетни лица кои ги евидентираат гласачите, забележале набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“ на гласачките места. - На гласачко место 1.778, општина Ново Село, едно лице агитирало пред гласачкото место. Дошла полиција за да го приведе, но лицето побегнало. Пред ОУ „Димитар Влахов“ во Штип присутни се неовластени лица кои ги евидентираат...

„Мост“: Навреме се отворени гласачките места, забележано е фотографирање ливчиња

Граѓанската асоцијација „Мост“ информира дека навреме се отворени сите гласачки места на кои имаат распоредено свои набљудувачи, освен две места во Куманово и во Велес. - Гласачкото место 1.036 во општина Куманово е отворено со 15-минутно задоцнување. Гласачкото место 2.210 во општина Велес е отворено со 30-минутно задоцнување поради тоа што немало електрична енергија - се додава во соопштението на...

„Мост“: Гласајте по своја волја и пријавете нерегуларности

Граѓанската асоцијација „Мост“ ќе ги следи изборите утре со повеќе од 3.000 набљудувачи, со што ќе покријат 55 проценти од вкупниот број на избирачки места. - Статичните набљудувачи (2.664) ќе го следат гласањето, процесот на затворање и на броење на гласовите и на финализирање на административните работи од страна на избирачките одбори. Логистика на статичните набљудувачи ќе им бидат 120...

Граѓанската асоцијација „Мост“ информираше за прес-конференциите за денот на изборите

Граѓанската асоцијација „Мост“ информираше дека на денот на изборите (11 декември) потврдените информации од набљудувањето ќе ги соопшти на четири прес-конференции, во 9, 11, 14 и во 19 часот, во прес-центарот кој ќе биде сместен во хотелот „Александар палас“. На прес-конференција што асоцијацијата ќе је одржи утре, со почеток во 11 часот, ќе биде најавен почетокот на набљудувањето и неговиот тек.

„Мост“ промовира нова алатка за пријавување нерегуларности за изборите

Граѓанската асоцијација „Мост“ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи на граѓаните поедноставно да пријават нерегуларности за време на изборниот процес. - Од денес е активна платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ преку која секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со избирачкиот список, говор на омраза и други прекршоци поврзани со изборниот процес - се вели во соопштението на...

„Мост“: Се прават притисоци за гласање и за присуство на администрација на митинзи

За периодот од 15 октомври до 20 ноември, граѓанската асоцијација „Мост“, која го набљудува предизборниот период, забележала непочитување на одвојувањето на државата и на партијата, притисоци врз јавниот сектор, притисоци за гласање и злоупотреба на јавни ресурси. - Во овој период забележавме присуство на функционери и вработени во јавниот сектор на партиски настани. Вакви се 43 случаи во 26 општини....

Дождот го отсече делчевско Разловци од светот

Наjголемото делчевското село Разловци остана без единствениот премин што води кон градот и околните места. Интензивните дождови изминатата ноќ го однесоа привремениот премин по кој поминуваа жителите. Во водите останаа заглавени два автомобила, а во калта остана и еден трактор. Претпладнето се влечеа возилата од реката. Мостот кон Разловци не се употребува од февруари годинава, кога го однесе надојдената река Брегалница....

Партиите ја злоупотребуваат државата и политички дискриминираат

Нема јасно разграничување помеѓу партиите и државата, се злоупотребува државниот систем и постои политичка дискриминација, а со тоа се прекршуваат низа закони, е заклучокот од конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“, организирана од граѓанската асоцијација „Мост“. Уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска вели дека во Македонија постои политичка дискриминација и дека луѓето се дискриминираат бидејќи припаѓаат или не припаѓаат на одредена...

Промовирана платформата за истражувачки новинари „Гетдата“

„Гетдата“ (Getdata.mk) е новата алатка за истражувачки новинари, студенти по новинарство и за невладини организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и со владеењето на правото, која денеска беше промовирана во ЕУ Инфоцентар. Проектот е финансиран од Европската Унија, а изработен е од граѓанската асоцијација „Мост“ и од интернет-порталот „Нова“. Оваа платформа ги систематизира поважните јавно достапни бази на податоци, како...

„Мост“ ќе ги следи изборите со 3.300 набљудувачи

Граѓанската организација „Мост“, денеска на прес-конференција најави дека почнува со набљудување на изборите и на изборната кампања. Дарко Алексов, претседател на „Мост“, рече дека изборите и кампањата ќе ја следат 3.300 набљудувачи на територијата на Македонија. Како што кажа тој, ќе се следи текот на изборната кампања, работата на изборните органи, процесот на гласање и приговорите што ќе пристигнуваат. - Сакам...

Отворен третиот мост над Босфор, Јавуз Султан Селим

Во Истанбул денеска свечено беше отворен третиот мост преку Босфор, Јавуз Султан Селим, наречен според отоманскиот султан од 16 век. Мостот е долг 1,4 километри, широк 59 метри и има осум сообраќајни ленти и железничка пруга. Преку овој мост, кој ги поврзува Европа и Азија, се очекува да поминуваат 135.000 возила дневно, со што ќе се намали сообраќајниот метеж во Истанбул. На свеченото...

Иванов – Ердоган: Борбата против тероризмот и мигрантската криза во фокусот на средбата

Претседателот Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Турција, денеска во Истанбул се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели биле билатералните односи и соработката, со акцент на прашања од сферата на безбедноста, мигрантската криза и на економските односи. На средбата претседателот Иванов изразил сочувство и жалење за серијата терористички напади во земјата,...

Автобуси паднаа во надојдена река во Индија

Најмалку 22 лица исчезнаа кога мост на автопатот меѓу Мумбаи и Гоа се урна во надојдената река. Властите велат дека два автобуси полни со патници паднале во реката која надошла поради монсунските дождови. На местото на несреќата има 80 спасувачи, но засега не се пронајдени возилата, ниту евентуално преживеаните патници, соопштија полицијата. - Автобусите не ги воочивме на подрачје од еден...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...