fbpx

Отворен третиот мост над Босфор, Јавуз Султан Селим

-

Во Истанбул денеска свечено беше отворен третиот мост преку Босфор, Јавуз Султан Селим, наречен според отоманскиот султан од 16 век. Мостот е долг 1,4 километри, широк 59 метри и има осум сообраќајни ленти и железничка пруга.

Преку овој мост, кој ги поврзува Европа и Азија, се очекува да поминуваат 135.000 возила дневно, со што ќе се намали сообраќајниот метеж во Истанбул.

На свеченото отворање на мостот присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов, кој беше поканет од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...