fbpx
Таг: мерки за заштита

таг: мерки за заштита

Министерство за здравство: Од четврток до недела портокалова фаза во цела држава

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена – од четврток до недела, територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, велат од Министерството за здравство. Од таму информираат дека почнувајќи од утре, сите региони...

За два дена 74 нови случаи на ковид-19 во Прилеп

За само два дена во Прилеп се евидентирани 74 случаи на лица инфицирани со корона вирус. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска едно лице на 73 годишна возраст ја изгуби битката со болеста. Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска категорично порача, граѓаните, институциите и правните субјекти, доследно и без исклучок да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството...

За една недела направени 2.183 инспекциски надзори и поднесени се 2 кривични пријави за организирање свадби

Во периодот од 12 до 18 октомври шесте инспекциски служби направиле 2.183 контроли, соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска. Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во посочениот период извршија 1.180 контроли од кои 538 се инспекциски надзори спроведени согласно материјалните закони според кои постапува овој инспекторат, а дополнително извршени се 642 по основ на здравствен протокол. При направените надзори...

Театар во време на корона: Драмски може да прими најмногу 62 постители на претстава, а МНТ до 120

Неодамна повторно се отворија театрите кои поради пандемијата, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, во март мораат да стават клуч на вратите. Овој пат, со нови услови за работа актерите се вратија на сцената. Со новите препораки, културни настани на затворено може да се организираат со 30 отсто од капацитетот на местото каде што се одржува...

Филипче објави фотографија од партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ каде не се почитуваат заштитните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија со членовите на ВМРО-ДПМНЕ на која дваесетина луѓе не носат заштитни маски, ниту одржуваат дистанца. „Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за корона вирусот“, напиша министерот. https://twitter.com/VFilipche/status/1317191147731750912 Здравствените власти најавија дека од следната недела ќе се воведат нови мерки за заштита, откако Комисијата за заразни болести препорача задолжително носење...

Во последните 24 часа изречени 541 казна за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 541 прекршок, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Мета.мк претходно извести дека само за 15 дена во октомври се изречени казни...

Шахпаска: Нема по секоја цена да ги чуваме градинките отворени

Во моментот 44 деца од градинките во државата се во изолација, откако се утврдило дека биле во контакт со заболени со ковид-19. Меѓутоа, како што оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заболените деца заразата не ја добиле во градинките, заболените вработени во голем дел се вратени на работа, а состојбата е под контрола. „Не по секоја цена...

Поради моменталната ситуација со ковид-19, Таксират фестивал ги одложи концертите на „Лајбах“ и Страјк

Концертот на музичката група Лајбах и концертот на македонскиот рапер Страјк кои требаше да се одржат на 29 односно 23 октомври, се одложени, информираат од Таксират фестивал, во чиј склоп требаше да се одржат истите. „Поради моменталната здравствена ситуација и сè построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на Таксират Фестивал – концертот на...

Само за 15 дена во октомври се изречени казни за неносење маска колку за цел јули (инфографик)

Расте бројот на новозаразени со ковид-19, а паралелно со тоа и бројот на казни што ги изрекува Министерството за внатрешни работи за неносење заштитна маска на лице како превенција од вирусот. Владата на седница ги разгледа новите рестритктивни мерки со цел справување со ситуацијата, меѓу кои и мерката за носење заштитна маска на отворено, која се очекува наскоро да...

Изминатиов викенд инспекторите изрекле 27 кривични и 8 прекршочни пријави за угостители

Во изминатите три дена од продолжениот викенд, од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршени се вкупно 1.366 контроли и 104 надзори во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, здравствените протоколи, Законот за угостителска дејност, Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачи, информираат од...

Младите согласни дека недостасува енергијата на дружбите во живо преку Еразмус+ размените

Пандемијата ги затвори границите, а со тоа се одложија и патувањата на младите коишто со Еразмус+ размените имаа можност да патуваат во странство. Младинските организации беа принудени работата да ја извршуваат од дома, а голем дел од активностите, особено интернационалните ги одложија на неодреден временски период. Иако работните задачи добија нов облик, младите се согласни дека недостига блискоста на...

Учениците ќе може да останат на продолжен престој во училиште, но без да се мешаат паралелките

Одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, односно учениците од иста паралелка и од исто одделение ќе може да останат на продолжен престој во училиштето, без притоа да се мешаат паралелките и одделенијата. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница. Оттаму информираат дека усвоен е и извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство...

Од понеделник банките ќе почнат со исплата на септемвриските пензии

Oд понеделник 28 септември, почнува етапната и предвремена исплата на септемвриските пензии, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на...

Културните настани на затворено ќе се одржуваат со 30 отсто од капацитетот на салите

Кината, театрите и другите установи каде што се одржуваат културни манифестации повторно ќе се отворат и за нив ќе важат протоколите за организација на настани кои ги усвои Владата. Според препораките, настаните на отворено ќе се организираат со 50 проценти од капацитетот на местото каде што се одржуваат и ограничен број до максимум 1.000 посетители. Додека пак, настаните на...

Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворен простор кај СЦ „Борис Трајковски“

Саемот на книга 2020 ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти, информираат организаторите. „Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца. Согласно Протоколите за спречување...

ССНМ: Државните институции да овозможат услови за безбедно известување во време на пандемија

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници реагираше по поплаките на нивните членови откако тие информираа за начинот на кој била организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбер Адеми која се одржа во зградата во која што е сместено министерството. „Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор каде присуствуваа повеќе од 20-тина...

Викендов бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ

Младинскиот културен центар во Скопје на 10 и 11 јули ќе организира бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ. Проекциите почнуваат од 21 часот, а бројот на места е ограничен во согласност со мерките за заштита од ковид-19. „Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, Ве молиме грижете се за себе и другите. Придржувајте се до мерките и...

Филипче уверува дека гласањето на денот на изборите ќе биде безбедно

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-порака потсети дека Министерството за здравство во соработка со другите институции изготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласањето на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули. „Сакам од мое лично име и од името на Комисијата за заразни болести, да ве уверам дека на денот на...

Мицкоски не дојде на распит во „Беко“, советникот на Чулев, Љупчо Андоновски презема одговорност за „Боемска“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше повикан на распит во полициската станица „Центар“, но тој не се појавил на разговорот. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. За разлика од Мицкоски, поранешниот директор на УБК и актуелен советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски се појави во „Беко“ и на распитот изјавил дека тој побарал од...

Со посебни протоколи за заштита во Охрид од денеска започнаа уписите на првачињата

Од денеска па сè до 30-ти јуни во Охрид ќе се запишуваат околу 600 ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година. Според посебниот протокол за заштита од Ковид-19, уписите се спроведуваат во термин утврден од Комисија за запишување ученици, формирана од директорот на училиштето. Поголемите основни училишта во текот на овој месец ќе бидат зафатени со уписот на првачињата...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...