fbpx

Од понеделник банките ќе почнат со исплата на септемвриските пензии

-

Oд понеделник 28 септември, почнува етапната и предвремена исплата на септемвриските пензии, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • Во понеделник, на 28.09.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во вторник, на 29.09.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во среда, на 30.09.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во четврток , на 1.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник, 28 септември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Од МТСП апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентите во октомври треба да ги продолжат стипендиите

Корисниците на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од понеделник можат да ги достават...