fbpx

Со посебни протоколи за заштита во Охрид од денеска започнаа уписите на првачињата

-

Од денеска па сè до 30-ти јуни во Охрид ќе се запишуваат околу 600 ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година. Според посебниот протокол за заштита од Ковид-19, уписите се спроведуваат во термин утврден од Комисија за запишување ученици, формирана од директорот на училиштето.

Поголемите основни училишта во текот на овој месец ќе бидат зафатени со уписот на првачињата за претстојната учебна година. Овој месец во едно од најголемите охридски училишта – ОУ „Григор Прличев“ треба да се запишат 157 ученици. Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се спроведуваат во јуни и родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат децата во основните училишта, а училиштата до 15-ти јули треба да ги објават резултатите.

– Како потребни документи за упис се извод од матична книга на родени на ученикот, потврди од извршен стоматолошки преглед и вакцинации, пријавата која што ја пополнуваат во самото училиште и пожелно е родителот да носи копија од лична карта со себе. Потоа комисијата за упис на првачиња ги прегледува документите и доколку се во ред им закажува термин за набљудување на родителот и на првачето – објаснува Ивана Маховска Шикалеска, директорка на ОУ „Григор Прличев“.

Според протоколот, наложен од Владата, покрај тоа што уписот се спроведува во точно утврден термин, се запазуваат и сите други мерки за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на корона вирусот. Треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете. Во паузите се забранува групирање на присутните во училиштето, а личната заштита е задолжителна.

– За жал морам да кажам дека овој пат поради пандемијата од Ковид-19 протоколот е многу дециден. За опсервација на првачињата ги презедовме сите мерки, според протоколот и за здравствена заштита – вели Ивана Маховска Шикалеска, директорка на ОУ „Григор Прличев“.

Маховска Шикалеска потенцира дека во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели. Најмалку два метра оддалеченост треба да има меѓу присутните, возрасните лица да носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата треба да се дезинфицира. На влезот од училиштата задолжително треба да има средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...