понеделник, 15 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: летови | 71 резултати

„Бритиш ервејс“ ги обнови летовите за Техеран

2 септември 2016

Авион на „Бритиш ервејс“ утринава слета на аеродромот „Имам Хомејни“ во Техеран, со што е прекината суспензијата на авионските линии од Лондон, која траеше цели четири години. Британскиот авиопревозник ќе лета меѓу Лондон и Техеран шестпати неделно, што значи дека двојно ги зголемил летовите во однос на периодот пред октомври 2012 година, кога линијата беше […]

Откажани летови во Индонезија поради ерупција на три вулкани

3 август 2016

Ерупција на три вулкани во Индонезија го замати небото над архипелагот, поради што одложени се некои авионски летови. Во изминатите неколку дена еруптираа вулканот Рињани на островот Ламбок, бо близина на Бали, вулканот на планината Синабунг и вулканот Гамалама. Нема повредени во ерупциите, но летовите на некои аеродроми се одложени. Меѓународниот аеродром во Ламбоку и […]

„Рајанер“ го намалува бројот на летови од Лондон поради Брексит

25 јули 2016

Најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денеска најави дека ќе го намали бројот на летови од лондонскиот аеродром „Станстед“ и дека ќе се фокусира на пораст на прометот на аеродромите надвор од Британија, по изненадувачката одлука на Велика Британија да ја напушти Европската Унија. Измената на деловната стратегија ја најави генералниот директор Мајкл Олери, во рамките на […]

Летовите од аеродромите во Истанбул и во Анкара се откажани

16 јули 2016

Сите летови од аеродромите во Истанбул и во Анкара се откажани, а според информациите на медиумите, војската ги зазела контролните кули. Во Турција вечерва дел од војската се обидува да изврши државен удар, за, како што велат, да го заштитат демократскиот поредок на државата и да ги сочуваат човековите права. "@BBCWorld: Tanks on the streets of […]

Отворен аеродромот во Брисел – 12 дена по терористичките напади

3 април 2016

Дванаесет дена по терористичките напади во Брисел повторно е отворен аеродром „Завентем“ во Брисел, од кој денеска е планирано да полетаат три патнички авиони, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „ХРТ“, патниците се повикуваат да дојдат три часа пред полетувањето поради строгите безбедносни мерки. Патниците мора да дојдат со автомобили бидејќи сè уште не е […]

„Виз ер“ ќе лета двапати неделно до Берлин, Копенхаген и Братислава

29 март 2016

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ воведува летови кон Берлин, Братислава и Копенхаген двапати неделно од аеродромот „Александар Велики“. Кон Берлин ќе сообраќа во вторник и во сабота, а цената на билетот ќе изнесува од 1.199 денари, кон Братислава во понеделник и во петок, а кон Копенхаген во среда и во недела, дестинации до кои билетот ќе […]

Откажани 150 летови на „Гетвик“ и на „Хитроу“ поради бурата „Кети“

28 март 2016

Повеќе од 150 летови од лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ денеска се откажани поради силните ветрови со брзина до 100 километри на час предизвикани од бурата „Кети“, која ја погоди Англија. – Поради силните ветрови, предизвикани од бурата „Кети“, летовите доцнат, а некои се откажани – соопштија службите на аеродромот „Хитроу“. Досега на тој аеродром […]

Поради магла, откажани неколку летови на аеродромот „Александар Велики“

6 јануари 2016

Намалената видливост од маглата го отежнува одвивањето на патниот и на авиосообраќајот во дел од земјава. На аеродромот „Александар Велики“ утринските летови од Белград и од Истанбул до Скопје се откажани, а откажани се и летовите од Скопје. Од АМСМ предупредуваат на намалена видливост од 30 до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова […]

Поради магла, откажани и пренасочени летови од скопскиот аеродром

22 декември 2015

Сите летови од скопскиот аеродром „Александар Велики“ изминатата ноќ се пренасочени или откажани поради магла. Седум лета биле пренасочени или на аеродромот во Охрид или, пак, на приштинскиот аеродром. Од „Александар Велики“ не полетал ниту авионот за Истанбул.

Поради маглата, откажани и пренасочени дел од летовите од скопскиот аеродром

8 декември 2015

На скопскиот аеродром „Александар Велики“, поради големата магла, откажани се неколку летови, а дел се пренасочени на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Поради густа магла, од синоќа два лета во пристигнување, кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а истовремено четири лета во заминување беа дивертирани кон охридскиот […]

Поради ерупција на вулканот Етна, затворен е аеродромот во Катанија

5 декември 2015

Поради ерупција на вулканот Етна на островот Сицилија, денеска е затворен аеродромот во Катанија, јавува италијанската новинска агенција АНСА. Ерупцијата на Етна, придружена со исфрлање лава, почна на 3 декември. Специјалистите од италијанскиот институт за геофизика и за вулканологија го опишаа како најмоќнниот од 1999 година. Аеродромот во Катанија работеше во нормален режим, но синоќа […]

„Виз ер“ ќе лета и до Братислава, Копенхаген и до Берлин

2 декември 2015

Братислава, Копенхаген и Берлин се новите дестинации до кои нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ ќе лета од Скопје. Новите летови ќе се воспостават во март следната година. „Виз ер“ сега нуди 24 рути кон 11 земји од двата македонски аеродроми, во Скопје и во Охрид.

Чикаго: Откажани 500 лета поради снежното невреме

22 ноември 2015

Силно снежно невреме го погоди Чикаго и нанесе околу 40 сантиметри снег. Откажани се повеќе од 500 летови. Меѓународниот аеродром „Охара“ е принуден да откаже 350 летови, додека аеродромот „Мидвеј“ откажа околу 175. Властите предупредуваат дека патиштата се лизгави, а снегот предизвикал застој на улиците во градот.

Штрајк во „Луфтханза“, откажани 929 летови

9 ноември 2015

Штрајкот на екипажот на германската авиокомпанија „Луфтханза“, кој почна во петокот како борба за подобри плати и услови за работа, до 23 часот ќе влијае на 113.000 патници и ќе бидат откажани 929 летови, Штрајкот се одвива на трите најголеми аеродроми, во Франкфурт, Дизелдорф и во Минхен. Во петокот, кога почна штрајкот, откажани беа 290 […]

Стотина летови откажани поради магла на „Хитроу“

2 ноември 2015

„Бритиш ервејс“ откажа повеќе од сто лета поради густата магла што го зафати југоистокот на Англија. Бројни летови од лондонскиот аеродром „Хитроу“ се откажани, а патниците се повикуваат да ги проверуваат информациите на интернет-страницата на аеродромот за да не дојде до конфузија и до непотребно создавање метеж. Покрај „Бритиш ервејс“, и други компании биле принудени да ги […]

И „Емирејтс“ прекинува со летови над Синајскиот Полуостров

1 ноември 2015

По одлуката на авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“, и светската авиокомпанија „Емирејтс“ од Дубаи одлучи да ги прекине летовите над Синајскиот Полуостров поради несреќата на рускиот авион во која загинаа 224 лица. – „Емирејтс“ ќе избегнува летови над Синајскиот Полуостров сè додека не добие дополнителни информации. Го следиме развојот на состојбата – изјави претставник на […]

Авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“ нема да летаат над Синајскиот Полуостров

31 октомври 2015

Двете најголеми европски авиокомпании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“, одлучија да не летаат над Синајски Полуостров сè додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион. Одлуката, како што наведуваат од две авиокомпании, е поради безбедносни причини. „Луфтханза“ има околу 10 летови кои поминуваат над Синајскиот Полуостров.  

Ќе се укинат летовите меѓу Украина и Русија

24 октомври 2015

Директните летови меѓу Украина и Русија ќе бидат прекинати од полноќ, бидејќи стапуваат на сила санкциите што ги воведе украинската влада кон Русија. Властите во Москва најавија реципрочни мерки. На овој начин, ќе бидат засегнати 70.000 патници. Санкциите се воведени за да се казни Русија за анексијата на Крим, како и поради поддршката што им ја дава на вооружените […]

Откажани летовите во Чиле и во Аргентина поради вулканот Калбуко

24 април 2015

Облак чад од вулканот Калбуко на југот на Чиле се шири на остатокот на Чиле и на Аргентина и предизвика откажување на летови од аеродромите во двете земји. Вулканот Калбуко, чија е последна поголема ерупција била во 1961 година, во атмосферата исфрлил огромен облак од чад и од прашина кој достигнува висина и до 15 […]

Дрон го блокира аеродромот во Манчестер

20 април 2015

Летовите на британскиот аеродром во Манчестер на кратко биле суспендирани по информацијата дека во таа област се појавило беспилотно летало – дрон. Како што соопшти управата на аеродромот, некои појдовни летови се одложени, неколку дојдовни летови се пренасочени, а една писта е затворена, додека хеликоптерот на полицијата ја проверувал информацијата за појавата на дронот кој […]

Страна 3 од 4