И „Емирејтс“ прекинува со летови над Синајскиот Полуостров
01.11.2015 | 13:43
Од: Александра
Сподели:
По одлуката на авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“, и светската авиокомпанија „Емирејтс“ од Дубаи одлучи да ги прекине летовите над Синајскиот Полуостров поради несреќата на рускиот авион во која загинаа 224 лица.
– „Емирејтс“ ќе избегнува летови над Синајскиот Полуостров сè додека не добие дополнителни информации. Го следиме развојот на состојбата – изјави претставник на компанијата.