Повеќе од 150 летови од лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ денеска се откажани поради силните ветрови со брзина до 100 километри на час предизвикани од бурата „Кети“, која ја погоди Англија.
– Поради силните ветрови, предизвикани од бурата „Кети“, летовите доцнат, а некои се откажани – соопштија службите на аеродромот „Хитроу“.
Досега на тој аеродром се откажани 50 слетувања и 80 полетувања, што предизвика негодување кај патниците кои се враќаат дома после велигденските празници.
На аеродромот „Гетвик“ се откажани околу 20 летови.
Околу 2.000 домаќинства останале без струја на југот на земјата поради бурата „Кети“, која има попратни ветрови со брзина до 170 километри на час.