Босанците увезуваат леб!
ноември 9, 2014
По неконтролираниот увоз на вода, млеко, како и на многу суровини и преработки, во Босна и Херцеговина се увезува и леб. На полиците за прехранбени производи во Босна и Херцеговина, се нуди увозен леб, пренесува „Фена“. Спакуван во пластични вреќички од 500 грама, овој тост-леб е увезен од Полска, а продажната цена му е 0,7 евра.