fbpx
Таг: лажни вести

таг: лажни вести

Српски „Курир“ виде страв и драма за Македонија и НАТО таму каде што нема

Српскиот портал „Курир“ деновиве (09.12.2019) излезе со потсмешлив наслов во кој иронизира со укажувањето на шефот на државата Стево Пендаровски дека „во очи на влезот на НАТО, можеме да бидеме предмет на кампањата на политичка пропаганда и на фејк њуз” Овој негов став во насловната конструкција на „Курир“ е преточен во нагласено тенденциозна порака, делумно испишана и со големи букви,...

Хакерски напад го помати 10-от роденден на српски „Истиномер“, но поттикна поголема посветеност на борбата против дезинформациите

Еден од најстарите сервиси за проверка на фактите и ветувањата на политичарите и функционерите, како и борец против лажните вести, српскиот „Истиномер“, пред два дена одбележа 10 години постоење. „Истиномер“ ги повикува политичарите и другите јавни личности на одговорност за јавно искажаниот збор и ветувања. Граѓаните ги повикува на добро паметење, внимателно проверување и поврзување на прочитаното, на здрав разум,...

ACTION SEE и Фондацијата „Метаморфозис“ на меѓународната конференција Got Data во Приштина

Претставници на фондацијата „Метаморфозис“, која е еден од носечките партнери на меѓународниот проект ACTION SEE, изминатата седмица учествуваа во два настани што го организираше Open Data Kosovo (Отворени податоци Косово), во соработка со партнерски организации. На работната сесија  грантисти на проектот Action SEE од Северна Македонија и Косово ги презентираа резултатите од нивната работа. Претставничките на Здружението „Инклузива“ од Куманово зборуваа...

Протест не е „окупација од пакистански исламисти на Грција првпат во 1830-тите“

Грчкиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Елиника Хоуксис“ во еден од своите текстови се зафаќа со штрајк на работници од Пакистан во 2014 година пред Градското собрание на Скала во регионот Лаконија , кој од националистичките медиуми и поединци во Грција тогаш бил наречен „окупација од пакистански исламисти, првпат по ослободувањето на Грција во 1830-тите“,...

БИРН Косово: Предвидениот земјотрес на социјалните мрежи беше лажна вест

Косовската секција на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) анализираше информација од таканаречената Научна природна компанија за потенцијален земјотрес во Косово, објавена на социјалните мрежи на 28 ноември. Според оваа  информација се очекувал земјотрес во 2 часот по полноќ со интензитет од 7,2  во Јадранско море, а истиот во Косово би се чувствувал со јачина од 6,6 степени. KALLXO.com за...

Петокот не е црн поради робовите во САД, а малите ХЕЦ се ќар за инвеститорите

Дали терминот „Црн петок“, ден на купувачка треска, кога трговците нудат огромни попусти, а купувачите понекогаш „гинат“ и се тепаат да купат нешто со огромен попуст потекнува од трговијата со робовите во САД или пак неговото потекло е поинакво е прашање со кое се зафаќа хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Фактограф“. Поведени од изобилното споделување...

Регионот против дезинформациите: Мигрантите злоупотребени во лажни вести

Мигрантите во балканската медиумска сфера и понатаму се тема која се користи во создавање лажни вести во медиумите. „Фактограф“, хрватскиот сервис за проверка на факти и борба против дезинформирањето преку медиумите ги проверил пишувањата на неколку медиуми во земјата и лажната вест содржана во нив, дека мигрантите на островот Самос во средината на октомври направиле хаос. Хрватските медиуми тврделе дека мигранти...

Дезинформациите се вирус против кој сите треба да се бориме

На вториот ден од Меѓународната конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ се одржа панел-сесија „Медиумите и доброто владеење“ (Борба против дезинформации). Според Сеад Џигал од Меѓународниот балкански универзитет невозможно е да се отстранат изворите на дезинформациите, што не значи дека не можат да се победат, но е комплексен проблем во чие што решавање треба да бидат вклучени повеќе општествени...

Еди Рама со последно предупредување до порталите да не шират лажни вести за земјотреси

Албанскиот премиер Еди Рама упади остро предупредување до порталите поради ширењето вести за земјотресите, со коишто се зголемува паниката кај населението во Албанија по трагичниот земјотрес рано утрото на 26 ноември, јавува Порталб.мк. „Сакам последен пат да ги предупредам порталите и телевизите дека според законските рамки и прогласената итна состојба, ќе бидам приморан да интервенирам остро и да ги затворам...

Регионот против дезинформациите: Фотомонтажи = фотографии + лаги

Босанскиот сервис за проверка на фактите и разоткривање на дезинформациите „Раскринкавање“ во еден од најновите текстови кратко и елегантно раскринка една фотомонтажа која беше користена како основа за лажна вест. Фотографијата се појавила на една Фејсбук-страница а на неа се гледаат ликовите на српскиот претседател Александар Вучиќ наводно во болнички кревет, а до него, во преден план и главата...

Од велешаните се фасцинирав, Македонците се поевтини за моите сајтови, вели екс-директор на „Фокс“ и новопечен „велешки бизнисмен“

Од „велешаните“ се фасцинирав - Македонците ми се поевтини да ги ангажирам за моите веб-сајтови, а всушност не правам ништо лошо, вели за „Њујорк тајмс“ Кен Ла Корт, поранешен директор во американската телевизиска мрежа „Фокс“, кој сега има некои веб-сајтови со, како што тој го нарекува тоа „хиперполитика“ и на кои му работат млади луѓе од Македонија оти „се...

Регионот против дезинформациите: Пак за војските, паравојските и НАТО

Албанскиот сервис за проверка на фактите „Фактоје“ во својата најнова анализа ја проверува вистинитоста изјавата на министерката за одбрана Олта Џачка дека 14 отсто од албанските војници во мисии во странство се жени. Истрагата на Фактоје, која вклучувала анализа на официјални документи добиени од Министерството за одбрана, утврдила дека Џачка кажала невистина, односно дека процентот на жени во мировни...

Регионот против дезинформациите: Внимавајте на лажни наградни игри

Хрватскиот сервис за проверка на фактите „Фактограф“ во една од своите најнови статии се осврнува на проблемот со лажна наградна игра на синџирот супермаркети „Конзум“ во Хрватска. Со понуда за бонови за пазарување во супермаркетите се намамуваат фанови на Фејсбук страници и се прибираат нивни лични податоци, иако „Конзум“ на официјалната Фејсбук-страница објавил предупредување дека станува збор за измама...

Биљана Ливанчиќ – Милиќ: Во БиХ успех постигнуваат ловците на кликови и политичките дезинформации

Биљана Ливанчиќ - Милиќ е во новинарството од 2004 година, а од март минатата година работи за raskrinkavanje.ba, една од најактивните балкански платформи за проверка на факти и разоткривање на медиумските манипулации. При нејзината посета на Скопје минатата седмица, разговаравме за најчестите проблеми во Босна и Херцеговина (БиХ) на планот на лажните вести. За Северна Македонија Ливанчиќ - Милиќ...

Јавноста „бомбардирана“ од лажни вести, најмногу ги има на Интернет

Актуелната состојба со ширењето лажни вести во земјава е сериозна, што треба да влијае на преземање мерки за справување со ваквиот проблем. Воведувањето на  медиумската писменост во образовниот процес во земјава е една од мерките што треба да се преземат, беше споменато на денешната јавна дискусија на тема „Вклучувањето на медиумската писменост во образованието“. Министерот задолжен за комуникации, отчетност и...

Ангел Петров: Брзото темпо и од најдобрите медиуми прави преносители на дезинформации

Ангел Петров е уредник во бугарскиот новински сајт „Дневник“ и магистер по политикологија. Во новинарството е веќе 11 години; првин работел во бугарската национална кабелска телевизија „Евроком“ а потоа бил и главен уредник на „Novinite.com“, новински сајт на англиски јазик за вести од Бугарија и регионот. Петров за себе вели дека и професионално, но и како приватен интерес будно ги...

Инстаграм воведува предупредување за лажни вести

Апликацијата ќе започне да додава предупредувањето “неточна информација“ кое ќе ги покрива објавите за кои тимот проверувачи на вести на Фејсбук констатирал дека се лажни. Предупредувањата ќе се однесуваат на постови на главната Инстаграм страница и на Инстаграм сторис. Корисниците сепак ќе можат да го видат постот со тоа што одкако ќе прочитаат дека се работи за невистинита вест,...

Дамира Грегорет: Во Хрватска немаме голем проблем со дезинформациите, туку со искривувањето на фактите

Новинарката на РТЛ Хрватска, Дамира Грегорет, чија специјалност е политиката, работи како известувач, водител на вести и политички емисии. Не така одамна доби и извинување од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој наместо да ѝ одговори на прашањето што не му се допадна, само констатираше „Слатка си, Дамира“. Потоа следеше јавно извинување до Грегорет. Со неа разговаравме за медиумската ситуација...

ЕП: Руската пропаганда во ЕУ од јануари досега двојно поголема отколку во 2018

Странското мешање во изборите се заканува на демократските општества во Европа, а ги потпомага анти ЕУ силите, десничарските екстремисти и популистите. Русија, која е најголем извор на дезинформации, годинава двојно ги удвоила своите напори, па од почетокот на годинава досега се забележани 998 случаи на дезинформации поврзани со Русија, наспроти вкупно 434 случаи во 2018 година, предупреди денеска Европскиот...

Роберт Ботери: Во Словенија се поткупуваат медиуми за дискредитација на политичари и бизнисмени

Роберт Ботери, креативен директор на списанието „Младина“ од Словенија е со децении во култниот весник, кој во некогашна Југославија беше предводник на авангардата, често со контроверзни содржини. Во април годинава дојде и до дипломатски инцидент, кога „Младина“ на насловната страна објави карикатура со унгарскиот премир Виктор Орбан со рака крената во нацистичкиот поздрав, а околу него се неколку ситни...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...