fbpx

ACTION SEE и Фондацијата „Метаморфозис“ на меѓународната конференција Got Data во Приштина

-

Претставници на фондацијата „Метаморфозис“, која е еден од носечките партнери на меѓународниот проект ACTION SEE, изминатата седмица учествуваа во два настани што го организираше Open Data Kosovo (Отворени податоци Косово), во соработка со партнерски организации.

На работната сесија  грантисти на проектот Action SEE од Северна Македонија и Косово ги презентираа резултатите од нивната работа.

Претставничките на Здружението „Инклузива“ од Куманово зборуваа за изведувањето на проектот за подобрување на пристапот до информации од јавен карактер на лицата со различни видови попреченост, додека претставникот на Млади европски федералисти ги презентираше согледувањата од нивните истражувања на следењето на вработувањата во општините во земјава. Претставниците на Младинската асоцијација за човекови права од Косово, пак, ги претставија своите напори за подигнување на отчетноста и капацитетите на општини во Косово.

Главниот настан, на кој учествувааа и преставници на „Метаморфозис“ беше големата годишна конференција „GOT_Data“ на Отворени податоци Косово, во заедничка организација со полската фондација „еПанство“, со поддршка на National Endowment for Democracy, Deutsche Zusammenarbeit и GIZ и Европската Унија.

На конференцијата голем број панелисти и учесници на конференцијата од осум земји, на вкупно четири сесии дискутираа за отворените податоци за јавните набавки и информирањето на јавноста за тендерите, за новинарството базирано на податоци како уште еден начин за борба против дезинформациите од различни извори, како и за вештачката интелигенција како помагач во процесот на креирање јавни политики.

Завршниот сегмент од годишната конференција на Отворени податоци Косово беше интерактивната сесија за успешна соработка меѓу различните чинители во процесот на владеење и контрола на власта, во која под модераторство на Жорш Лабреш, основач на Отворени податоци Косово и Ќендреса Сулејмани, програмски директор на фондацијата „Метаморфозис“, учесниците ги изнесоа своите искуства и размислувања за соработката меѓу органите на власта и граѓанскиот сектор во поглед на следењето на отчетноста и доброто владеење.

Меѓународниот проект ACTION SEE ја следи отвореноста на институциите на извршната и законодавната власт во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Абанија. Повеќе за проектот може да прочитате тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...