fbpx

Јавноста „бомбардирана“ од лажни вести, најмногу ги има на Интернет

-

Актуелната состојба со ширењето лажни вести во земјава е сериозна, што треба да влијае на преземање мерки за справување со ваквиот проблем. Воведувањето на  медиумската писменост во образовниот процес во земјава е една од мерките што треба да се преземат, беше споменато на денешната јавна дискусија на тема „Вклучувањето на медиумската писменост во образованието“.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски нагласи дека младите во земјава првенствено се информираат преку Интернет, а од друга страна постои проблем со препознавањето на лажните вести и дезинформациите кај граѓаните.

– Македонија се наоѓа на дното од 34 земји во препознавањето на лажните вести и дезинформациите. Ние сме убедливо последни, пред нас е Турција, па потоа е Албанија, БиХ, Црна Гора, Бугарија – истакна министерот Роберт Поповски.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми посочи дека веќе преземаат конкретни чекори од ова министерство, а дополнителни мерки околу медиумската писменост допрва ќе следат. Тој смета дека фокусот треба да биде ставен на основното и на средното образование преку внесување на содржини во образовната програма или преку посебен предмет за медиумска писменост.

Феручо Бого, советник во Делегацијата на Европската унија во Скопје, на јавната дискусија истакна дека медиумската писменост кај младата популација треба да се насочи првенствено кон способност за препознавање на лажните вести. Тој нагласи дека медиумската писменост треба да постане дел од наставната програма во македонските школи.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...