Инстаграм воведува предупредување за лажни вести

Апликацијата ќе започне да додава предупредувањето “неточна информација“ кое ќе ги покрива објавите за кои тимот проверувачи на вести на Фејсбук констатирал дека се лажни. Предупредувањата ќе се однесуваат на постови на главната Инстаграм страница и на Инстаграм сторис. Корисниците сепак ќе можат да го видат постот со тоа што одкако ќе прочитаат дека се работи за невистинита вест, ќе можат да кликнат “Види го постот“.

Инстаграм, исто така, ќе ги предупредува корисниците кои ќе сакаат да го споделат постот, пред тој биде објавен, со порака дека постот содржи неточни информации и доколку го сподели постот ќе се појави заедно со предупредувањето за лажна вест.

Месецов излезе вториот дел од извештајот за вмешаноста на лажните вести во американските претседателски избори во 2016 година. Овој извештај вели дека Инстаграм била најефективната алатка користена во процест.

Овие предупредувања ќе почнат да се употребуваат од наредниот месец.