fbpx
Таг: лажни вести

таг: лажни вести

Дезинформациите се стари колку и човештвото, медиумите денес се преслаби да ги совладаат

Дезинформациите не се ништо друго освен лага, стара колку и човештвото. Само што во овие нови времиња тие лаги во вид на лажни вести се пласирани од одреден центар на моќ и со (зло)употреба на медиумите, се прави обид некому да му се наштети или да ја заведе јавноста во своја корист. Медиумите се претворија во платформа за пласман...

Д-р Румена Филипова: Олигарсите во Бугарија се главни медиумски контролори и дезинформатори

Д-р Румена Филипова има докторат по меѓународни односи на универзитетот Оксфорд, каде и магистрирала, а факултетската диплома ја стекнала на универзитетот Кембриџ. Предавала на Оксфорд, а била гостин-експерт и на центарот Карнеги Москва, Полскиот Институт за меѓународни прашања, Чатам Хаус и голем број други меѓународни институти и тинк-тенкови. Сега е истражувач во бугарскиот „Центар за проучување на демократијата“, кој е...

Анализа: Регионот доцни во отворањето фронт против дезинформациите

Македонија е фактички првата земја во регионот во која власта отвора институционален фронт со дезинформациите. Медиумски експерти и новинари од Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово, во серија интервјуа за „Мета.мк“ во текот на изминатиот период, велат дека кај властите во нивните земји не се забележува заинтересираност за отпочнување или вклучување во борбата со лажните вести. Македонскиот...

„Би-би-си“ со иницијатива за идентификување на изворите на дезинформации

Покрената е уште една иницијатива на големите меѓународни медиуми за битка против лажните вести преку заедничко воочување на изворите што ги користат овие загрозувачи на новинарската професија. Иницијатор е британскиот јавен сервис „Би-би-си“, заедно со агенцијата „Франс прес“, а им се придружува Европската унија на емитувачи (ЕБУ), весниците „Фајненшел тајмс“, индискиот гигант „Хинду“, дневниот весник „Волстрит џурнал“, канадското радио...

Аудио документарец на БиБиСи: „Докторка за лажни вести“

Светскиот сервис на БиБиСи објави аудио документарец на тема сајтови за лажни вести од Велес, Северна Македонија со наслов Doctor Fake News („Докторка за лажни вести“) во кој се потсетува дека прв медиум што објави официјални разговори со сопствениците на порталите за лажни вести беше агенцијата Мета.мк. “It’s easy to manipulate passionate people.” Welcome to Veles, North Macedonia, where fake...

Најсериозна алатка е вистината: Заев и Брнабиќ заедно против лажните вести

Многукратното повторување на вистината за да можат читателите и гледачите да разграничат што е лажна вест, а што не, во моментов е едниствениот начин на кој политичарите можат да се борат против лажните вести, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конфереција со српската премиерка Ана Брнабиќ во Владата, на која, меѓудругото се посвети и големо внимание на борбата против...

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

Минатиот месец се појави нов тренд на ширење дезинформации на интернет сферата во Македонија: социјалните медиуми беа преплавени со линкови до написи стари една година промовирани преку реклами на Фејсбук и десничарски Фејсбук групи. Дел од овие написи првично биле објавени истиот месец, но пред една година. Ова може да упатува на обид да се доведат во заблуда читателите, кои...

Асја Методиева: Западен Балкан пати од слаби медиумски системи и недостиг на транспарентност

Г-а Асја Методиева е докторанд на Централноевропскиот Универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, а ги истражува радикалните движења, со фокус на регрутирањето на странски борци. Нејзиниот труд “Russian Narrative Proxies in the Western Balkans” (Преносителите на рускиот наратив во Западен Балкан), којшто неодамна беше објавен од Германскиот Маршалов фонд на САД, го истражува растежот на антизападните/проруските наративи во Западен Балкан, анализирајќи...

Владата ќе иницира јавна дебата со сите засегнати страни за планот против дезинформациите

Владата со посветеност и внимание ја следи дебатата што се развива по најавата за подготовка за План за одлучна акција против ширење дезинформации, велат од таму. „Конструктивната дебата само потврдува колку е важна и суштинска потребата од подготовка на една таква сеопфатна иницијатива во која задолжително ќе бидат вклучени сите засегнати и сите заинтересирани страни, медиуми, организации, новинари и граѓани...

Бурни реакции по најавата за вклучување на владата во борбата против дезинформациите

Најавата на владата за отворање фронт против лажните вести и ширењето дезинформации преку социјалните мрежи и традиционалните медиуми предизвика лавина од реакции во јавноста. Опозицијата препозна намера за цензура на медиумите, а иницијативата на владата наиде на критики и повик за внимателност од страна на претставниците на медиумските организации. Веднаш по прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев (24.07.2019), на која тој...

Заев предлага план за заедничка битка против дезинформациите

Премиерот Зоран Заев, објавувајќи предлог-план за борба со дезинформации и лажни вести, на денешната прес-конференција посочи дека дезинформациите за земјава, покрај од дел од домашните медиуми, се шират и од страна на други држави.  „Република Северна Македонија во изминативе две години на повеќе наврати се има соочено со масовно ширење на дезинформации, како на социјалните мрежи, така и на традиционалните медиуми. Дел...

Владата со акциски план ќе се бори против дезинформациите и лажните вести

Дезинформациите се еден од главните предизвици на демократијата во 2019 година и се алатка која се користи за манипулација на граѓаните, мешање во изборни процеси и намалување на довербата на граѓаните во институциите и медиумите, рече денеска премиерот Зоран Заев претставувајќи го Предлог-планот одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата. „Република Северна Македонија во изминативе две години...

Ситистас и Данилидис, „Ellinika Hoaxes“: Лажните вести се „бомба“ во темелите на демократијата

Фото: Nikos Kokalias, Kathimerini.gr
Теодорос Данилидис е основач, а Танос Ситистас уредник на „Ellinika Hoaxes“, најпознатата грчка веб-страница која се занимава со разоткривање на лажните вести и дезинформациите. Овој сервис функционира веќе шест години, од 2013 година. Во интервју за „Мета“ тие објаснуваат дека Грците за жал премногу лесно може да поверуваат во лажните вести, како и дека дезинформациите во нашиот јужен сосед...

Шебек: Добар виц би било дека главниот манипулатор, владата во Србија, се бори против дезинформации

Ненад Шебек е меѓународен консултант за медиуми и цивилно општество. Претходно Шебек работел како директор на Фондацијата Хеинрих Бол , а претходно портпарол на Регионалниот совет за соработка. Од 2002 до 2014 година работел и како Извршен директор на Центарот за демократија и обнова на Југоисточна Европа. Шебек пред тоа активно работел како новинар 26 години, од кои 16...

К’нев: Ромите, муслиманите и Македонците се најчеста мета на дезинформации во Бугарија

Красимир К’нев е еден од основачите и сегашен претседател на Бугарскиот хелсиншки комитет (БХК). Докторирал на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и специјализирал човекови права на  универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Покрај претседателствувањето со БХК, тој предава човекови права на „Свети Климент Охридски“, а предавал и на универзитетот во Пловдив „Пајсиј Хилендарски“, универзитетот во Сараево, Централноевропскиот универзитет и на универзитетот...

Грчки медиуми „се запалија“ поради сонцето од Вергина, кое веќе го нема во ЈП „Водовод и канализација“

Еден грчки медиум викендов излезе со обвинувања дека во канцеларијата на генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација - Скопје“ сè уште стојат тепихот и слика на ѕидот на коишто се наоѓа сонцето од Вергина. Написот е придружен со фотографии коишто би требало да го докажат тоа - но станува збор за многу стари фотографии, а сега во канцеларијата на...

Иван Георгиев: Во Бугарија речиси и нема борба против дезинформациите

Иван Георгиев е водител и репортер на една од најголемите телевизии во Бугарија, бТВ. Во последните неколку години известувал и имал емисии за некои од водечките настани во регионот, од тоа во значителен обем и во Македонија, како и во светот. Дипломирал новинарство на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и добитник е на бројни новинарски награди – меѓу нив...

Ералдин Фазлиу: Во Косово најчести се дезинформациите што доаѓаат од политичарите

Ералдин Фазлиу, главниот уредник на „Приштина Инсајт“ (Prishtina Insight), во интервју за „Порталб.мк“ вели дека најчести се дезинформациите кои доаѓаат од косовските политичари. Тој истакнува дека еден од големите проблеми на Косово е дезинформирањето со визуелни елементи. Се користат фотографии и слики добиени од некое друго место, застарени слики или погрешени и несоодветни. Со ова се прави обид да...

Столтенберг: Ви честитаме на политичката храброст и визија

Подготвени сме да ве пречекаме во семјството на НАТО. Ви честитаме за покажаното лидерство, политичка храбост и визија во решавањето на споровите со соседите. Република Северна Македонија веќе има свое столче во НАТО. Месецов уште еднаш министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува на состанок на министри за одбрана во НАТО. Очекуваме по ратификацијата кај сите земји членки на...

„Метаморфозис“ во Сараево ја презентираше својата борба против дезинформациите

Фондацијата „Метаморфозис“ ги презентираше своите активности во борбата против дезинформациите во земјава и во регионот на меѓународната конференција „Политичката отчетност и новите технологии - ПОИНТ“ (Political Accountability and New Technologies – POINT), што се одржа во Сараево, БиХ, од 16 до 18 мај. Еден од организаторите на конференцијата беше и мрежата ACTION SEE, која дејствува во шест балкански земји, а...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...