fbpx
Таг: Кренар Лога

таг: Кренар Лога

Лога во Идризово: Условите се мизерни, потребна е итна амнестија

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност, затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови. Вака министерот за правда Кренар Лога ги опиша условите во затворот „Идризово“, со образложение дека е итно потребна амнестија, односно усвојување на предлог-законот за амнестија, кој овозможува ослободување и намалување на затворски казни за...

Нема лифт, а лица со инвалидитет работат на петти спрат во битолското одделение на Министерството за правда [галерија]

Вработени со инвалидитет немаат пристап до работното место, искршени врати и прозорци, недостиг од канцелариски мебел се само дел од работите кои биле нотирани при денешната посета на министерот за правда Кренар Лога во подрачното одделение на Министерството за правда во Битола. При посетата, како што може да се види и од фотографиите што ги објави Министерството за правда, било...

Лога: Oдлучив да не присуствувам на седниците на Судскиот совет, исто како што правеа и моите претходници

Присуството на министерот за правда на седници на Судскиот совет, без право на глас, не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет, вели министерот за правда Кренар Лога, додавајќи дека во изминатите години, неколку министри за правда не присуствувале на седниците на Судскиот совет поради препораката на ГРЕКО за укинување на членството на министерот за правда...

Министерство за правда: Судскиот совет не презема мерки за претседателката на кумановскиот суд за злоупотребите на АКМИС-от

И покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб-страницата на Советот, информираа денеска од Министерството за правда. Од таму појаснуваат дека Судскиот совет на 1 февруари годинава бил во работна посета на Основниот суд Куманово...

Лога: Нотарите и извршителите да ги бираат коморите, да се укине Вишиот управен суд и да се смени Законот за судски совет

На вчерашната седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, која за првпат се одржа со физичко присуство, министерот за правда Кренар Лога на членовите на Советот порачал дека е неопходно одредени активности да бидат дел од новата развојна Стратегија. Па така, министерот за правда Лога по сопствена иницијатива побарал да се укине неговото...

Уставен суд: Додека нема конечна одлука, нема да има графа за етничка припадност во изводите

Уставниот суд поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги, поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Судот донесе времена мерка за неиздавање на овие документи. Основната причина за поведување на постапка е пречекорување на рокот за потпишување – од потпишување до објава во Службен весник. На денешната...

Уставниот суд денеска ќе одлучува за графата националност во упатството за издавање изводи

Уставниот суд на денешната седница ќе одлучува дали ќе поведе постапка за Упатството за издавање изводи, во која се воведува графа за национална припадност. Уставниот суд за ова упатство самоиницијативно поведе постапка за оценување на уставноста, а претседателката на судот Добрила Кацарска на брифинг со новинарите рече дека според неа, тоа е неуставно и незаконски. „Овој предмет е формиран согласно...

Лога вели дека за распуштањето на Судскиот совет ќе разговараат партиите во Собранието

Најавените законски измени ќе треба да се донесат со консензус меѓу сите политички партии во Собранието, најави денеска министерот за правда Кренар Лога во однос на можноста со законските преодни одредби да се овозможи распуштање на Судскиот совет и престанок на мандатот на сегашните членови на Судскиот совет. Министерот Лога рече дека ги осудува случувањата во Судскиот совет, додавајќи дека...

Лога: Сајбер заканите стануваат почести, пософистицирани и предизвикуваат сè поштетни последици

Министерот за правда Кренар Лога присуствува на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа кој се одржува во Шибеник, а говорејќи на панелот на тема „Сајбер криминал - безбедносна закана во Југоисточна Европа и важноста на соработката”, тој порача дека е неопходно секоја држава да обезбеди сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување. Лога рече дека сајбер заканите и нападите...

Герасимовски пред ресорните министри ќе ја претстави иницијативата за пренамена на дивоградбите

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар пред ресорните министри за правда, Кренар Лога и транспорт и врски, Благој Бочварски ќе ја презентира иницијативата нелегалните објекти наместо да се рушат да се пренаменат во функција на општините. Герасимовски побарал средби со Бочварски и Лога, бидејќи двете министерства со кои тие раководат, се предлагачи на двата закони во кои треба да се...

Здружението „Цар Борис Трети“ е избришано од Централниот регистар

Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис Трети“ Охрид е избришано од Централниот регистар. Ваквиот епилог следува откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност, врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис Трети во називот на охридското здружение. Комисијата за употреба на...

Лога го потпиша решението за неусогласеност на името на Здружението „Цар Борис III – Охрид“

Министерот за правда Кренар Лога, врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности, го потпиша решението за неусогласеност за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид. Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека евентуалното именување на здружението...

Средба на амбасадорот Јан Коп со Лога: Холандија ги поддржува реформите во правосудството

Министерот за правда Кренар Лога денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Дирк Јан Коп, информираат од Министерството за правда. Министерот Лога му се заблагодари на амбасадорот Јан Коп за интензивната соработка и посветеноста на европската реформска агенда, како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија, а се однесуваат на квалитетот...

Лога: Подготвуваме нов допис за екстрадиција на Груевски

Кренар Лога, министер за правда, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Во гостувањето тој кажал дека писмото е поврзано и со девет други случаи. Во образложението за екстрадиција, навел Лога, ќе пишувало дека казната Груевски ќе ја одлежува во хашките ќелии кои ги исполнуваат условите, бидејќи добил...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...