fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Уапсен државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Јахи Јахија од Куманово, денеска бил уапсен бидејќи е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Неофицијално, тој се товари за земање на провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА-фондови. Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА.

Добриот старт на Антикорупциска ја става на тест извршната власт и целото оштество

Фото: Борче Поповски
Иако до пред неколку денови се чинеше дека главна тема пред вториот круг од изборите ќе биде проблематичниот цензус за вториот круг од претседателските избори, на два дена пред гласањето тоа се чини дека е депласирано прашање и останува да се види кој ќе биде победникот. Но, затоа со своите постапки заслужува да биде издвоена Државната комисија за спречување...

3 Мај – Светски ден на слободата на медиумите

Секоја година на 3 мај припадниците на новинарската професија ги слават фундаменталните права и слободи, прават евалуација на слободата на медиумите ширум светот, преземаат чекори за одбрана од нападите врз нивната независност и се сеќаваат на своите колеги кои ги загубија животите, практикувајќи ја новинарската професија. Сето ова се случува денеска и тоа по 26-ти пат, откако во 1993...

На дезинформациите на Кремљ треба да се спротивставиме со точност

Брајан Витмор, постар истражувач и директор на Руската програма во Центарот за анализа на европските политики (ЦЕПА), истражувачки институт посветен на студии за Источна, Централна Европа и Русија, одржа виртуелно предавање, кое можеше да се следи во четири градови од Источна Европа: Букурешт, Киев, Подгорица и Скопје за справувањето со дезинформациите кои потекнуваат од Кремљ, како резултат на актуелните...

Демонстрантите во Тирана се обидоа да влезат во парламентот

Опозициските демонстранти синоќа се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во Тирана и да упаднат во зградата на парламентот. Полицијата одговори со солзавец, па поддржувачите на опозицијата фрлаа разни предмети и петарди кон полицискиот кордон. Синоќа демонстрантите, по третпат во последните две седмици, повторно се собраа пред парламентот во главниот град на Албанија и палеа автомобилски гуми и фрлаа факли,...

Недоследна изјава на Азманов: Прво му се гади од корупција, па не му се гади!

„Вистиномер“ ја оцени како „недоследна“ изјавата на бизнисменот Зоран Азманов поврзана со корупцијата, дадена во интервју за порталот „Фактор“. - Во последно време, имам чувство дека сакаат да не елиминираат нас, односно „Настел“ па и „Адора“ дека наводно ние сме го поткупиле поранешниот градоначалник на Карпош. Сакаат да не елиминираат како фирми поради наводна корупција на градоначалник што тврдам дека...

И со скок од 14 места, уште сме на дното во регионот по корупција (инфографик)

Од минатогодишното 107 место од 180 земји според степенот на перцепција на корупцијата, годинава Македонија „скокна“ на 93 место, но сеуште е на дното во регионот, објави вчера „Транспаренси интернешнел“. Земјава годинава е оценета со индекс 37, а лани индексот бил 35, на скалата од еден до 100, каде што поголемиот индекс значи земја послободна од корупција. Во регионот, најдобро...

Македонија за нијанса го подобри индексот на перцепција на корупцијата

Македонија годинава има за два поени подобар индекс на перцепција на корупцијата, покажува годишната анализа што „Транспаренси интернешнл“ ја објави утрово. Годинава земјава е оценета со 37 на скалата до 100, каде што повисокиот индекс значи земја послободна од корупција. Минатата година Македонија имаше индекс 35. Годинава, земјата го дели 93 место од 180 рангирани земји, заедно со Гамбија, Гијана,...

Во Јавно обвинителство пристигнале вкупно 66 барања за амнестија

Јавното обвинителство извести дека пристигнале вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје. „Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12. Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените...

Рокада во Владата: Ќахил и Ахмедовски излегуваат, а Хасан и Бајрам влегуваат

Со почеток во 14 часот денеска, Собранието ќе гласа за предлогот на премиерот Зоран Заев да бидат разрешени министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил и министерот за имплементација на Стратегијата за Ромите, Аксел Ахмедовски, а потоа за изборот на нивните заменици. За нови министри премиерот ги предлага Елвин Хасан за странски инвестиции и Музафер Бајрам за имплементација на Стратегијата за...

Мицкоски користи неажурирани податоци од „Транспаренси Интернешнл“

Во текот на својот говор пред зградата на Владата на Република Македонија, а кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го одржа пред партиските членови и симпатизери во рамките на третиот протестен марш на оваа партија во средата на 12 декември 2018 година, тој ја даде и следнава крајно манипулативна и невистинита изјава, пишува „Вистиномер“. Ќе речат реформи правеле во судството....

Пејовска Дојчиновска: Видовте како не треба, направете успешна Антикорупциска

Успешна Антикорупциска комисија прават повеќе компоненти добра правна рамка, членови со висок интегритет, знаење и одважност, и стручна служба со ресурси. Сево ова може да го реши Собранието, ако го исклучи партискиот ракурс, порача Софка Пејовска Дојчиновска, поранешен генерален секретер на Секретаријатот на Државната комисија за спречување корупција, на конференцијата „Итни приоритетски реформи: Јакнење на институционалната рамка во борбата...

Борба против корупција: Имаме закони, ни требаат луѓе што ќе ги спроведат

„Нема клетка во Македонија во која нема корупција“,  „борбата со корупцијата тешко ја водат слаби институции“, таа е „патриотска должност“, но треба да ја предводат силни институции – за неа „имаме закони, но ни требаат луѓе што ќе ги спроведат“, сметаат експертите за доброто владеење и корупцијата во Македонија. Состојбата, која кулминира со самораспуштање на последниот состав на Државната...

Додека се гради нов антикорупциски систем, Македонија „се снаоѓа“

МВР, кое треба да гони корупција, е разорена институција и и треба реформа, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Антикорупциската комисија, со години обвинувана за партизираност, и формално не функционира од крајот на март. По две кривични пријави за примање и за давање поткуп бил резултатот на Македонија во борбата против корупцијата минатата година, покажуваат податоците на МВР. Тоа...

Антикорупциска: Комисија која од борец стана творец на корупција (визуелизација)

Државната комисија за спречување на корупцијата беше формирана во 2002 година како клучно тело во спречување и справување со коруптивното однесување на носителите на функции и злоупотреби на јавните пари. Првиот состав на новото тело го оправда ентузијазмот и надежите – покрена неколку капитални случаи и единствениот антикорупциски предмет со судска разрешница - „Бачило“. Но, веќе по парламентарните избори во 2006...

Антикорупциска не работи 7,5 месеци, Собранието расправаше за нов закон

Антикорупциската комисија, клучното државно тело за спречување корупција и судир на интереси, веќе седум и пол месеци не функционира откако во март последниот претседател Игор Тантуровски поднесе оставка, а од 2 април членовите беа „испратени“ на одмор на неопределено време. Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска одржа јавна расправа за предлог-законот за спречување на корупција и...

На поранешниот јужнокорејски претседател му се закануваат 20 години затвор

Обвинителството на Јужна Кореја побара затворска казна од 20 години за поранешниот претседател Ли Мјунг-бак, во рамките на неговото судење за корупција, јавија светските агенции. Ли, кој беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година, со тоа стана вториот поранешен претседател  на земјата што за неполн месец влезе во фокусот на светската јавност поради неговите проблеми со законот. Минатиот...

EК ја повика Романија да го ревидира контроверзниот закон

Европската комесарка за правда, потрошувачи и полова еднаквост Вера Јoурова, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ ги повика романските власти да го ревидираат предлог-законот кој предизвика масовни протести против корупцијата во земјата. Протестите продолжија мирно вчера, со околу 15.000 демонстранти на плоштадот „Викториеи“ во Букурешт. Протестите почнаа во петокот, кога ескалираа, и  при судирите на полицијата со дел од...

ГРЕКО: Македонија не напреднала во спречувањето корупција на пратениците и судиите

Во својот втор извештај за усогласеност, објавен денеска, ГРЕКО (Група на земји против корупцијата), организација што функционира во рамките на Советот на Европа порача дека „Поранешна југословенска република Македонија не направила суштински напредок во спроведување на препораките за спречување корупција меѓу пратениците, судиите и обвинителите.“ Извештајот за усогласеност е направен според Ситуацискиот извештај со дополнителни информации за спроведувањето на 19-те...

Граѓанските организации со повеќе предлози до Владата за борба против корупција

Од софтверски алатки за следење на регуларноста на јавните електронски наддавања преку испитување на работата на државниот правобранител до забрзување на некои законски реформи и јакнење на интегритетот на функционерите, службениците и институциите, беа дел од иницијативите што десетина граѓански организации денеска ги презентираа пред повеќе министри и претставници од Секторот за односи со јавноста во Владата. На вториот отворен...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...