fbpx
Таг: конфликт

таг: конфликт

Тилерсон ја потврди американската поддршка за Украина

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе престојува во Украина за да ја потврди поддршката на САД кон таа земја, која се бори против проруските активисти на истокот на земјата. Тилерсон ќе се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко, само 48 часа откако присуствуваше на првата средба помеѓу американскиот и рускиот претседател на самитот на Г20 во Хамбург. Неговата еднодневна посета на Киев...

Могерини и Лавров не ги надминаа разликите

Шефовите на дипломатиите на ЕУ и на Русија, Федерика Могернини и Сергеј Лавров, не успеаја во Москва да ги надминат несогласувањата, но се обврзаа на поблиска соработка. Ова за Могерини беше прва официјална посета на Русија откако стапи на функцијата шефица за надворешна политика во 2014 година. Таа наведе дека соработката помеѓу Брисел и Москва „не е замрзната“, туку закочена...

Манчевски: Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски

Времето и моментот од стратегијата за деблокирање на Собранието и за избор на спикер, ќе го зачуваме за себе за да избегнеме каква било шанса за каков било конфликт помеѓу граѓаните, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања. - Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски - рече Манчевски. Прашан за коментар на...

Лавров: Не смее да се дозволи вооружен конфликт на Балканот

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, рече дека војна на Балканот не смее да има, како и дека на албанските сили не им е местото на северот на Косово и Метохија. Тој го истакна ова на годишната конференција на руското министерство за надворешни работи, на кој една од темите беа и неодамнешните „искри“ помеѓу Белград и Приштина. - Силите на косовските...

Сирија: Бунтовниците го замрзнаа учеството во разговорите за решавање на конфликтот

Сириските бунтовнички групи соопштија дека одлучиле да ги замрзнат разговорите за нивно учество во мировните преговори за Сирија, кои треба да се одржат во Казахстан, сè додека сириските сили и нивните советници не престанат да го кршат примирјето. Бунтовничките групи, како што јавуваат светските агенции, во соопштението наведуваат дека територијалното напредување на војската и на милицијата, кои имаат поддршка од...

Абас: Подготвен сум да соработувам со Трамп

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека е подготвен да соработува со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за решението на „две држави“ во конфликтот со Израел. - Сакам да ја нагласам нашата волја да соработуваме со новоизбраната американска администрација. Да постигнеме мир, заснован на решението на две држави, како и на арапската мировната иницијатива и на меѓународните резолуции – рече...

Израел веќе нема да ги враќа телата на убиените Палестинци

Израел најави дека веќе нема да ги враќа посмртните останки на палестинските екстремисти, туку дека ќе ги погребува. Одлуката е донесена како настојување на Израел да изврши притисок на Хамас да ги врати двајцата Израелци кои, како што се верува, се држат како заложници. - Политичко-безбедносниот кабиент расправаше за политиката на третман на телата на терористите од Хамас убиени за време...

Украинските сили и бунтовниците го кршат примирјето

Украинската влада и проруските бунтовници на истокот на земјата соопштија дека се крши новото примирје. Украинската артилерија од петокот на полноќ, кога беше воспоставено за примирјето, ги гаѓаше положбите на бунтовниците најмалку 140 пати, јавува агенцијата „Доњецк“. Владата во Киев првично не пријавуваше дека има кршење на примирјето, но подоцна соопшти дека бунтовниците отвориле оган четирипати на три локации. Најмалку осум украински војници...

Русија по преговорите во Лозана порача дека Сирија мора да остане цела и секуларна

Сиријците сами треба да одлучат за иднината низ инклузивен дијалог, а земјата треба да остане цела и секуларна, соопшти руското министерство за надворешни работи. Оттаму соопштија дека за успех на руско-американскиот договор за примирјето, неопходно е да се одвои сириската умерена опозиција од Ал нусра фронтот и терористичките групи кои се поврзани со неа. „Истовремено треба да се разбере дека воените...

САД ги прекинуваат сите разговори со Русија околу Сирија

Вашингтон ги суспендираше сите билатерални односи со Москва околу сириската криза, соопшти Стејт департментот. Американските власти пред неколку недели се заканија дека ќе го напуштат сирискиот мировен процес, откако пропаднаа последните разговори за примирјето во Сирија. По седумдневен прекин на огнот, примирјето во Сирија не беше обновено. САД ќе ги повлечат сите лица што требало да учествуваат во организирање на заеднички центар за...

Лавров: САД ги штитат исламистите и ги чуваат за напад на Асад

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, ги обвини САД дека ги штитат исламистичките радикални групи кои би можеле да ги искористат за симнување од власт на Башар ал Асад. Според неговите зборови, припадниците на терористичката организација Фронт Ал нусра не се на удар на коалицијата на чело со САД. - Ги чуваат, за во случај да им бидат потребни во уривањето на сирискиот претседател...

Обама: Четири месеци пред крајот на мандатот, ме прогонува војната во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека четири месеци пред крајот на неговиот мандат, го прогонува хаосот во Сирија. - Ситуацијата во Сирија постојано ме прогонува – изјави Обама во интервју за „Венити фер“ и додаде дека стотина илјади мртви во Сирија и милионите бегалци го навеле да се запраша дали можело нешто поинаку да се направи за време на изминатите...

Дамаск го критикува Бан Ки-мун за говорот во ОН

Дамаск го обвини генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, дека неговиот говор пред ОН, во кој вели дека сириската влада е одговорна за најголемиот број убиени цивили во војната е далеку од Повелбата на светската организација. - Зборовите на Бан Ки-мун за Сирија се далеку од Повелбата на ОН, која треба да ја почитува лицето што е на функцијата генерален секретар...

САД и Русија засега без договор за конфликтот во Сирија на Самитот на Г20

Соединетите Американски Држави (САД) и Русија не успеаја да постигнат договор за конфликтот во Сирија на преговорите на маргините на Самитот на Г20, кој се одржува во Хангџоу, Кина. Причината, како што јавуваат светските агенции, повикивајќи се на американски извори, се големите разлики во ставовите на двете земји околу ова прашање. Шефовите на дипломатиите на САД и на Русија, Џон...

Петнаесет години од Охридскиот рамковен договор

Денеска се одбележуваат 15 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот. Преговорите, почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција...

Кери се надева на зацврстување на примирјето во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека денеска во седиштето на Обединети нации во Женева, во тек се разговори за повторно воспоставување прекин на огнот во Сирија, особено во провинцијата Алепо, која стана главно бојно поле на граѓанската војна во таа земја. Кери, кој се состана со специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, рече дека сирискиот режим...

Во Киев загинаа тројца украински војници

Тројца украински војници загинаа, а шест се ранети во најновиот конфликт помеѓу проруските и владините сили на истокот на Украина, соопшти војската во Киев. Портпаролот на украинската војска, Олександр Мотузјаник, на новинарите им рекол дека во последните 24 часа убиени биле тројца, а ранети шест војници. Тој додал дека повторно дошло до ескалација на конфликтот на линијата на фронтот. Новите инциденти и...

Руската војска ја напушта Сирија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска му нареди на министерството за одбрана да започне со повлекување на руските сили од Сирија. - Задачата што им беше доверена на Министерството за одбрана и на вооружените сили е целосно исполнета, затоа наредив да се започне со повлекување на главнината на нашите сили од Сириската Арапска Република - изјави Путин по средбата министрите за...

Шилегов: Уставниот судија Јосифовски е партиски поврзан со ВМРО-ДПМНЕ

Јован Јосифовски, судија на Уставниот суд, и Елена Гошева, претседателка на Уставниот суд, имаат конфликт на интереси и треба да си поднесат оставки, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Како што рече Шилегов, Јосифовски и неговото семејство се партиски поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, поради што тој не може „непристрасно, објективно и во согласност со закон да одлучува за...

Пакистанскиот претседател ќе посредува меѓу Саудиска Арабија и Иран

Наваз Шариф, премиерот на Пакистан, в понеделник ќе отпатува во Саудиска Арабија каде што ќе се сретне со кралот Салмин, а во вторник во Иран за во Техеран да се сретне со претседателот Хасан Рохани. Посетата на Шариф е за да ја смири напнатоста меѓу двете сопернички сили. Во соопштението на пакистанската дипломатија се вели дека неодамнешната ескалација на напнатоста меѓу Саудиска...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...