Шилегов: Уставниот судија Јосифовски е партиски поврзан со ВМРО-ДПМНЕ

-

Јован Јосифовски, судија на Уставниот суд, и Елена Гошева, претседателка на Уставниот суд, имаат конфликт на интереси и треба да си поднесат оставки, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Како што рече Шилегов, Јосифовски и неговото семејство се партиски поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, поради што тој не може „непристрасно, објективно и во согласност со закон да одлучува за изборниот криминал на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Од 2006 до 2012 година, Јован Јосифовски бил претседател и член на Државната изборна комисија (ДИК) предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал на избори кои се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности. За уставен судија е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ, во отсуство на пратениците од опозицијата во 2012 година – рече Шилегов.

Портпаролот на СДСМ посочи дека синот на Јован Јосифовски, Борис Јосифовски, е генерален секретар во кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Борис Јосифовски, според Шилегов, бил и советник во Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да имаше Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет, сам ќе си поднесеше оствка или, во најмала рака, ќе се самоизземеше по одлучувањето за иницијативата за измени во Законот за помилување. Срамна е одлуката на Уставниот суд со која не може и не смее да се заштити Никола Груевски од изборниот криминал – рече Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали СДСМ ќе предложи закон со кој ќе се оневзоможи конфликтот на интереси, Шилегов рече дека „СДСМ во овој момент со ова владејачко мнозинство во Собранието и да сака не може да издејствува такво законско решение“.

Митева: Воспоставена е комуникацијата со ИТ компаниите за ваучери од 250 евра за секој студент

Од страна на Владата е почната комуникација со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои до крајот на оваа година треба да финализираат и истите да резултираат со утврдување...