fbpx

Украинските сили и бунтовниците го кршат примирјето

-

Украинската влада и проруските бунтовници на истокот на земјата соопштија дека се крши новото примирје.

Украинската артилерија од петокот на полноќ, кога беше воспоставено за примирјето, ги гаѓаше положбите на бунтовниците најмалку 140 пати, јавува агенцијата „Доњецк“.

Владата во Киев првично не пријавуваше дека има кршење на примирјето, но подоцна соопшти дека бунтовниците отвориле оган четирипати на три локации.

Најмалку осум украински војници загинаа, а еден е ранет во борбите во последните седум дена, поради што владата и бунтовниците во средата постигнаа договор за примирје.

Од почетокот на конфликтот во Украина во 2014 година, загинаа повеќе од 9.600 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...