вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: комуникација | 23 резултати

Промовирана апликацијата „Сиборд“ за унапредување на инклузивноста на децата со попреченост

мај 12, 2022

Претставништвото на УНИЦЕФ и партнерите, организацијата „Отворете ги прозорците“ во Северна Македонија денес го промовираа имплементирањето на дигиталната апликација и алатка за асистивна технологија, „Сиборд“, креирана за да им помогне на децата кои имаат тешкотии во комуникацијата и нарушувања на говорот за да можат да комуницираат и да ги искажат своите потреби, чувства и мисли. […]

Фондацијата Метаморфозис со иницијатива за користење на канали за брза комуникација помеѓу институциите и новинарите

септември 23, 2021

Фондацијата Метаморфозис започна иницијатива за користење на канали за брза комуникација (instant messaging) помеѓу институциите и новинарите со цел проверка на вистинитоста на содржини пласирани во јавноста, велат од Советот за етика во медиумите. „Креирани се четири затворени WhatsApp групи на следните теми кои се од посебен општествен интерес за државата и граѓаните: (1) ковид-19, […]

Кога не одговараат на мејл, студентите им се обраќаат на професорите преку социјалните мрежи

ноември 12, 2020

Во услови кога студентите преку електронските алатки ги следат предавањата, а и на тој начин ги полагаат испитите и колоквиумите, многу важен сегмент е комуникацијата што ја остваруваат со професорите и асистентите. Дел студентите успеваат да одржат двонасочна комуникација со нив, но во случај кога имаат потешкотии тоа да го направат преку e-mail, комуникацијата се […]

Твитерот на Никола Димитров со признание за најдобро управуван профил за дигитална дипломатија

август 6, 2020

Анализата што ја објави блогот „Дигитална Дипломатија“ покажува дека официјалните профили на социјалните мрежи на Република Северна Македонија имаат најдобра дипломатска пракса. Со умешна комуникација на дипломатијата и нивните дипломатски активности, тие го заслужуваат највисокиот рејтинг на сите рангирани субјекти. Оттаму појаснуваат дека рангирана е и вештината на комуникација на социјалните мрежи, како и квалитетот […]

ЗНМ: Агенцијата за филм продолжува со закани и непримерна комуникација со медиумите

јули 29, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), повторно ја осудува непримерната јавна комуникација на Агенцијата за филм која на сличен начин како и минатиот пат, преку непотпишано соопштение објавено на 27 јули 2020 година, јавно се пресметува со он-лајн медиумите sdk.mk, mkd.mk и radiomof.mk. „Лошата пракса која ја има Агенцијата за филм во начинот на комуникација […]

СКМ два пати неделно ќе соопштува бројки, коментари и свои ставови за економијата

мај 5, 2020

Стопанската комора на Македонија (СКМ) информира дека започнува нов начин на комуникација со медиумите и поинаков формат на обраќање кон јавноста за актуелните состојби во државава, особено во економската сфера. Тие ќе бидат кратки и ќе содржат четири важни поенти: Бројки на денот, Коментар на денот, Споредба на денот и Наш став. Се планираат по […]

Владата формира работна група за тендер за избор на универзален снабдувач со струја

мај 23, 2018

На вчерашната 69. седница, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата во врска со формирање на работна група која ќе подготви тендерска документација за спроведување на тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија. „Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен на економски прашања е задолжен […]

Мигрантските рути се затворени, владите во регионот ќе разменуваат информации

април 4, 2018

Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) ги поддржува шесте влади од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија во усогласување на правната рамка со законодавството на Европска Унија, во изградбата на институции и персонал, како и размена на информации за мигрантите кои поминуваат низ овие држави. На денешната презентација […]

Мицкоски отворен за постојана комуникација со претставниците на ЕУ во Македонија

јануари 23, 2018

Македонско-германските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на земјава биле темите за кои на денешаната средба разговарале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Германија во Македонија, Томас Герберих. Двајцата соговорници констатирале дека и во иднина ќе продолжат постојаните контакти и комуникации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и амбасадата на Германија, како и со претставниците на […]

Бизнисмените бараат побрза и поефикасна комуникација со администрaцијата

јануари 15, 2018

Планот за економски раст на Владата ги содржи барањата на бизнис-заедницата, информираше денеска директорката на Стопанска комора на Македонија, Елена Милевска Штрбевска. Таа додаде дека од јуни до крајот на 2017 година, од Стопанска комора до Владата поднеле 19 иницијативи и ниту една од нив не е одбиена, но реализацијата, како што кажа, треба да биде побрза. […]

Димитров и Коѕиас разговарале за комуникациските механизми меѓу двете земји

ноември 13, 2017

Комуникациските модалитети меѓу двете земји, како и комуникациските механизми во рамки на Европската Унија биле дел од темите за кои денеска разговарале министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои се сретнаа на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ во Брисел. – Разговаравме за […]

Нема информации за настрадани македонски државјани во земјотресот во Мексико, соопшти МНР

септември 20, 2017

Македонската амбасада во Соединетите Американски Држави до овој момент нема сознанија за македонски државајни погодени од земјотресот во Мексико, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи. „Македонската амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации. Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската […]

Заев и Вучиќ во „долг и отворен“ разговор се договориле за дијалог и соработка

август 23, 2017

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале „долго и отворено“, за време на денешниот телефонски разговор, во кој ги разгледале сите „новононастанати околности“ во односите меѓу двете земји, Во заедничкото соопштение по разговорот, се наведува дека Заев и Вучиќ постигнале согласност околу пет точки. Тие се договориле дека Македонија и Србија исклучиво […]

Николиќ сè уште чека договор, Вучиќ и натаму молчи

февруари 16, 2017

Претседателот на Србија Томислав Николиќ, по синоќешната неофицијална најава дека има намера повторно да се кандидира за шеф на државата, денеска изјави дека и понатаму чека договор со премиерот на земјата, Александар Вучиќ, кого врвот на неговата партија – Српската напредна странка (СНС) го предложи за претседателски кандидат. Вучиќ сè уште не излегол со став […]

Попоски: Доаѓањето на Коѕиас е знак за зголемената комуникација меѓу двете земји

август 24, 2016

Утрешната посета на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, на земјава, е показател за зголемената политичка комуникација и дел од мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, пред почетокот на Амбасадорскиот совет, кој ќе се одржува во наредните три дена. – Посетата на грчкиот […]

Русија подготвува економски санкции кон Турција

ноември 26, 2015

Русија подготвува економски санкции од „широк опсег“ кон Турција, по инцидентот пред два дена, во кој беше соборен руски воен авион на турско-сириската граница, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на изјава на рускиот премиер, Дмитри Медведев. Медведев, како што пренесува „Би-Би-Си“, денеска изјавил дека мерките ќе бидат подготвени за неколку дена, а можно е со […]

„Викиликс“: Среде скандали и афери, македонската царина набавува опрема за следење и за прислушување

јули 10, 2015

Македонската царина набавува опрема за следење и за прислушување, односно за спроведување посебни истражни мерки (ПИМ), може да се види од е-мејл комуникацијата меѓу претставник на фирмата „Навајо технолоџис“ и италијанската „Хакинг тим“, чии мејлови,  што можат да се пребаруваат, ги објави „Викиликс“. Според она што може да се види од преписката, извесен Александар Чоковски, директор […]

„Л’Обс“: Франција била прислушувана, но и самата прислушувала

јули 1, 2015

Франција, која според неодамнешните откритија била цел на прислушување од САД, и самата ги прислушувала комуникациите меѓу Европа и остатокот од светот, преку подморски кабли, тврди францускиот неделник „Л’Обс“ (L’Obs). „Од почетокот на 2008 година, тогашниот претседател Никола Саркози им дозволи на тајните служби при Општата управа за надворешна безбедност (ДГСЕ) да постават тајни инсталации […]

По „Пуч“, Заев комуницира преку WhatsApp и Viber

февруари 20, 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги користи апликациите за инстант пораки WhatsApp и Viber во одржувањето на секојдневната комуникација, а помалку мобилниот телефон. Заев, на прашање на „Мета“, дали тој и неговите колеги од опозицијата, по добивањето на материјалите од „бомбата“ се воздржуваат од користењето на мобилните телефони, вели дека „ниту помалку, ниту повеќе“ го користи […]

Страна 1 од 1