Фондацијата Метаморфозис со иницијатива за користење на канали за брза комуникација помеѓу институциите и новинарите

-

Фондацијата Метаморфозис започна иницијатива за користење на канали за брза комуникација (instant messaging) помеѓу институциите и новинарите со цел проверка на вистинитоста на содржини пласирани во јавноста, велат од Советот за етика во медиумите.

„Креирани се четири затворени WhatsApp групи на следните теми кои се од посебен општествен интерес за државата и граѓаните: (1) ковид-19, (2) интеграции, (3) попис и (4) животна средина. Во овие групи претставници од надлежните институции ќе одговараат на новинарски прашања со цел да се потврдат одредени информации или да се разобличат дезинформации на дадените теми. Иницијативата има за цел да ја олесни работата на новинарите и медиумските работници во однос на пристапот, добивање и размена на брзи проверени информации,“ се вели во соопштението.

Доколку вашиот медиум е заинтересиран да се вклучи во која било од групите, пишете меил до [email protected]  со следниве информации:

–          Име на медиумот
–          Име и презиме на назначениот претставник/чка од вашата редакција за соодветната група
–          Негов/нејзин број на мобилен телефон што ќе биде во употреба за комуникација
–          Група/групи за кои го пријавувате новинарот.

Заради веродостојна и професионална комуникација, назначените претставници треба да се вработени во медиумите кои се членови на Про-медиа Регистарот на професионални медиуим. 

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...