fbpx
Таг: ЈСП Скопје

таг: ЈСП Скопје

Билетот за едно возење од денеска може да се користи на сите линии на ЈСП

Откако беше пуштен во пробна употреба на дел од линиите од скопскиот јавен превоз, билетот за едно возење од денес може да се користи на сите градско-приградски линии во Скопје, информираат од ЈСП. Билетот за едно возење чини 50 денари и истиот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на јавното сообраќајно претпријатие. „Билетот...

За две години, нула изнајмени велосипеди и нула денари заработка за „Градски паркинг“ (инфографик)

И покрај тоа што Градот Скопје има поставено цел до 2021 година дури 5 отсто од вкупниот број на патувања на граѓаните да бидат со велосипеди, во реалноста бројките покажуваат дека јавниот систем за изнајмување велосипеди не функционира веќе две години. Остварените приходи на ЈП „Градски паркинг“ од изнајмување велосипеди во 2018 и 2019 година изнесувале 0 денари, а...

Со новите МАН автобуси и мобилната апликација, ЈСП очекува да се зголеми бројот на патници (инфографик)

Со автобусите на ЈСП - Скопје лани биле превезени над 44,1 милиони патници или за околу половина милион помалку во споредба со 2018 година. Трендот на намалување на превезените патници трае минимум шест години наназад, при што од ЈСП се надеваат дека ваквата негативна состојба ќе биде сопрена годинава со набавката на новите МАН автобуси и воведувањето на новите...

„Скопска“ купена пред повеќе од четири години ќе мора да се замени со нова

Граѓаните кои први ја набавиле персонализираната картичка „Скопска“ за користење на јавниот превоз пред повеќе од четири години ќе мора да ја променат со нова. ЈСП - Скопје во моментов е во процедура за набавка на нови електронски картички и билети, со тендер што беше распишан до 30 јануари. Новите картички сукцесивно ќе се набавуваат, а со цел да...

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

ЈСП - Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, кои во многу скоро...

„МАН“ во март ќе ги испорача првите 6 еко-автобуси за ЈСП – Скопје

За два месеца ќе пристигнат првите 6 еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ за обнова на возниот парк на ЈСП - Скопје, информираат од Град Скопје за „Мета.мк“. Градските власти велат дека испораката на автобусите ќе се одвива во согласност со договорот потпишан кон крајот на септември минатата година. Новите автобуси ќе пристигнуваат етапно и ќе се пуштаат во...

Скопскиот јавен превоз на 1, 6 и 7 јануари по неделен зимски возен ред

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од скопскиот јавен превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот, а изменето работно време ќе има и Жичарницата на Водно, информираат од ЈСП - Скопје. Ноќните линии на 31 декември (вторник) кон 1 јануари (среда) ќе сообраќаат по возен ред како во сабота кон недела. На 1 јануари (среда) автобусите...

Цел месец доцни воведувањето на билетот за едно возење во скопскиот јавен превоз

ЈСП - Скопје засега нема информација кога ќе започне употребата на новите хартиени билети за едно возење во јавниот превоз. Веќе еден месец доцни воведувањето на ветениот билет, заедно со ставањето во функција на новата мобилна апликација за јавниот превоз и можноста за надополнување на средства на картичката „Скопска“ од страна на самите граѓани. Од ЈСП - Скопје за „Мета.мк“...

Скопскиот јавен превоз за девет месеци изгубил 530.000 патници (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Скопскиот јавен превоз станува сѐ понеатрактивен за користење од граѓаните. Во првите девет месеци од годинава се превезени за 530.000 помалку патници во споредба со идентичниот период лани. Како што веќе објави „Мета.мк“, градските автобуси од година во година превезуваат помал број на патници, при што бројот на граѓани што патувале со градско - приградскиот превоз во Скопје во...

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација. Од ЈСП - Скопје...

На пролет ќе почне воведувањето систем на ЈСП за изнајмување велосипеди во Скопје

ЈСП - Скопје ги врши подготвителните активности за отпочнување на процедурата за изработка на проект за воведување на систем за изнајмување велосипеди. Јавните велосипеди би биле достапни на 30 локации низ Скопје, а би се изнајмувале со кредитна и дебитна картичка или со СМС порака. Покрај автоматизиран систем за изнајмување, идните велосипеди би имале систем за позиционирање (ГПС) за...

Од 1 ноември повторно хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз

Граѓаните од 1 ноември повторно ќе можат да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од скопскиот јавен превоз. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес посочи дека реализацијата на тендерот за оваа намена е при крај. Во моментов се одвива тест-периодот, а цената на билетот за едно возење ќе биде утврдена на утрешната седница на Советот на град Скопје. Билетот...

33 еко автобуси на гас ќе добие ЈСП најдоцна до април 2020 година

Граѓаните на Скопје најдоцна до април 2020 година ќе се возат во новите еколошки автобуси набавени од германскиот производител „МАН“. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска го потпиша договорот за набавка на 21 единечен и 12 зглобни автобуси со ЕУРО 6 мотори, кои речиси воопшто нема да го загадуваат воздухот во Скопје со планираното намалување за 700 отсто на испуштените...

Со германски „МАН“ автобуси ќе се обновува возниот парк на ЈСП

ЈСП - Скопје ќе добие нови единечни и зглобни автобуси од германскиот производител „МАН“. Хрватската компанија „Ауто Хрватска“, генерален застапник за автобуските марки „МАН“, „Отокар“ и „Неоплан“, е победник на тендерот за набавка на нископодни CNG автобуси на компримиран гас за јавниот превоз во Скопје. Хрватите во втората фаза од тендерот доставиле понуда за новите автобуси во висина од 9,85...

Јавниот превоз во Скопје во првото полугодие изгубил речиси 300.000 патници

И во 2019 година продолжил трендот на опаѓање на бројот на патници што го користат јавниот превоз во Скопје. Според последниот Финансиски извештај на ЈСП - Скопје, со градските автобуси во периодот јануари - јуни 2019 година патувале 22.271.180 патници, односно за 1,3 отсто помалку во однос на идентичниот период лани. Во скопскиот јавен превоз годинава биле превезени над...

Комбинираниот билет за воз и автобус во Скопје ќе чека подобри времиња

Воведувањето на комбиран билет за воз и јавен превоз во Скопје засега ќе остане само една добра замисла. И покрај тоа што пролетва и Градот Скопје и Железници на РСМ - Транспорт пројавија интерес за еден ваков проект, во моментов нема никаков конкретен чекор што е преземен кон профункционирање на можноста граѓаните со една карта да извршат трансфер од...

Булеварот кај Бит – пазар утре ќе биде затворен за сообраќај во правец од Центар кон Чаир

Булеварот „Крсте Мисирков“ во текот на утрешниот ден, почнувајќи од 8.30 часот, ќе биде затворен за сообраќај во правецот од крстосницата кај Судска палата кон Бит - пазар. Времениот сообраќаен режим на оваа сообраќајница ќе трае до петок, 23 август, до 8.30 часот. Сите автобуси од јавниот градски превоз што сообраќаат преку Бит - пазар утре ќе возат по изменети...

Картичката „Скопска“ ќе може да се надополни на над 20 нови локации

ЈСП Скопје ја прошири секундарната продажна мрежа за над 20 дополнителни локации (маркети, трафики и слично) низ скопските општини. Покрај тоа што ќе можат да ја купат картичката „Скопска“ на овие локации, граѓаните ќе можат и да ја надополнат картичката, без притоа да треба да одат до некоја од билетарниците на ЈСП Скопје. Како што информираат од ЈСП Скопје, граѓаните...

„Телеком“ ќе прави билети за едно возење за ЈСП и нова Андроид апликација

„Македонски Телеком“ го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра за подготовка на нова Андроид апликација за паметни телефони, за воведување на 300.000 електронски хартиени билети за едно возење и за набавка на нови валидатори за картичката „Скопска“ за јавниот превоз. ЈСП - Скопје на почетокот од јули го склучило договорот, со кој од претстојнава есен на граѓаните повторно ќе...

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Фото: Борче Поповски
Во автобусите на ЈСП - Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...