fbpx

Булеварот кај Бит – пазар утре ќе биде затворен за сообраќај во правец од Центар кон Чаир

Сите автобуси од јавниот градски превоз што сообраќаат преку Бит-пазар утре ќе возат по изменети траси. Од ЈСП - Скопје соопштуваат дека сите автобуси ќе бидат пренасочени преку булеварот „Гоце Делчев“ и Скопскиот Саем

-

Булеварот „Крсте Мисирков“ во текот на утрешниот ден, почнувајќи од 8.30 часот, ќе биде затворен за сообраќај во правецот од крстосницата кај Судска палата кон Бит – пазар. Времениот сообраќаен режим на оваа сообраќајница ќе трае до петок, 23 август, до 8.30 часот.

Сите автобуси од јавниот градски превоз што сообраќаат преку Бит – пазар утре ќе возат по изменети траси. Од ЈСП – Скопје соопштуваат дека сите автобуси ќе бидат пренасочени преку булеварот „Гоце Делчев“ и Скопскиот Саем.

Времениот сообраќаен режим е воведен поради реконструкцијата на булеварот „Крсте Мисирков“, која опфаќа менување на асфалтот на коловозот во должина од 1.350 метри. Од Град Скопје очекуваат за многу краток период да се постави завршниот асфалтен слој на оваа сообраќајница во правецот од Центар кон Чаир, по што ќе отпочне реконструкцијата на коловозот во обратна насока.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...