fbpx

На пролет ќе почне воведувањето систем на ЈСП за изнајмување велосипеди во Скопје

-

ЈСП – Скопје ги врши подготвителните активности за отпочнување на процедурата за изработка на проект за воведување на систем за изнајмување велосипеди. Јавните велосипеди би биле достапни на 30 локации низ Скопје, а би се изнајмувале со кредитна и дебитна картичка или со СМС порака. Покрај автоматизиран систем за изнајмување, идните велосипеди би имале систем за позиционирање (ГПС) за да се оневозможи нивното крадење.

Од ЈСП за „Мета.мк“ велат дека во моментов вршат анализа на терен од досегашниот начин на функционирање на системот за изнајмување велосипеди, ја прибираат потребната документација и ги утврдуваат деталите за овој проект.

– Од сегашна перспектива, неблагодарно е да прецизираме кога би стартувал проектот. Извесно е дека неговата реализација на терен се очекува на пролет – нагласуваат од ЈСП – Скопје.

Градот Скопје во јуни годинава воведе измени во досегашниот систем за изнајмување велосипеди, со кој дотогаш управуваше ЈП „Градски паркинг“. Промената на претпријатието што управува со проектот е со цел велосипедите за изнајмување да се интегрираат со јавниот градски превоз во Скопје, а граѓаните да имаат повеќе алтернативи како средство за транспорт.

Властите пролетва информираа дека идниот систем би имал апликација за мобилни телефони, со која граѓаните ќе можат на Интернет да проверат на кој пункт има слободни велосипеди за изнајмување. Дополнително, граѓаните би можеле да го остават својот изнајмен велосипед на било кој пункт низ Скопје. За реализација на проектот, ЈСП – Скопје ќе добие субвенции од градскиот буџет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...