fbpx
Таг: избор

таг: избор

Судски совет: Нема законски услови за избор на нов претседател на Врховниот суд

Судскиот совет на Северна Македонија, речиси два месеци по разрешувањето на Јово Вангеловски, сè уште не објавил конкурс за нов претседател на Врховниот суд, пренесува „Порталб.мк“. Од 10 септември, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во земјата, и понатаму ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет смета дека сè уште нема законски услови за објавување оглас за нов претседател. „Кога ќе се...

Ацо Колевски е новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители. На денешното тајно гласање, Колевски едногласно ја доби довербата од 10-те членови на Советот. Тој ја наследува функцијата од досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, чиј мандат веќе заврши. Мандатот на новиот претседател на Советот на јавни обвинители трае две години, без право на повторен избор. Ацо...

Адеми: Не градоначалниците, туку наставниците ќе ги избираат директорите

Новиот закон за основно образование носи промена во начинот на избор на директорите на училиштата. Тоа денеска во Штип го најави министерот за образование и наука Арбер Адеми, нарекувајќи го новиот систем „департизација на училиштата“. За тоа кој ќе биде новиот менаџер во училиштата, според предлог-законот, ќе одлучуваат наставниците. -Во делот на деполитизација и департизација на училиштата, има големи промени од...

ЦО на СДСМ синоќа избра Извршен одбор на партијата како и повеќе секретари

Централниот одбор на СДСМ синоќа на седница избра Извршен одбор на партијата, организационен секретар, секретар за меѓународна соработка и Директор на центарот за истражување и аналитики на Социјалдемократскиот Сојуз. - Денеска избравме 16 членови на Извршниот одбор од кои што девет се жени. Сакаме да ја испратиме пораката на користењето на еднаквиот капацитет на државата помеѓу мажите и жените, заради...

Пендаровски: Ќе им служам посветено на сите, ќе обединувам и нема да делам

На кристално чисти, фер, демократски избори победија граѓаните, свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите, рече вечерва Стево Пендаровски од партиското седиште на СДСМ каде што се славеше неговата изборна победа на претседателските избори. - Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединам нема да делам, ќе бидам фактор на стабилност не на кризи....

ЗНМ го предлага Насер Селмани во Советот на АВМУ

Бурна расправа на Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) предизвикала точката за предлог на новинарското здружение за член во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Од пет пријавени кандидати на отворениот повик, мнозинството на Управниот одбор одлучило да го предложи поранешниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани. Одлуката не била едногласна, туку во сооднос шест членови за,...

Новите членови на Антикорупциска комисија дадоа свечена изјава во Собранието

Новоизбраните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево во Собранието дадоа свечена изјава. Тие беа избрани претходно на пленарна седница со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден глас против. Претседателка на Комисијата е Билјана Ивановска, а членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Салаи Шемши. Новите антикорупционери имаат мандат од пет години,...

ЗНМ го потврди Младен Чадиковски за претседател, Фиљана Кока избрана за заменик

Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија на својата конститутивна седница одржана вчера, со автентично толкување на Статутот на организацијата, го прогласи Младен Чадиковски за легитимно избран претседател, со мнозинство гласови од редовните членови присутни во моментот на гласањето. „На конститутивната седница присуствуваа сите членови на Управниот одбор и сите одлуки беа донесени едногласно. Одлуката за потврдување на легитимноста...

Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на ОТА

Со 83 гласа „за“, Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА), чиј што мандат ќе биде пет години. Предлогот, Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати. По изборот на Ангеловски, 59. седница беше прекината и ќе...

Членовите на ДИК денеска ќе стапат на функција

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија денеска ќе даваат свечени изјави во Собранието по што ќе ја одржат првата седница. Членовите на ДИК беа избрани во средата со 100 гласа „за“ откако партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел односно со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори. Претседател на Комисијата...

41 пријавени кандидати за членови на ДИК

Поранешниот претседател на ДИК, Борис Кондарко, советникот во Уставниот суд Југослав Миленковиќ и поранешните членови на Комисијата за лустрација Јанакие Витановски и Чедомир Дамјановски се најдоа на листата на 41 кандидат кои се пријавиле на огласот за нови членови на ДИК. Во документот до кој дојде „Телма“, меѓу пријавените е само еден поранешен член на ова тело, Ермира Асани Салија...

Предлогот за именување на гувернер ставен на денешната 46. седница

Предлог за именување гувернер на Народната банка е ставен како претпоследна, 39 точка на дневниот ред на 46. собраниска седница. Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат, се откажа од кандидатурата по реакциите и полемиките во јавноста за негов повторен избор. Ангеловска Бежоска осум години е на функцијата вицегувернер во Народната...

Заев и Иванов денеска ќе разговараат околу предлогот за нов гувернер на НБМ

На барање на премиерот Зоран Заев, денеска ќе се одржи втора средба со претседателот Ѓорге Иванов за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка. - Верувам дека по пат на кохабитацијата и дијалогот кој што го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на парламентарното мнозинство да избере гувернер....

Анѓушев: Во моментов, Регулаторната комисија за енергетика е зависна од опозицијата

Со стапување во сила на новиот закон за енергетика, кој беше усвоен на владина седница минатата недела и кој треба да биде изгласан во Собранието, ќе престане мандатот на претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика (РКЕ), Димитар Петров. Потоа, Владата ќе има рок од 30 дена да достави до Собранието предлог за нов претседател и двајца членови на РКЕ. На...

Собранието го избра Насер Ајдари за нов уставен судија

Собранието на денешната пленарна седница го избра судијата Насер Ајдари за судија во Уставниот суд. Ајдари беше изгласан со 62 пратеници „за“, без против и воздржани и 22 пратеници „за“ од немнозинските заедници. За предлогот Ајдари да биде уставен судија немаше пријавени пратеници за расправа. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потенцирашe дека по изборот за уставен судија, на Ајдари престанува да...

Собранието ги избра Мисовски, Ременски и Мемеди за потпретседатели

Пратениците во Собранието на денешната седница избраа тројца потпретседатели - Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски, Весел Мемеди. Ниту еден од пратениците во Собранието не се пријави на отворената расправа за предлозите за потпретседатели. За Мисоски, Ташевска Ременски и Мемеди гласаа 61 пратеник, а еден беше воздржан. Новите потпретседатели по изборот дадоа свечена изјава, а пратениците ги поздравија со аплауз.

Кадриу: Функцијата ќе ја извршувам одговорно, сметам дека Законот за јазиците е уставен

Новоизбраниот уставен судија, професорот Осман Кадриу откако положи свечена заклетва во Собранието, изјави дека функцијата ќе ја извршува одговорно и согласно принципите на правната држава. – Покрај привилегиите што го има во битието на оваа функција, овде има компонента на одговорност. Тој мора да биде одговорен, бидејќи вредностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се остварува интересот на...

Кахремани добивал закани по живот откако станал в.д. претседател на Беса

Вршителот на должност претседател на Движењето Беса, Неџмедин Кахремани денеска извести дека по неговиот избор за в.д. престедател, од вчера имал сериозни закани по живот за него и семејството. - Ги поздравувам сите лица кои ми се закануваат и тие се веќе пријавени во полиција. Со овој случај е запознат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а ќе бидат известени и сите дипломатско-конзуларни претставништва,...

Советот за безбедност на ОН има шест нови земји-членки

Советот за безбедност на Обединетите Нации има шест нови членки Екваторска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Кувајт, Перу и Полска. Знамињата на овие земји, денеска беа поставени пред седиштето на ОН во Њујорк. Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај го завршија својот мандат минатата година. Советот за безбедност на ОН има 15 членки помеѓу кои и постојаните Кина, Франција, Русија,...

Христијан Мицкоски е новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Со 376 гласа „за“ Христијан Мицкоски е избран за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше единствениот кандидат кој делегатите може да го заокружат на гласачкото ливче. На вонредниот 16 конгрес на партијата кој се одржуваше во Валандово, од пријавените 438 делегати, за Мицкоски гласале 376, неважечки биле 52 ливчиња, а девет делегати воопшто не гласале. ВМРО-ДПМНЕ има вкупно 544 делегати. Мицкоски...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...