fbpx
Таг: избор

таг: избор

Директорот на Агенцијата за следење на комуникациите (ОТА) ќе го избира Собранието

Со новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) преку која ќе се врши следењето на комуникациите ќе раководи директор што ќе го избира и ќе го разрешува Собранието, стои во предлог-законот за новата агенција, кој наскоро треба да се најде пред пратениците. Директорот, како што е наведено во законот, ќе се избира преку јавен оглас. Неговиот мандат ќе трае пет години, без право на...

Судскиот совет на 8 ноември ќе одлучува за избор на претседател на Кривичниот суд

Судскиот совет за идната среда ја закажа „итната седница“ на која ќе биде разгледана оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопje 1, Стојанче Рибарев. Според дневниот ред, на седницата ќе биде усвоена и конечната ранг-листа на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1, а ќе биде донесена и одлука за избор на претседател на судот, по огласот што...

Итната седница на Судскиот совет за оставката на Рибарев – следната недела

Судскиот совет сè уште не ја закажал итната седница по оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, а како што изјави претседателот на Советот, Зоран Караџовски, таа најверојатно нема да биде одржана денеска и ќе биде закажана од понеделник. Во врска со тоа какво ќе биде решението на Судскиот совет околу изборот на шеф на Кривичниот...

Новата директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј, победи со два гласа разлика

Поранешната министерка за култура на Франција, Одри Азулеј, е избрана за нова директорка на УНЕСКО. Таа на гласањето го победи кандидатот од Катар, исто така поранешен министер за култура, Абдулазиз ал Кавари. Азулеј освои 30 гласови, наспроти 28 гласови колку што доби Ал Кавари, иако арапските држави лобираа на чело на УНЕСКО да дојде некој од тој регион. Генералното собрание на УНЕСКО...

Собраниските служби и официјално најавија дека денеска ќе се гласа за Зврлевски

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржи 13-то продолжение на 6-тата седница, на кое би требало да се гласа за разрешувањето на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, според вчерашната најава од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Прво, според денешната најава на собраниските служби, ќе одржи продолжението на 8-та седница, на чиј дневен ред се 12 точки, меѓу...

Во Собранието денеска ќе се гласа за заменик-министрите

Петтата седница на Собранието на Република Македонија, почната вчера со обемна агенда, продолжува денеска, а на дневен ред е и изборот на заменик-министрите во Владата предводена од Зоран Заев. Пред гласањето за министрите, на дневен ред се годишни извештаи за 2016 година на државни совети, комисии или агенции, меѓу кои и на Комисијата за спречување на корупцијата, како и извештајот...

Туск и Јункер му го честитаа на Заев изборот за премиер

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, денеска испратиле честитка до Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и за формирањето на новата Влада. „Формирањето на новата Влада нуди можност за придвижување надвор од рамките на политичката борба што ја држеше земјата назад толку долго. Наредниот период ѝ нуди на новата Влада можност...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ двапати за еден месец го понижи Собранието

„Во вода паднаа најавите за транспарентност и за отчетност на СДС и на коалициските партнери од новото собраниско мнозинство. СДС вторпат го понижи и го деградира Собранието на Република Македонија за само еден месец“, порача ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение денеска. Партијата вели дека СДСМ ги погазил Уставот, деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание со изборот на...

Џафери и Заев премиерно ја отвораат новата политичка сезона во Собранието

Во Собранието на Република Македонија, денеска, во 11 часот, почнува постапката на избор на новата влада, која, според член 112 од деловникот на Собранието, може да трае најмногу два дена. Оваа седница е првата со која ќе претседава Талат Џафери од ДУИ и првата на која Зоран Заев се обраќа во својство на мандатар. По подолга политичка криза, во која и...

Собраниска седница за избор на владата утре во 11 часот

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, вчера од мандатарот за составување на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, го добил предлогот за состав на владата и програмата за нејзиниот мандат. Џафери веднаш двата документа ги доставил до пратениците, а седницата за избор на владата ја свикал за утре, во 11 часот, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Трамп уверува дека потрагата за нов шеф на ФБИ се одвива брзо

Претседателот на Соединетите Aмерикански Држави, Доналд Трамп, изјави дека неговата потрага за нов шеф на ФБИ се одвива брзо. - Процесот се одвива брзо – изјави Трамп. Американскиот претседател претходно изјави дека сака бргу да именува нов директор на ФБИ на местото на сменетиот Џејмс Коми, напомнувајќи дека тоа би можело да се случи до петок, а веќе почнал и со разговори...

Само Заев кандидиран за претседател на СДСМ, поддршка од сите општински комитети?

Засега не можеме да излеземе со информации, затоа што треба да провериме какви пријави се стигнати на конкурсот. Дури од утре ќе може да дадеме соодветни информации, изјави пред малку портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашањето колку кандидатури за претседател на партијата и за членови на централниот и на надзорниот одбор на СДСМ се пристигнати до вчера, кога...

Тодор Петров со иницијатива до Уставниот суд го оспори изборот на Џафери за спикер

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров поднел иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Тој од судот барал да ја поништи одлуката за изборот на Џафери за претседател на Собранието, која беше објавена во „Службен весник“. Петров за телевизија „Телма“  изјавил дека очекува судот да ја прифати неговата иницијатива. Шефот на кабинет...

СДСМ: Нелегални се блокадите и насилството, а не изборот на Џафери

„Новиот претседател на Собранието е избран легално и легитимно според Уставот, законите и деловникот. Според Уставот, деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска влада“, порача СДСМ во одговор на денешната прес-конференција на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. Илиоски обвини дека СДСМ и Горан Мисовски нелегално го избрале Талат Џафери за претседател на Собранието и дека на тој начин „покажаа...

Излезе „Службен весник“ со одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието

Излезе новиот број на „Службен весник на Република Македонија“ во кој е објавена одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. На веб-страницата на „Службен весник“ се објавени содржините од најновиот број, во кој е и одлуката. Како што пренесоа дел од медиумите, изданието било отпечатено синоќа, во печатницата на „Графички центар“. Одлуката од страна на...

Контраспин: Груевски владееше „диктаторски“, за другите – ќе видиме

„Само диктатори се опираат до последно за да се симнат од тронот и да се согласат да заминат во опозиција. За тоа има премногу јасни показатели за целата домашна и меѓународна просветлена јавност“, пишува „Вистиномер“. „Статусот на фејсбук-страницата на Никола Груевски е наменет за да укаже дека начинот на гласање и на устоличување на Талат Џафери за претседател на Собранието...

ВМРО-ДПМНЕ: Преседанот со изборот на Џафери води кон уште поголема нестабилност

Преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, надвор од сите пропишани процедури, води кои други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Ова денеска го истакнала делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата, Никола Груевски, на средбата со високите претставници на Делегацијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата, како што соопштија од...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Мисовски и Мухиќ ги испровоцираа граѓаните и мора кривично да одговараат

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржал седница на која се расправало за актуелната политичка состојба, информираат од партијата. Оттаму велат дека централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осудил нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието, кој, според партијата, претставува насилство врз институциите, пред сè Уставот, законите и пропишаниот деловник. „Непочитувањето на Уставот е непочитување на државата Македонија и може да претставува...

Заев за БГНЕС: Противникот не е подготвен да ја предаде власта, треба многу трпение

„Очекувам демократските процеси во државата да се одвиваат во согласност со Уставот, деловникот и со законите. Тоа значи новоизбраниот претседател на Собранието да ги добие печатите, неговиот избор да биде објавен во „Службен весник“ и потоа тој да испрати писмо до претседателот Ѓорге Иванов за да го даде мандатот за формирање нова влада“, изјавил лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Џафери по средбата со Хојт Ји: Од утре ќе се обидам да го ставам Собранието во функција

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија на Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, рече дека од утре ќе се обиде да го стави Собранието во функција и дека присуството на Ји уште еднаш ја потврдило поддршката на САД за изборот на претседател на Собранието. Џафери денеска влезе во Собранието првпат...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...