Христијан Мицкоски е новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ

-

Со 376 гласа „за“ Христијан Мицкоски е избран за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше единствениот кандидат кој делегатите може да го заокружат на гласачкото ливче.

На вонредниот 16 конгрес на партијата кој се одржуваше во Валандово, од пријавените 438 делегати, за Мицкоски гласале 376, неважечки биле 52 ливчиња, а девет делегати воопшто не гласале. ВМРО-ДПМНЕ има вкупно 544 делегати.

Мицкоски доаѓа на чело на партијата откако до сега ја извршуваше функцијата генерален секретар.

Тој доаѓа на местото на Никола Груевски кој беше лидер на ВМРО-ДПМНЕ од 2003 година, а својата оставка ја најави на почетокот на месецот откако партијата ги загуби локалните избори одржани во октомври годинава.

Мицкоски е доктор по технички науки – машинство, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје. Беше претседател на управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ. Магистрирал и докторирал на универзитети во Германија и Италија.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...