Со 83 гласа „за“, Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА), чиј што мандат ќе биде пет години.

Предлогот, Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.

По изборот на Ангеловски, 59. седница беше прекината и ќе продолжи откако надлежните собраниски комисии ќе ги разгледаат неколкуте закони кои треба да бидат донесени по скратена постапка.