fbpx
Таг: имунизација

таг: имунизација

Филипче: Вакцинацијата со „Синофарм“ ќе започне по Велигден, а во мај се очекуваат уште 26.000 дози на „Фајзер/Бионтек“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека според информациите кои ги добил од компанијата „Фајзер/Бионтек“, во мај се очекува да пристигнат 26.000 дози од нивната вакцина, при што количества од по 5.000 до 7.000 дози ќе се испорачуваат секој понеделник. Следната недела се очекуваат и 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, со што вакцинацијата со нив би започнала во...

Преку механизмот на ЕУ од Австрија ќе добиеме уште 119.000 дози на вакцини од „Фајзер“

Како дел од механизмот на Европската Унија за помош на соседните земји и Африка, Австрија денеска објави дека до крајот на август ќе испорача 651.000 дози на вакцини од производителот „Фајзер/Бионтек“. Македонија преку овој механизам е планирано да добие 119.000 дози на вакцини. Дистрибуцијата на вакцините против ковид-19 ќе почне во мај, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александер...

Пристигнаа 10.530 вакцини од Фајзер, утре почнува вакцинацијата со нив

Од утре низ вакциналните пунктови во земјава ќе продолжи имунизацијата на населението против ковид-19 со вакцините „Фајзер“. Вчера попладнето пристигнаа 10.530 вакцини „Фајзер“, која што Министерството за здравство ја обезбеди со директни преговори со производителот, информираат од ова министерство. Станува збор за прва пратка од „Фајзер“, додека втората со уште 10.000 вакцини за овој месец се очекува да пристигне на...

Преку КОВАКС механизмот, земјава до јуни треба да добие 100.620 дози од вакцината „Фајзер“

Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) планира во вториот квартал од годинава да испорача околу 14,1 милиони дози на вакцини против ковид-19 во 47 земји низ светот. Нашата земја, заедно со Босна и Херцеговина и Косово до јуни преку КОВАКС механизмот треба да добијат по 100.620 дози од вакцината „Фајзер“. Ова би значело дека на Македонија за вториот...

Филипче: Вакцината Астра Зенека нема да се дава на лица помлади од 60 години

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледувал ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината Астра Зенека. Согласно препораките на Европската агенција за лекови секоја држава да завземе сопствен став за употреба на вакцината, одлучено...

Започна вакцинацијата на наставниот кадар од прво до трето одделение

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение кој држи часови со физичко присуство, како дел од масовното вакцинирање во салата „Борис Трајковски“. „Вакцинацијата на наставниците започна од вчерашниот ден и продолжува во наредниот период. Станува збор за етапно вакцинирање при што од страна на здравствените работници се повикуваат наставниците со однапред закажан термин и...

Брисел бара единство, европските влади поделени околу ограничувањата на употребата на Астра Зенека

По вчерашната проценка на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината Астра Зенека во многу ретки случаи може да предизвика згрутчувања на крвта кај лицата што ја примиле, министрите за здравство на ЕУ одржаа вонредна виртуелна средба на која не се договорија да изготвуват заеднички упатства за употреба на оваа вакцина. Во меѓувреме, Шпанија го ограничи користењето на вакцината...

ЕМА попладнево треба да одржи брифинг за вакцината „АстраЗенека“

Европската агенција за лекови (ЕМА) попладнево во 16 часот ќе одржи брифинг за вакцината „АстраЗенека“, јавува Ројтерс, пренесува Гардијан. Од Агенцијата се очекува да ја објави новата проценка за ризик за вакцината. Посебна комисија во рамки на ЕМА врши проверка и треба да објави заклучок. Ова е моменталниот епилог од настаните откако вчера шефот на одделот за вакцини на...

(Видео) Српскиот претседател Вучиќ се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја прими вакцината против ковид-19. Како што јавуваат српските медиуми, Вучиќ се вакцинирал со вакцината на кинеската компанија „Синофарм“. „Не почувствував ништо. Исто како да не сум примил“, изјави Вучиќ. Српскиот претседател се вакцинираше во Здравствениот дом „д-р Верољуб Цакиќ“ Мајданпек.   View this post on Instagram   A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Филипче: Од 2.800 пријавени, 2.500 се вакцинирале вчера, нема датум кога ќе пристигнат следните вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека вчера се вакцинирале 2.500 граѓани, од вкупно 2.800 пријавени. Имало два случаи на колабирање, но не поврзано со вакцината туку поради паничен напад и страв. Заклучно со вчера 13.000 граѓани се вакцинирани, а 90 проценти од медицинскиот персонал кој работи во ковид-центрите е вакциниран и ревакциниран. Во салата „Борис Трајковски“ се вакцинирал и...

Продолжува вакцинацијата, на првиот ден вакцинирани околу 3.000 лица против ковид-19

Со руската вакцина „Спутник В“, вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје започна масовната вакцинација против ковид-19 на населението во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на првиот ден во просек се вакцинирале по околу 300 лица на час, или околу 3.000 лица дневно. Во текот на вчерашниот ден, вакцини против ковид-19 примиле дел од здравствените работници,...

Анкета на МЦМС: Расте заинтересираноста на граѓаните да се вакцинираат против ковид-19

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на истражувањето  „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ преку анкета ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето и со другите состојби што ги предизвика болеста ковид-19, информираат од МЦМС. Резултатите од истражувањето покажале дека половина од испитаниците целосно и донекаде имаат доверба во новите вакцини (50,4...

Србија ѝ донираше на Македонија уште 20.000 руски вакцини „Спутник V“

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 од руските вакцини Спутник V, од пристигнатите 100.000 кај нив, изјави на прес-конференција премиерот Зоран Заев кој денеска со министерот за здравство Венко Филипче ги пречекаа овие вакцини пред Институт за трансфузиологија. Од следната пратка за Србија со уште 100.000 вакцини „Спутник V“, за Македонија ќе бидат донирани уште 20.000. Заев истакна дека овие 40.000...

Филипче: Внимателни сме со „АстраЗенека“, границата со Грција се отвора на 14 мај

Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека, но сигурно кога станува збор за вакцината на „АстраЗенека“ и затоа ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна, рече предмалку во изјава министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека ќе има состанок со претставници на Агенцијата за лекови Малмед, а ќе разменат информации и директно со германското министерство...

91-годишно лице меѓу првите што се вакцинираа против ковид-19 во Штип

Виталниот 91-годишник сам дојде, ги искачи скалите од Здравствениот дом во Штип и пристигна на вториот кат на пунктот за вакцинација на закажаниот термин за да ја прими првата доза на вакцината АстраЗенека. Овој пациент беше меѓу првите кои денеска ја примија вакцината и го означија на почетокот од вакцинацијата на повозрасните граѓани во Штип. Вчера попладне во Одделот...

Пановски: Не знам зошто да не се прими втора доза на „АстраЗенека“ ако веќе е примена првата

Околу дваесет милиони луѓе само во Велика Британија се вакцинираа со „АстраЗенека“, но и илјадници други во други држави, па затоа не гледам причина да запре вакцинацијата со таа вакцина. Ова е ставот на проф. д-р Никола Пановски, по последната одлука на Министерството за здравство да ја прекине вакцинацијата на лица помлади од 60 години. Инаку, илјадници наши граѓани...

Од денеска започнува вакцинацијата со „АстраЗенека“ за граѓани над 77 години, оние под 60 години ќе бидат изземени

Денеска започнува вакцинацијата на граѓани над 77-годишна возраст со вакцината на „АстраЗенека“. Од предвидени 20.000 вакцини, до сега се закажани 5.976 термини за вакцинација. Од Министерство за здравство информираа дека до крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини. Денеска ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и...

Пановски: Се чувствував подобро по првата примена доза на „Фајзер/Бионтек“

Проф. д-р Никола Пановски, микробиологот од Медицинскиот факултет, кој од почетокот активно ги следи сите случувања поврзани со пандемијата на ковид-19, на 8 март ја примил првата доза вакцина на „Фајзер/Бионтек“. Уште по примањето на првата доза, вели дека се чувствувал подобро, а од нус појави, имал само болка во раката. Тој за „Мета.мк“ вели дека вакцината на овој...

Заев: Попишувачите ќе бидат дел од приритетните групи за вакцинирање

фото: влада на РСМ
При денешната посета на Делчево, премиерот Зоран Заев посочи дека попишувачите ќе бидат во приоритетните групи кои ќе бидат вакцинирани и дека во следните денови треба да пристигнат и други вакцини, покрај тие од „Астра Зенека“ кои се најавени дека ќе дојдат во недела. „Покрај здравствените работници, повозрасните и хронично болните, треба да се вакцинираат и попишувачите, а секако во...

Порталб: Имунитетот на ковид-19 не се развива веднаш по примањето на вакцината

Во земјава, од вкупно вакцинирани 6.760 здравствени работници, 104 биле позитивни на тестирањето на ковид-19 откако се вакцинирале. Според хемичарот Егзон Адеми тоа е сосема нормално, бидејќи според него, човечкиот организам не создава веднаш одбранбен имунитет после добивањето на вакцината. За тоа, на организмот му се потребни најмалку две недели по втората доза. Лекарот Љиридон Диша, кој веќе се...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...