fbpx
Таг: Грција

таг: Грција

Караџаферис под истрага за корупциски скандал

Лидерот на ултра-десничарската ЛАОС, Јоргос Караџаферис, е под истрага за можна вмешаност во скандал со перење пари преку офшор-компанија. Како што објави грчкиот весник „То вима“, на сметката на офшор-компанијата „Каталина лтд“, која Караџаферис ја пријавил како негова во 1990-тите во пратеничкиот имотен образец, се најдени 1,6 милиони евра за кои постои сомневање дека се мито при купување воена...

Грција ќе бара дополнителен отпис на долговите

Kако награда за спроведените оспежни мерки на штедење, Грција ќе побара дополнителен отпис на долгот. Според премиерот Андонис Самарас, неговата држава на дело го спровела „најголемо ресктруктуирање на јавниот долг во својата историја“. Тој рече дека голем предизвик е да докаже дека долгот на Грција е одржлив, со оглед на тоа дека „држава со неодржлив долг не може да се задолжува...

Маршот против хунтата во сенка на политичка и економска неизвесност

Во клима на општествено незадоволство, политичка неизвесност и на страв од нови мерки за штедење, Грција денеска ја одбележува 41-годишнината од настаните на атинската Политехника, денот кога е задушена студентската револуција против воената хунта. Ако грчките студенти, на денешен ден во 1973 година, се најдоа очи в очи со воените тенкови кои безмилосно ги рушеа портите на Политехничкиот факултет, бастионот...

Венизелос: Спорот за името нема брзо да се реши

Шефот на грчката дипломатијата Евангелос Венизелос не гледа можност за решение за спорот за името во брзо време. Венизелос во интервју за неделникот „Риал њуз“ истакнува дека поради неконструктивност од македонска страна, нема да има нови случувања и развој на настаните за побрза разврска. „Нема нов предлог од Нимиц. Нема да има брз и итен развој на настаните околу спорот за...

Дипломатите оценија: Спорот за името е главна пречка во евроинтеграциските процеси

Спорот за името со Грција е најважното прашање што Македонија мора да го реши бидејќи тоа е најголемиот проблем што ја сопира државата во процесот на пристапот кон члество во Европска Унија. Ова е генералниот заклучок од дебатата на тема „Евроинтеграциските процеси на Република Македонија од гледиштето на дипломатијата“, која ја организираше Европското движење во Република Македонија. Проф. д-р Димитар Мирчев, поранешен амбасадор...

Намалена невработеноста во Грција

На 25,9 проценти опадна стапката на невработеност во Грција во август оваа година од јулските ревидирани 26,1 отсто, соопшти грчката агенцијата за статистика. Вкупно 1,242 милиони лица биле невработенеи во текот на август. Ова е досега најниска стапката на невработеност откако Грција беше погодена од економската криза, при што невработеноста достигна до 28 проценти во септември 2013 година.  

Полицијата со солзавец против студентите во Атина

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера четириесетината студенти кои насилно се обиделе да влезат во Атинската правна школа. Објектот на правната школа вчера беше затворен во знак на одбележување на годишнината од студентското востание на 17 ноември 1973 година против воената хунта. Портпаролката на грчката влада соопшти дека нема да се дозволи владеење на „законот на џунглата“. Секоја година, во чест...

Грција: 77 години затвор за предизвикувачите на пожарот на Пелопонез

Судот во Грција им изрече затворска казна од вкупно 77 години на четворицата обвинети за пожарот на полуостровот Пелопонез во 2007 година, кој однесе 36 животи. Како што јавуваат грчките медиуми, секој од обвинетите доби повеќе од 10 години затвор. Еден од обвинетите е поранешен локален управник, додека другите тројца се поранешен градоначалник, шумар и жител на регионот што беше зафатен со пожарот.

Нимиц на Македонија ѝ предложил „Горна Република Македонија“

Последниот официјален предлог за името што посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, минатата година, го понудил до Македонија и на Грција, го објави денеска БИРН. На документот до кој дојде БИРН, стои датумот 9 април 2013 година, што се совпаѓа со датумот на заедничката средба на посредникот со претставниците на Македонија и на Грција во седиштето на ОН, по која беше...

„Гардијан“: Како Александар Македонски влијае на спорот за името

Интерент-изданието на „Гардијан“ анализира како проектот „Скопје 2014“ влијае врз односите помеѓу Македонија и Грција, пренесувајќи дека восочната фигура на Александар Велики има почесно место во македонскиот музеј, што е најновиот пример на симболичното добивање поени во спорот за името. „Љубовната врска на Никола Груевски со спомениците почна со Александар Велики. Во 2011 година, на големо чудење на Грција, македонскиот премиер...

Паѓаат малопродажните цени во Грција

Во октомври, цените во малопродажба во Грција се намалија  за 1,7 проценти. Во септември, пак, тој пад беше од 0,8 проценти, покажуваат официјалните податоци во Атина. Дефлацијата во октомври е најголема од декември минатата година, кога исто така изнесуваше 1,7 проценти, наведува грчкиот завод за статистика. Грција, која повеќе години имаше најголема инфлација во еврозоната, веќе 20 месеци бележи пад на цените,...

Грција и Кипар пред договор со Израел за слободна економска зона

Откако Грција и Кипар во текот на викендот во Каиро, потпишаа идентичен документ со Египет, што предвидува исцртување на заедничка посебна економска зона, сега се подготвуваат да потпишат спогодба со Израел, пишува весникот „Етнос“. Со оваа се отвора патот за подготовка и за реализација на новата тристрана средба, овојпат меѓу Грција, Кипар и Израел. Веста за подготвената трилатерала беше потврдена и од...

Умерен земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала ноќеска го погоди западниот дел на Грција. Засега нема информации за настрадани и за причинета материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на потресот бил западно од јонскиот остров Кефалонија, на длабочина од пет километри под морското дно. Истиот остров завчера беше погоден од земјотрес со јачина од 4,7...

Почна обдукцијата на телото за кое грчките власти тврдат дека е на Дениса

Посмртините останки, за кои грчките здравствени власти потврдија дека се на Дениса Маркоска, доцна синоќа пристигнаа во Скопје. По пристигнувањето на телото, веднаш почнала обдукцијата, која треба да ги потврди или негира наодите на грчките власти. Министерството за здравство ги одобри барањата на семејството на Дениса и нареди нова обдукција. Семејството Маркоски од Прилеп се сомнева во резултатите од обдукцијата на грчките власти...

Попоски за „Дојче веле“: Не смее да дојде до промена на Уставот за да се промени уставното име

Македонија е заинтересирана и вложува напори за решавање на спорот за името, но решението не смее да ги загрози македонските идентитетски параметри, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во интервју за „Дочје веле“. - Не смее да дојде до промена на Уставот за промена на уставното име и на клучните параметри за кои сме утврдиле дека не може да бидат предмет...

Телото на Дениса сепак не стигна во Македонија

се очекува Институтот за судска медицина да направи нова ДНК анализа
Иако се очекуваше да биде донесено во земјава, телото на 23-годишната Дениса Маркоска од Прилеп, чиј живот трагично згасна кај островот Родос, сè уште е во Грција. Настанал уште еден процедурален проблем, поради што ќе задоцни транспортот на нејзиниот труп во Македонија. Од Министерството за надворешни работи, кое го координира транспортот преку Канцеларијата за врски на Македонија за Грција, велат...

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...