На 25,9 проценти опадна стапката на невработеност во Грција во август оваа година од јулските ревидирани 26,1 отсто, соопшти грчката агенцијата за статистика.

Вкупно 1,242 милиони лица биле невработенеи во текот на август.

Ова е досега најниска стапката на невработеност откако Грција беше погодена од економската криза, при што невработеноста достигна до 28 проценти во септември 2013 година.