fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Мерките против загадување уште се на сила, рано е да се видат ефектите, велат надлежните

Во Скопје и денес важат забраните и ограничувањата на Градот Скопје и на Владата, кои стапија на сила вчера, а кои произлегуваат од итните мерки за намалување на загадувањето на воздухот по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, односно над 188 микрограми на...

Повторно ќе се делат субвенции за печки на пелети во Скопје

Градот Скопје денеска објави нов јавен повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Вакви повици за субвенции имаше неколку во последните неколку години. Ваквиот потег е со цел да се стимулираат граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување, за да се намали загадувањето на воздухот. Сите...

Град Скопје поради големото загадување препорачува да не се седи на отворено

Град Скопје издаде низа препораки за граѓаните поради големото загадување на воздухот. Препораките следуваат по соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на информирање каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 микрограми на еден кубен метар во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Скопје. Од Град Скопје...

Наумовски: Превозниците незаинтересирани за субвенциите за плински уреди во возилата

Во буџетите на Град Скопје за 2018 и за 2019 година се предвидени пари за субвенции за вградување на плински уреди со цел намалување на штетните издувни гасови, наменети за приватните автобуски превозници, но овие средства минатата година останаа неискористени, поради тоа што превозниците не пројавија интерес да ги искористат, изјави за „Мета“ Никола Наумовски од кабинетот на градоначалникот...

Зелениот катастар на дрвјата во Скопје преброја 65.844 дрвја и 28.395 грмушки

Скопје доби зелен катастар чија цел е подобрување на управувањето со јавното зеленило како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање на податоци за тоа со какво зеленило градот располага. Станува збор за проект кој Град Скопје во соработка со УНДП и граѓанскиот сектор, кој го претстави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Според скопскиот градоначалник, зелениот катастар треба да...

Град Скопје: Коловозите се целосно чисти, се дорасчистуваат тротоарите

Коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните, информираат од Град Скопје. „Во текот на изминатава вечер повторно се поминати сите булевари и улици што се во...

Споредните улици и тротоарите останаа неисчистени од снегот

Граѓаните негодуваат што на споредните улици во населбите низ општините не поминала никаква механизација, а и дека работници не го чистат снегот кој денеска цел ден паѓа во Скопје и во целата држава. На главните сообраќајници во Скопје има остатоци од кашест снег, па движењето е отежнато, споредните улици воопшто не се исчистени, а многу снег има и на тротоарите....

Град Скопје фрлил 355 тони сол на улиците

Од Град Скопје известија дека денеска и вчера поради снегот на сите улици во надлежност на градската управа биле фрлени 355 тони сол. „Утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни“, тврдат од градот, појаснувајќи дека освен механизацијата за зимско чистење, се вршело и рачно чистење на тротоарите и улиците....

Од 8.000 до 20.000 евра казни за четири загадувачи во Скопје по вонредните контроли

Во месец декември инспекторите за животна средина на Град Скопје извршиле осум вонредни контроли во индустриски објекти кои се под ингеренции на градот при што биле утврдени пречекорувања на емисиите на штетни гасови кај четири од нив, стои во Информацијата што ја изготви градскиот Инспекторат за активностите на инспекциите поврзани со справувањето со аерозагадувањето. Загадувачите, чии имиња Градскиот инспекторат не...

Апел да не се палат огнови за божиќните празници за да се намали загадувањето

За да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух, од Град Скопје апелираат до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници. „Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот...

Невена Георгиевска од „О2“: Шилегов повеќе се фали одошто има резултати

Активистите на „О2 Иницијативата“ во 2018 година беа активен монитор на постапките на локалната и на централната власт поврзани со животната средина, аерозагадувањето, уништувањето на Водно. За тоа што е сработено и дали се квалитетни мерките против загадувањето зборувавме со Невена Георгиевска, претставник на „О2 Иницијативата“. Бевме сведоци дека Владата калкулираше со алармирање на јавноста за надминат праг на аерозагадување...

Новогодишно пакетче ќе добие Шилегов утре од „Го сакам Водно“

Активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ соопштија дека подготвиле новогодишно „пакетче“ со барања до градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кои се однесуваат на парк-шума Водно и дека симболично ќе му ги предадат утре во 11 часот во просториите на Град Скопје, во присуство на медиумите. „Незадоволни од бројните нерегуларности кои го следат функционирањето на нашата парк шума Водно, решивме...

За Градот во ред се јавните манифестации на загаден воздух – оти биле однапред планирани

„Сите манифестации кои се одвиваат на отворено, а се организирани или поддржани од Град Скопје и скопскиот градоначалник се однапред планирани активности и не сме можеле да знаеме колкав степен на загадување ќе има тогаш кога тие ќе се одржат“, е одговорот на службата за информирање на Градот на прашањето зошто Шилегов и локалната самоуправа организираат манифестации на отворено...

Малку вистински мерки во буџетот на Скопје за 2019 за аерозагадувањето, смета опозицијата

Од 186-те милиони денари кои Град Скопје ги издвои во буџетот за мерки кои се однесуваат на заштита на животната средина, 97 милиони се за заштита на амбиенталниот воздух, 20 милиони денари за субвенционирање на граѓани за набавка на посовремени уреди за затоплување, субвенционирање на ЈСП за бесплатен превоз во денови на алармантно загадување на воздухот, но и за...

Сите училници во средните училишта во Скопје добија прочистувачи за воздух

Денеска сите средни училишта на Град Скопје добиваат прочистувачи на воздух, најави градоначалникот на Град Скопје, на прес-конференција во СУГС „Орце Николов“ каде што се поставуваа прочистувачи на воздух во училниците. „Во 23 училишта, во секоја училница ќе поставиме вкупно 572 прочистувачи на воздух. Тоа значи дека од денеска па натаму, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со...

Град Скопје подготвува елаборати за загадувањето на воздухот – за догодина

Двете испитувања на загадувањето на амбиенталниот воздух од возилата и од греењето на домаќинствата, предвидени во Програмата за животна средина за 2018 година во Скопје, од кои треба да произлезат конкретни мерки за намалување на загадувањето, ќе бидат завршени следната година, информираат од Град Скопје. „Испитувањата, реализирани во соработка со „Фармахем“ и со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се во...

Шилегов засади 8.000 дрвја, а зелените коридори на Серава и Лепенец ги остави за догодина

Градот во текот на годинава засади околу 8.000 дрвни садници вклучувајќи ја есенската акција за засадување дрвја, која е во тек и во чии рамки ќе се засадат 3.500 листопадни садници, информираат од Град Скопје. Градските власти годинава работеа на обновување на дрвореди во Ѓорче Петров, Сарај, на улицата Франклин Рузвелт, на Бит-пазар, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и на...

МВР информира за изменет сообраќаен режим поради денешните протести

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Влада. „Од тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим...

Скопје не постави свој мерач на аерозагадувањето, иако му беше обврска за 2018

Град Скопје ја завршува годината без поставен мерач на загадување на амбиенталниот воздух во градот, иако тоа беше второ на листата на приоритетни зафати од Годишна програма за активности од областа на животната средина на градот, а од буџетот се издвоени еден милион денари за негово поставување. Во делот на програмата наречен „Заштита на амбиентниот воздух“ стои, меѓу другото, дека...

Гасоводот на Водно и натаму се гради надвор од прописите

Досега не е пристигнато барање од Јавното претпријатие „Македонски eнергетски ресурси“ (МЕР) до Министерството за транспорт и врски за измена во тек на градба за делот од гасоводот преку парк-шумата Водно, изјави за „Мета“ Кире Коцевски, портпаролот на ова министерство во одговор на прашањето дали МЕР, како инвеститор, има добиено дозвола за работа на изменетата траса на гасоводот, на делницата ЛОТ5. Спред...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...