fbpx

Сите училници во средните училишта во Скопје добија прочистувачи за воздух

-

Денеска сите средни училишта на Град Скопје добиваат прочистувачи на воздух, најави градоначалникот на Град Скопје, на прес-конференција во СУГС „Орце Николов“ каде што се поставуваа прочистувачи на воздух во училниците.

„Во 23 училишта, во секоја училница ќе поставиме вкупно 572 прочистувачи на воздух. Тоа значи дека од денеска па натаму, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со прочистен воздух, особено важно во денови на зголемено загадување на воздухот во градот. Вредноста на прочистувачите е околу 11 милиони денари“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште.

„Наша должност е да се грижиме за здравјето и квалитетот на живеење на нашите сограѓани, децата се наша иднина и нивното здравје е наш приоритет. Имаме обврска да создаваме услови за здраво живеење, да ги намалуваме ризиците по здравјето на граѓаните, да овозможиме што поздрава животна средина за сите вклучително и за младата популација“, додаде Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...