fbpx

Мерките против загадување уште се на сила, рано е да се видат ефектите, велат надлежните

-

Во Скопје и денес важат забраните и ограничувањата на Градот Скопје и на Владата, кои стапија на сила вчера, а кои произлегуваат од итните мерки за намалување на загадувањето на воздухот по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, односно над 188 микрограми на кубен метар на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.

„Прерано е да се зборува за искористеноста и за ефектите од мерките кои ги објави Град Скопје, потребно е да се анализираат поголем број на параметри од повеќе институции, како што се ЈСП, приватните превозници, податоци од ЦУКС за фрекфентноста на сообраќајниците и слично, а треба да бидат земени во предвид и други фактори како што се продолжениот распуст на учениците, зимските одмори и слично. Градот Скопје ги засили инспекциските служби на сите инсталации кои се во наша надлежност (Б еколошка дозвола), а ги задолжи јавните претпријатија да ги засилат активностите за чистење и миење на улиците“, велат од Службата за информирање на Градот.

Исто така, прекинати се сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност, поточно таму каде Град Скопје се појавува како инвеститор како што се проширувањата на булевар Босна и Херцеговина и втората фаза од проектот за пробивање на булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Скопските општини Центар и Аеродром денес објавија дека ги прекинуваат сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност и ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла. Овие мерки ќе важат додека е висок степенот на загадување на воздухот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...