fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Граѓаните да пријават дотур на стока во центарот на Скопје од 7.30 до 18 часот

Градот Скопје упати апел до стопанските субјекти да ја почитуваат одлуката на Советот за запирање на возилата за доставување на стока во централното градско подрачје во периодот од 7.30 до 18 часот. - Се надеваме дека апелот ќе вроди со плод, но подготвени сме да казнуваме доколку се крши одлуката на Градот - вели Мирослав Богдановски, директор на Инспекторатот на...

Наместо вонредна, миењето на улиците треба да стане редовна мерка против загадувањето

Град Скопје би требало да размисли околу воведување на зачестени миења на улиците во Скопје како мерка за намалување на аерозагадувањето секогаш кога тоа ќе го дозволат временските услови, велат надлежните од Градот, појаснувајќи дека во моментов миење на улици се практикува „само вонредно, по потреба“. На прашањето на „Мета“ зошто почесто не се применува оваа мерка кога таа може...

Домаќинствата се виновни за 90 отсто од вкупните емисии на ПМ честички

Загревањето на домаќинствата придонесува со најголема количина на ПМ емисии односно дури 90 отсто доаѓаат од овој сектор, а само 10 отсто доаѓаат од транспортот. Кај емисиите на нитроген оксид (NOx) главен виновник е транспортниот сектор кој учествува со 60 отсто од емисиите. Ова го покажуваат студиите на истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ кој ги...

Град Скопје од викендов со дронови ги лоцира изворите на загадувањето

Градот Скопје викендов го почна 3Д мапирањето на критичните точки за загадувањето на воздухот во градот со беспилотно летало, а како прва локација била избрана депонијата „Вардариште“, информираа од Град Скопје. - Жителите на Аеродром и на Гази Баба веќе подолг период се задушуваат од непријатна миризба што се шири покрај кејот на Вардар. Сега, со 3Д мапирањето на „Вардариште“...

Со два дрона, камери и со повеќе инспектори, град Скопје ќе се бори против загадувачите

За само пет дена, откако град Скопје упати апел до граѓаните да не ги пријавуваат загадувачите на воздухот во Скопје на социјалните мрежи туку на надлежните инспекции на дежурниот телефон 193, добиени се 42 пријави од граѓани, градската комунална инспекција интервенирала по сите поединечно, при што на 10 локации кои биле на јавни површини, бил изгаснат пожар. Останатите пријави...

Ѓорчев: Налепниците на возилата се директен удар врз средната класа и сиромашните

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на прес-конференција денеска ги повика премиерот, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање и скопскиот градоначалник Петре веднаш да се откажат од планот за воведување еколошки категории за возилата, нарекувајќи го тој чекор „стигматизирање на сиромашните“. - ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов веднаш, веднаш уште...

Град Скопје: Не пријавувајте отворени огнови на „Фејсбук“, пријавете ги на 193

Од Град Скопје апелираат до граѓаните сите забележани огнови на отворено да ги пријавуваат исклучиво на телефонскиот број 193, наместо на „Фејсбук“ или на другите социјални мрежи. Од таму потенцираат дека горењето пластика, гуми, кабли, неквалитетни дрва и палењето на дивите депонии влијаат на загадувањето на воздухот и додаваат дека според статистиката греењето на дрва учествува со една третина во...

Град Скопје по две години планира да го ажурира Катастарот на загадувачи

Град Скопје го направи првиот чекор во постапката за ажурирање на Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Град Скопје. На Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) е објавен оглас за прибирање понуди за ажурирање на овој катастар, а од Град Скопје процениле дека за тоа ќе бидат доволни 508.400 денари. На заинтересираните им е оставен рок до 15 ноември,...

Град Скопје ќе прави мобилна апликација за споделување превоз заради намалување на загадувањето

Град Скопје планира апликација за мобилни телефони за оперативните системи Андроид и ИОС, со која скопјани ќе може да се организираат и да се договараат за заеднички превоз со автомобил, како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот. Огласот за изработувач на апликациите е распишан во петокот, планирани се верзии на македонски и албански јазик, а според проценките,...

Град Скопје: Сериозно ги сфаќаме предизвиците со загадувањето

Изминатиов период просечните вредности на загаденоста на воздухот не ги надминуваат граничните вредности, односно тоа се случува само во кратки временски интервали и на одредени локации, се вели во реакцијата на Градот Скопје на информациите кои изминативе два дена се објавуваа во јавноста, околу загадуваето на воздухот во Скопје. Од градската администрација велат дека, сериозно ги сфаќаат предизвиците со загадувањето...

Втор повик од Град Скопје за субвенции за печки за пелети

Град Скопје денеска  го објави вториот јавен повик годинава за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2018 година, втора фаза. Во оваа акција, чија цел е да се користат поквалитетни печки кои помалку ќе го загадуваат воздухот, на граѓаните ќе им се надоместуваат до 70 отсто од цената на печката на пелети, но до...

Град Скопје сè уште тактизира околу субвенционирањето на печки на пелети

Грејната сезона веќе почна, а Градот Скопје сè уште не го објавил вториот повик за субвенционирањето на купувањето печки на пелети за заинтересираните граѓани. Огласот требаше да биде објавен пред почетокот на сезоната на греењето, како втор годинава, откако на Совет на Град Скопје не помина обидот на градоначалникот Петре Шилегов во ребалансот на градскиот буџет да го „протне“...

Загадувањето тропа на врата, Шилегов ќе го решава со долгорочни мерки и обуки за оџачари

Во пресрет на зимската сезона, во која со години загадувањето на воздухот во главниот град ги соборува европските па и светски рекорди, градските власти најавуваат дека ќе се справува со загаденоста преку систем на среднорочни и долгорочни мерки. Како една од клучните мерки се наведува основањето на АД Градски енергетски системи односно преземањето на топловодната мрежа за парно греењето...

Град Скопје планира да потроши пет милиони евра помалку од буџетот за годинава

Буџетот на Град Скопје за 2018 година ќе биде намален вкупно за 346 милиони денари, информираат од Град Скопје. На денешната седница Советот ќе одлучува за предлог за изменување на буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидена рационализација на трошењето на буџетските средства. „На денешната седница Советот ќе расправа и за дополнување на Одлуката за извршување на...

„Го сакам Водно“ до Шилегов: Навредите кон активистите, не се добра пи-ар стратегија

Еко-активистите кои се против изградбата на гасоводот на Водно, упатија отворено писмо до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој во една прилика, ги нарече дека се каприциозни. „Во понеделникот пред медиумите зборувавте дека активистите против изградбата на гасовод низ Водно, ги игнорирале фактите и биле каприциозни. Во изминативе неколку месеци, на тема гасовод низ Водно, стотици аргументи и факти...

Јавна дебата за изградба на гасоводот на Водно денеска во Град Скопје

Град Скопје денеска во 13 часот организира јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно на која ќе присуствуваат претставници на надлежните државни органи, како и граѓански здруженија и активисти кои се против изградбата на гасоводот на Водно. Во петокот, сите градежни активности за изградба на гасоводот се прекинати до завршување на процесот на дијалог и дебата. – Изградбата на гасоводот...

Град Скопје ја подобрува транспарентноста, во живо ќе ги пренесува седниците од Советот

На наредната седница, која што ќе се одржи во четврток, Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за видео пренос на седниците на Советот на Град Скопје во живо. „Со ова ќе започне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми...

Град Скопје четири дена ќе прска против комарци

Утринава почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита. Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци се изврши во раните утрински часови,...

ЈСП: Дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека во пресрет на верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон, на ден 7, 8 и 9 август ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28. „Утре, 7 август (вторник), на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до село Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот. На 8 август (среда), ќе...

Град Скопје ќе додели 2 милиони денари помош за настраданите во пожарот во Грција

Советот на Град Скопје, на втората вонредна седница, едногласно ја донесе Одлуката за давање на парична помош на настраданите во катастрофалните пожари во Грција. Со оваа одлука, како израз на солидарност спрема настраданите во катастрофалните пожари во Грција, Градот Скопје додели помош во износ од два милиони денари, поточно парична помош во износ од милион денари и непарична помош, исто...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...