понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: говор | 73 резултати

Груевски: Мандатот го завршувам со нож во грб, на новиот лидер му порачувам да остане човек

декември 23, 2017

ВМРО-ДПМНЕ подготви закон за амнестија за настаните од 27 април и се надевам дека тој ќе биде изгласан во Собранието, затоа што е потребно национално помирување и простување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вонредниот Конгрес на партијата во Валандово каде што се бира нов партиски лидер. – Само така земјата може да оди […]

Груевски побара слобода за приведените и национално помирување

декември 3, 2017

На денешниот марш на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Никола Груевски побара слобода за Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Митко Чавков, бидејќи, како што рече, тие не биле терористи, туку патриоти кои си ја сакаат татковината. Во говорот пред зградата на Владата, Груевски рече дека тие се лажно обвинети, трпат неправда и страдаат поради Македонија. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Заев: На идните генерации треба да им дадеме причини за да го слават нашиот патриотизам

октомври 11, 2017

Нашиот патриотизам идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа, истакна премиерот Зоран Заев во својот говор на централниот настан од одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, кој се одржа пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во дворот на Владата. – Празнувањето на големите датуми и оддавањето […]

Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК

септември 8, 2017

„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.  Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот […]

Анѓушев: Мора да направиме држава во која ќе владее правото

август 2, 2017

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се обрати на свеченоста по повод првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар во Пелинце. Тој рече дека во државотворната историја и континуитет на еден народ, декларациите, документите, усвоените одлуки и резолуции се важен момент, но она што е уште поважно се визионерските принципи. –  Граѓаните на Македонија […]

Тимоние: Франција ги поддржува изградбата на правната држава и унитарноста на Македонија

јули 15, 2017

Четвртина век како Франција е на страната на Македонците за да се зајакне државата и нејзината унитарност и ги придружува во изградбата на правната држава, што е услов кој важи за сите идни интеграции кон кои земјата легитимно се стреми, порача амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, на вчерашниот говор на свечениот прием на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Опседнатоста на СДС со нас нема да донесе полза за граѓаните

јуни 17, 2017

ВМРО-ДПМНЕ вечерва се огласи со одговор на реакцијата на СДСМ на говорот на претседателот на опозициската партија, Никола Груевски, на вечерашната прослава на 27. роденден на партијата. „Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и со Никола Груевски нема да им помогне на Ибраимовски, Шапуриќ и на Марко да донесат нови инвестиции, како тоа што го […]

СДСМ: Годините на криминално владеење на Груевски завршија

јуни 17, 2017

Единаесетте години власт на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Никола Груевски ќе бидат запаметени единствено како години на криминал, корупција, сиромаштија и на масовно иселување на работоспособното население надвор од државата, порача СДСМ вечерва во реакција на говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, на 27. роденден на партијата. „Катастрофата што ова криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ ѝ […]

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се обнови и набргу пак ќе ја води државата

јуни 17, 2017

ВМРО-ДПМНЕ за многу кратко време ќе се врати на власт, порача претседателот на партијата, Никола Груевски, во својот говор на вечершната прослава на 27. годишнина од основањето на партијата. Тој увери дека партијата ќе ги издржи сите притисоци и ќе се спротивставува на „погубните чекори“ на СДСМ. – На оние на кои им е потребно […]

Хан на „Принстон“: Мораме да видиме политичка волја наместо политички игри

април 21, 2017

Наместо политички игри, мораме да видиме политичка волја и вистински реформи, не на хартија туку на терен, особено во клучните области како владеење на правото, конкуретноста и поврзувањето. Ова е пораката на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, до земјите од Западен Балкан, вклучително и до Македонија, што тој ја нагласува во својот […]

Германија почнува со тестирање на софтвер за препознавање на говорот на мигрантите

март 18, 2017

Германските власти почнуваат со тестирање на нов софтвер за препознавање на говор, со кој може да се одреди од која земја доаѓаат мигрантите кои немаат документи, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на властите во Берлин. Од заводот за бегалци и мигранти на Германија соопштиле дека новиот автоматизиран систем треба да почне да работи […]

Доналд Трамп и официјално стана 45. претседател на САД

јануари 20, 2017

Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана 45. претседател на САД. Неговата инаугурација во Капитол хил ја следеа 900.000 луѓе. Откако положи заклетва над Библијата, Трамп се поздрави со семејството и го почна својот говор, во кој, меѓу другото, зборуваше и за проблемите со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави. – Проблемите со сиромаштијата, здравството, […]

Обама го затвори кругот во Чикаго со слоганот „Да, ние направивме“

јануари 11, 2017

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, во својот проштален говор во Чикаго изјави дека Америка „денеска е подобро и посилна“. Признавајќи дека расното прашање било предмет на поделба во САД, Обама, како 44. американски претседател, вложил напори во решавање на бројни други прашања, меѓу кои и создавање нови работни места, подобро здравство, како и смртта на […]

На 10 јануари во Чикаго, Обама ќе го одржи последниот говор како претседател

јануари 2, 2017

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, ќе го одржи последниот говор како претседател на 10 јануари пред неговото место да го преземе Доналд Трамп. Обама последниот претседателски говор ќе го одржи во Чикаго. – Го гледам говорот како шанса да им се заблагодарам на сите за ова сјајно патување, да ги прославам начините на […]

„Ги умреа“ амбасадорите во Македонија на интернет

декември 19, 2016

Посмртни фотографии на дел од сегашните и од поранешните амбасадори во Македонија, се појавија на веб-страницата „Имгур“. Не е познато кој ги прикачил овие слики во стил на некролози на веб-страницата, но тие се појавуваат два дена откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одржа говор пред Државната изборна комисија, во кој истакна дека некои амбасадори почнале […]

Села: Ќе се залагаме за вработувања по етничка линија и за бинационална држава

декември 1, 2016

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, на митингот во Општина Желино порача дека доколку дојде на власт, ќе се залага Македонија да стане бинационална држава. – Ние ќе се залагаме албанскиот јазик да биде службен на цела територија на Македонија, која ќе биде бинационална држава, ќе се донесуваат одлуки со консензус, ќе […]

Обама од Атина: Демократијата е најдобра опција и мора да ги издржи предизвиците

ноември 16, 2016

Силна и оптимистичка порака дека демократијата и демократските општества мора да издржат на бројните глобални предизвици, испрати американскиот претседател Барак Обама во својот говор во Атина. Кусо по симболичната посета на Акропол, како историски симбол на демократијата, Обама во својот говор се фокусираше на важноста и на вредноста на демократските општества, истакнувајќи дека иако демократијата е […]

Обама денеска во посета на Акропол и на културниот центар „Ставрос Ниархос“

ноември 16, 2016

Со посета на музејот на Акропол и со говор во културниот центар „Ставрос Ниархос“, продолжува посетата на американскиот претседател Барак Обама на Атина. Обама во моментов е во историска посета на Акропол, а потоа ќе замине во новото архитектонско ремек-дело во градот, центарот „Ставрос Ниархос“, каде ќе одржи говор за неговата визија за иднината на демократијата […]

Трамп: Ќе бидам претседател на сите Американци

ноември 9, 2016

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, официјално e прогласен за 45. претседател на САД и во победничкиот говор порача дека ќе биде претседател на сите Американци, дека САД ќе биде најголемата економија во светот и дека тој ќе го оствари американскиот сон. Трамп рече дека поранешната државна секетарка и негова противкандидатка Хилари Клинтон му честитала на […]

#Одговорност е да има повеќе логопеди Албанци

ноември 3, 2016

Една говорна мана, по правило, предизвикува тешкотии во учењето, но се одразува и на резултатите на ученикот и на социјалниот живот на детето. Сите овие проблеми се решливи со посета на логопед, кој може да ги дијагностицира маните во говорот и по потреба може да препорача индивидуална или групна терапија за лекување на утврдениот проблем. […]

Страна 2 од 4