вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: гости | 27 резултати

Бројот на туристи во првиот квартал е зголемен за 10,7 проценти во однос на лани

12 јуни 2017

Во првиот квартал на 2017 година во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 9,4 проценти, а кај странските има зголемување за 11,4 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период има зголемување и кај бројот на ноќевањата и тоа за 9,8 […]

Во Охрид за празникот најбројни ќе бидат туристите од Турција и од Западна Европа

27 април 2017

Велигденската атмосфера во Охрид, како што најавуваат хотелиерите, ќе се повтори и за претстојниот продолжен првомајски празничен викенд. Освен домашните туристи, се очекуваат туристи од Германија, Шведска, Хрватска, Норвешка. Менаџерскиот тим на хотелот „Миленум палас“ информира за голем интерес кај туристите од Турција, што е новина на туристичкиот пазар. – Капацитетите за 2 мај се максимално […]

Хотелиерите очекуваат добра сезона, но се плашат од влошување на безбедносната состојба

19 април 2017

Хотелиерите од Охрид и од Струга, како и малите станоиздавачи се задоволни од продажбата на капацитетите во пресрет на туристичката сезона, но се плашат од евентуално влошување на безбедносната состојба. Според најавите и склучените аранжамани за претстојната туристичка сезона, сите очекуваат дека ќе биде успешна, но само доколку не дојде до некоја поголема дестабилизација на […]

Голем број туристи од Грција, Бугарија и од Албанија во Охрид за Прочка

26 февруари 2017

Стотици Грци, но и помал број туристи од Албанија и од Бугарија, допатуваа во Охрид и во Струга за прослава на верскиот христијански празник Прочка. Гостите што допатуваа во Охрид го заживеаја градот. Кафулињата и рестораните се полни, а шеталиштето наликува како во сезона. Навечер гостите ги посетуваат православните храмови. Задоволни се и туристичките агенции, […]

Вилма Трајковска, Мукаетов и други бизнисмени беа на молитвениот појадок со Трамп

2 февруари 2017

Неколку познати бизнисмени од Македонија, како и вицегувернерката на Народна банка, Маја Кадиевска-Војновиќ, присуствуваа на молитвениот појадок во Вашингтон во организација на новиот американски претседател, Доналд Трамп. На овој важен светски настан присуствуваа и претседателот на управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, со сопругата Емилија, основачот на фондацијата „Борис Трајковски“, Вилма Трајковска, извршниот директор на истата […]

Пожар во ноќен клуб во Букурешт, 38 повредени

21 јануари 2017

Во пожар кој ноќеска избувнал во ноќен клуб во Букурешт, повредени се 38 лица, од кои едно потешко. Како што јавуваат светските агенции, пожарот избувнал околу 4 часот, според средноевропско време, во популарниот ноќен клуб „Бамбу“, кој изгорел до темел. Повеќе лица имале труење со јаглерод моноксид, а дел се повредени откако, бегајќи од пламенот, […]

Во Охрид одбележан Денот на рибарите

20 јануари 2017

Денеска, на верскиот празник Св.Јован Крстител, традиционално беше одбележан Денот на рибарите во Охрид. Оваа манифестација се одржува во месноста Сараиште, каде некогаш рибарите покажувале колку риба уловиле. Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото. За посетителите и за гостите беа подготвени […]

Петар Рупев од населбата Варош го фати крстот во Охрид

19 јануари 2017

Петар Рупев, од охридската населба Варош, беше најсреќниот кој прв стигна до крстот во осветеното Охридско Езеро. За централната манифестација по повод празникот Богојавление – Водици во Охрид, беа пријавени околу 300 лица, на кои не им пречеа студените води на езерото, од само 6 Целзиусови степени. На Рупев, кој по четврти пат го фаќа […]

Охрид е преполн со туристи за новогодишните празници

31 декември 2016

Сите хотели во Охрид, како и помал дел од приватните сместувачки капацитети, се закупени за новогодишните празници. Хотелиерите се презадоволни и се надеваат дека намалувањето на прометот од 10 проценти во последните месеци од 2016 година, ќе го ублажат со претстојниот празничен викенд. Традиционално, покрај домашните, најголемиот број од туристите во Охрид и во Струга се […]

Охрид е преполн со странски туристи

10 декември 2016

Викендов во Охрид престојуваат стотина грчки, албански, полски и бугарски туристи. Сончевото и топло време, невообичаено за овој период од годината, ги наполни охридската чаршија и шеталиштето, не само со странски туку и со домашни гости. Топлиот и пријатен ден беше добредојден за изборниот молк да се помине во пријатна и релаксирана атмосфера.

Македонската музика постапно ќе се врати во етерот

1 ноември 2016

По месец и пол забрана за емитување, радијата и телевизиите во наредните денови ќе почнат да емитуваат македонска музика откако денеска Министерството за култура донесе решение за запирање на одлуката на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) за забрана за емитување македонска, српска и хрватска музика. Сопственикот на радио „Бубамара“, Ранко Петровиќ, вели […]

Заврши петтиот самит „Македонија 2025“ кој два дена се одржуваше во Скопје

21 октомври 2016

Со повеќе од 250 гости, 11 панел-дискусии и со учество на 40 говорници од 25 земји во светот, заврши петтиот самит „Македонија 2025“ кој се одржа во Скопје. Говорниците дискутираа за револуцијата на еколошки возила, развојот на паметни градови, користењето на природните богатства на земјата кон стимулирање на развој на одржлива економија. Експерти од Италија, Норвешка, Полска, […]

Во првите седум месеци бројот на туристите зголемен за 8,5 проценти во однос на лани

12 септември 2016

Бројот на туристите во првите седум месеци е зголемен за 8,5 проценти во однос на истиот период лани и тоа кај домашните туристи има зголемување за 8,6 проценти, а кај странските за 8,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во првите седум месеци од годината, во однос на истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен […]

Бројот на туристи во првите шест месеци зголемен во однос на истиот период лани

12 август 2016

Во првите шест месеци од годината во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 8,6 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 10,2 проценти, а кај странските има зголемување за 7,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,5 проценти и […]

Во мај во Охрид најбројни биле туристите од Турција

12 јули 2016

Гостите од Турција ѝ дадоа печат на претсезоната во Охрид. Во мај, најголем бил бројот на туристи од оваа земја, што се случува првпат досега. Веднаш по турските туристи, следуваат оние од  Србија, Бугарија и од Грција, кои во мај, исто така, во голем број го посетиле Охрид. Во овој период е забележано зголемување на […]

Охрид викендов полн со гости како среде туристичка сезона

26 јуни 2016

Со дневна температура од околу 30 Целзиусови степени и со температура на езерската вода од 22 степени, Охрид викендов пулсира како среде туристичка сезона. Убавото и топло време ги наполни плажите, а навечер полни се шеталиштата и летните бавчи во градот. Центарот за јавно здравје информира дека температурата на водата во Охридското Езеро е натпросечна […]

Хотелот „Дрим“ на гостите им приреди ручек со лебедите на езерската плажа

1 јануари 2016

Охрид и Струга се полни со новогодишни славеници, додека домаќините се трудат да им приредат незаборавни доживувања. Менаџментот и персоналот на хотелот „Дрим“ во Струга и годинава на првиот ден од Новата година, за гостите ја организираа традиционалната манифестација „Ручек со лебедите“. Дружбата со музика и со традиционална македонска храна, заедно со сончевото, иако не […]

Повеќе илјади гости го окупираа Охрид за новогодишните празници

31 декември 2015

Повеќе илјади гости допатуваа во Охрид, каде ќе ги минат новогодишните празници. Најголемиот дел се сместени во поголемите хотелски капацитети, каде закупија четиридневни и тридневни аранжмани, со свечен дочек. Свечен дочек организира и локалната самоуправа од Охрид, со одлична празнична забава, на отворено, на градскиот плоштад Свети Климент Охридски. – Очекуваме преполн плоштад на самиот […]

Католички Божиќ донесе славеници од Грција, Албанија и од Бугарија во Охрид

25 декември 2015

Повеќе стотици гости, пред сè, од Грција, но и од Албанија и од Бугарија, допатуваа во Охрид за прослава на католички Божиќ. Сместени се, главно, во поголемите хотелски капацитети. Помал број гости има и во соседна Струга. Гостите што допатуваа во Охрид, а ќе останат и викендов, се своевидна најава на очекуваната голема навалица за новогодишните […]

Топлото време и продолжениот викенд го преполнија Охрид

1 август 2015

Топлото време и августовскиот продолжен, празничен викенд го преполнија Охрид, кој се претвори во тешко прооден град. Нема сомнеж дека ова ќе биде самиот шпиц на главната туристичка сезона, за која од локалната самоуправа велат дека ќе биде една од најуспешните воопшто. Претпладне се создава метеж и редици со долги колони возила во правец на плажите. […]

Страна 1 од 2