понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Ѓорге Иванов | 975 резултати

Државниот врв им го честиташе Богојавление – Водици на православните верници

јануари 19, 2018

Премиерот Зоран Заев, по повод празникот Богојавление – Водици упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници. „Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам, и дека надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува. Со овие пораки, и со искрената […]

Иванов: Владата наместо на квантитетот да се фокусира на квалитетот на реформите

јануари 18, 2018

Како претседател на Република Македонија како и до сега ќе продолжам да соработувам со Владата и ќе ги поддржувам суштинските европски реформи кои ќе произлезат од отворена и вистинска јавна дебата и околу кои ќе се постигне широк консензус. Ова вечерва, меѓу другото, го рече претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на приемот за членовите […]

Иванов до Столтенберг: Неопходно е да го добиеме одамна заслуженото членство во НАТО

јануари 18, 2018

Претседателот Ѓорге Иванов утрово се сретна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со кого разговарал за евроатлантските интеграции на Република Македонија, за реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите, како и за унапредувањето и продлабочувањето на соработката со Северноатлантската алијанса, информираат од претседателскиот кабинет. Иванов и Столтенберг оцениле дека односите и соработката […]

Владата: Сите одредби од законот за јазиците се усогласени со членот 5 од Уставот

јануари 17, 2018

Владата на Република Македонија реагираше на денешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, во кое тој објави дека решил да не го потпише указот за Законот за јазиците бидејќи е противуставен, го фаворизира албанскиот јазик и се воведува скап паралелизам во државната власт и ќе доведе до блокада и нефункционалност. Владата вели дека законот е ускладен […]

Иванов не го потпишал указот за Законот за јазиците

јануари 17, 2018

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладнево објави дека не го потпишал указот за Законот за јазиците, затоа што e, како што рече, неуставен. – Имајќи ги предвид моите согледувања за неусогласеноста на Законот за употреба на јазиците со Уставот, но и изнесените укажувања на експертската  и пошироката јавност за противуставноста на овој закон, а […]

Димовски ќе бара од Уставниот суд да го поништи Законот за јазиците

јануари 16, 2018

Пратеникот Илија Димовски денеска најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Законот за употреба на јазиците. Тој преку својот фејсбук-профил апелераше до претседателот на државата, Ѓорге Иванов да не го потпишува указот за прогласување на законот, а до неговите колеги во Собранието да не гласаат за овој закон кога тој повторно […]

ОМД го повика Иванов да не го потпишува Законот за јазиците

јануари 12, 2018

Обединетата македонска дијаспора во реакција до јавноста ги осуди пратениците кои вчера гласаа за усвојувањето на Законот за употреба на јазици и порача дека македонската заедница надвор од Македонија нема да го толерира редефинирањето на македонскиот национален идентитет, како и дека историјата ќе им суди на оние кои го изгласале законот. „Овој закон, усвоен без […]

Ако Иванов не го потпише за седум дена, законот за јазиците ќе почека уште еден месец

јануари 11, 2018

По денешното усвојување во Собранието, Законот за употреба на јазиците во следните седум дена е во рацете на претседателот на државата Ѓорге Иванов кој треба да го потпише указот за негово прогласување за да може законот да биде објавен во Службен весник и официјално да стапи на сила. Надлежностите на претседателот на државата и роковите […]

Иванов: Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме и да се помириме

јануари 6, 2018

Претседателот Ѓорге Иванов, упати честитка до архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник Христово раѓање – Божиќ. „Божјото поистоветување со луѓето преку Исус Христос е, воедно, и најсилната недвосмислена потврда на вроденото човеково достоинство и неотуѓивата вредност на секој човек, независно од етничката, јазичната, верската, социјалната припадност, независно од полот […]

Иванов: Грција да не ја држи Македонија во заложништво за приемот во НАТО

јануари 1, 2018

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов порача оти очекува на претстојниот самит на НАТО конечно Македонија да стане членка на Алијансата, а Грција „да покаже свест за она што се случува во регионот и своите себични интереси да не и бидат основа за да не држи во заложништво“. При денешната посета на војниците во касарната […]

Иванов: Да ги надминеме поделбите и да се сплотиме околу државните интереси

декември 31, 2017

Се надевам дека во годината што доаѓа ќе смогнеме сила да ги надминеме поделбите, да ги отфрлиме предрасудите и да се сплотиме околу државните интереси, истакна претседателот на државата Ѓорге Иванов во своето новогодишно обраќање до граѓаните на Македонија. Тој оцени дека изминатава година бевме соочени со многу предизвици и премрежија, а политичката атмосфера „непријатно […]

Иванов одржа срамен партиско-политички говор, велат од СДСМ и Владата

декември 26, 2017

Годишното обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во парламентот, според СДСМ е „срамен и партиско-политички говор, со што Иванов уште еднаш докажа дека ниту бил ниту ќе биде претседател на сите граѓани“. Владејачката партија вели дека покрај тоа, претседателот Иванов покажал дека „не може да излезе од политиките на раздор и поделби“. СДСМ […]

Иванов повика на „компромиси наместо реваншизам“

декември 26, 2017

Во 50-минутниот говор во Собранието на кој присуствуваат пратениците и од власта и од најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев, првите луѓе на државните институции, поглавари на верските организации и странски дипломати, претседателот Ѓорге Иванов, повика на прекин на, како што рече, политичкиот реваншизам и посебно го истакна говорот на омраза и неговото учество во […]

Иванов ќе има годишно обраќање во Собранието во 12 часот

декември 26, 2017

Претседателот, Ѓорге Иванов, денеска во 12 часот, ќе има годишно обраќање во Собранието на Република Македонија. Пратениците од опозицијата уште решаваат дали ќе го следат годишното обраќање на Иванов. Тие наредните денови ќе ја донесат и главната одлука – дали повторно ќе се вклучат во работата на парламентот. Лани, бидејќи Собранието сè уште не беше […]

Иванов му го честиташе изборот на Мицкоски

декември 25, 2017

Претседателот државата, Ѓорге Иванов, денеска во својот кабинет го прими новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од кабинетот на претседателот информираат дека Иванов на Мицкоски му го честитал изборот и му посакал успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Претседателот Иванов изрази очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија активно ќе дава придонес во […]

Иванов во Бразил: Името Македонија потекнува од Индија

декември 19, 2017

Зборот Македонија потекнува од Индија. Била наречена „Маа Ки Дунија“ (Maa Ki Duniya), а потоа Римјаните ја нарекле Македонија. Ова претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов му го соопштил на индискиот амбасадор во Бразил, Аби Кумар за време на отворањето на Македонската амбасада во Бразилија. „Имав можност да го запознаам доктор Ѓорге Иванов, претседател на Македонија […]

Иванов – Сијарто: Соработката со Унгарија е пример на однос кон земја кандидат

декември 18, 2017

Претседателот, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој престојува во официјална посета на Македонија. Како што информираат од кабинетот на македонскиот претседател, на средбата било изразено задоволство од севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Унгарија кои ги карактеризираат искрено пријателство, заемно разбирање и почит, како […]

Иванов ќе се обрати во Собранието на 26 декември

декември 18, 2017

Претседателот на државата Ѓорге Иванов идниот вторник (26 декември) напладне ќе им се обрати на пратениците во Собранието. Тоа е редовното годишно обраќање на претседателот на државата пред законодавниот дом, предвидено со Уставот на државата. „Во согласност со член 85 став 1 од Уставот на Република Македонија би сакал да се обратам пред пратениците на […]

Средбата кај Иванов беше за идните чекори во евроинтеграциите, тврди Џафери

декември 1, 2017

Синоќешната средба со премиерот Зоран Заев и со лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски, кај претседателот Ѓорге Иванов, беше за да се размисли што ќе биде отсега натаму, во контекст на евроинтеграциските процеси, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Џафери истакна дека средбата траела помалку од три часа и […]

Заев, Џафери, Ахмети и Груевски кај Иванов се согласиле да градат консензус

декември 1, 2017

Синоќа, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, се сретнале со претседателот Ѓорге Иванов во неговиот кабинет. Од претседателскиот кабинет информираат дека на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања и дека се разговарало за решенија за излез од моменталната состојба на […]

Страна 7 од 49