fbpx
Таг: EU

таг: EU

„Заедно за заштита на личните податоци“: Нема втора шанса за повредата на нечија приватност

Повеќе не е прашање дали личните податоци треба да бидат заштитени или не, тоа е нужно, а за соодветна примена на законите кои ги штитат личните податоци се потребни многу повеќе ресурси и заложби - ова е заклучокот од денешниот настан „Заедно за заштита на личните податоци“ што се одржа во Europe House во Скопје. Настанот беше организиран од...

Да се усогласиме со медиумската директива на ЕУ за да не изгубиме пристап до програмата Креативна Европа

До 31 мај годинава Македонија ќе треба да се усогласи со медиумската директива на Европската Унија (ЕУ) за да не го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини, меѓу кои е и програмата Креативна Европа. На ова денеска предупреди амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир на денешното јавно претставување на проектот на ЕУ „ЕУ...

Војната во Украина, заканите за бомби и анти-НАТО реторика – главни дезинформациски наративи во декември

Дезинформациските наративи во декември забележани во медиумскиот простор во земјава, а кои се поврзани со странски влијанија и натаму во најголем број се поврзани со агресијата на Русија врз Украина, при што новина е тезата дека енергетското уништување на украинскиот електро-енергетски систем е нужност за да се дошло побрзо до мирот. На домашниот простор, покрај стандардните дезинформации поврзани со...

До крајот на годината тендер за регионалната депонија во Свети Николе, изградбата догодина

Со задоцнување од речиси една година, наскоро ќе се објави меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во Општина Свети Николе и шесте претоварни станици во Источниот и Североисточниот плански регион. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг за новинарите изјави дека подготвената тендерска документација е целосно ревидирана и до крајот на неделава ќе...

Политиките за животна средина и клима високо целат, но малку се имплементираат

Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се спроведува доследно и нема...

Невработеноста е главен проблем на младите во земјава, алармира и Европската Комисија [инфографик]

Невработеноста кај младите останува проблем во чија насока Северна Македонија мора да работи напорно. Ова беше констатирано во последниот Извештај за 2022 година за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат. Младите и задоволувањето на нивните потреби останува предизвик кој мора да се адресира и реши. Извештајот ги истакнува недостатоците на кои земјата треба да работи, како и...

ЕУ бара Македонија да ги исполни обврските од Парискиот договор за климатските промени

Македонија да си ги исполни обврските преземени со потпишувањето на Парискиот договор за климатските промени во 2016 година и да го донесе Законот за климатска акција. Ова е една од трите клучни задолженија кои ги доби земјава за наредната година од Европската Комисија (ЕК) во Извештајот за реформскиот напредок кон европските интеграции за 2022 година. „Долгорочната Стратегија за климатска акција...

Проширувањето пред проширување

Годинешниов пакет документи за проширувањето на Европската комисија има две одлики. Најпрвин, тој е последен со седум држави. Од следната година ќе се однесува на десет држави, вклучувајќи ги Украина, Молдавија и Грузија. Втората одлика е силната геополитичка боја на Стратегијата за проширување, во која на преден план е влијанието на руската агресија врз Украина врз проширувањето. Секако, и...

Во ЕУ извештајот нема „најмногу критика“ за ВМРО-ДПМНЕ – критиките и кон власта не се ништо помали

Во Извештајот на ЕУ за напредокот на С. Македонија во 2021/2022, година „критиките“ ако можат да се оценат како критики, зашто се опис на состојбите, најмногу се однесуваат на „непостоење консензус“ за важни законски промени што доведува до „поларизација во Собранието помеѓу политичките партии“, што доведува до намалена функционалност на парламентот при сосема нова улога што треба да ја...

Кочењето на регионалната депонија во Свети Николе стигна до Извештајот на ЕК

Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од ЕУ. „Започнаа активности за изградба...

ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата

Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани - изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките железнички гранични премини, недостигот...

Фон дер Лејен: Ќе ги пренасочиме големите профити на енергетските компании и ќе оневозможиме Русија да печали

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, презентираше денеска пакет мерки и политики за стабилизација на енергетската ситуација и на цените на струјата, дополнително намалување на увозот на руски гас, но и ограничување на енормното богатење на енергетските компании преку манипулации, како и мерки за помош на граѓаните и бизнисите. „Се соочуваме со невообичаена ситуација, бидејќи Русија е недоверлив...

Вистиномер: Орбан не одбил 7 милијарди евра од ЕУ

Најголемата манипулација во оваа објава е дека унгарскиот премиер одбил над 7 милијарди евра од ЕУ, помош за справување со последиците од пандемијата. Орбан не ги одбил парите од ЕУ. Станува збор за еден вид казна од ЕУ за Унгарија, а поради непочитување на владеењето на правото, правилата и вредностите на ЕУ. Официјални изјави и податоци од двете страни –...

„Албанизација на Балканот“ е еден од руските пропагандни наративи, таков проект не постои

Преку сензационален наслов на порталот „Liveportal24hr“, читателите се дезинформираат и се манипулира со нив на национална основа, имајќи ја предвид чувствителноста на темата „Етничка Албанија“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: „Силна изјава се дава од Русија: Почна ерата на Албанците, Србите ги чекаат црни денови“ е насловот на веста што ја рецензираме. Оваа изјава ја даде...

Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините. Според податоците на Државниот завод за...

Газпром вели дека ги прекинува испораките на гас за Бугарија и Полска, Петков не прифаќа рекет од Русија

Руската државна компанија Газпром соопшти дека ја прекинува испораката на гасот за Бугарија и Полска откако двете земји одбиле да плаќаат за испораките во руски рубљи, јавува Јуроњуз. Од Газпром предупредуваат дека ако двете земји се обидат да повлечат од транзитниот гас кон другите европски потрошувачи, тогаш за идентичен обем ќе биде намалена испораката на транзитен гас кон Европа. Би-би-си...

Изборната „честитка“ до Орбан

Минатата година, Европската унија, со посебна Регулатива, го воведе механизмот за условеност. Иако се водеше во рамките на пакетот „Нова генерација ЕУ“ за санирање на последиците од Ковид-19, тој се однесува на сите средства на Буџетот на ЕУ. Беше предмет на тежок компромис меѓу државите членки, особено имајќи го предвид противењето на Унгарија и Полска, на чии влади им...

Порталб: Партиите не се подготвени да се откажат од пазарењето за високи раководни служби

Во законодавството на Република Северна Македонија не постои јасна поделба помеѓу политичко и професионално ниво, односно делокругот и високите раководни служби не е јасно дефиниран. Но, дали и колку партиите во земјата се подготвени за деполитизација на високите раководни служби, односно да се откажат од коалициските пазарења преку поделба на високи позиции, нешто што го бара и Европската Унија?...

ЕУ со нови санкции кон Русија, НАТО на итен состанок по руската инвазија на Украина

ЕУ ќе воведе нови санкции кон Русија, додека НАТО ќе има итен состанок по почетокот на руската инвазија врз Украина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово остро го осуди рускиот напад врз Украина, којшто става во ризик безбројни цивилни жртви. „Ова е бескрупулозно кршење на меѓународното право и сериозна закана за евроатланската безбедност“, напиша Столтенберг на социјалните мрежи. https://twitter.com/jensstoltenberg/status/1496694134404534276 Американскиот претседател Џо Бајден...

Општина Свети Николе без одговори околу изградбата на идната регионална депонија

Општинското раководство во Свети Николе се промени, а Мета.мк од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може веќе неколку недели да добие одговори на прашањата во врска со изградбата на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава. Мета.мк испрати прашања до Општина Свети Николе за тоа до каде е постапката за изборот на нов директор на Јавното меѓу-регионално претпријатие...

Автопатот Скопје – Блаце заглави на првите два километра

Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница –...