fbpx

ЕУ со нови санкции кон Русија, НАТО на итен состанок по руската инвазија на Украина

-

ЕУ ќе воведе нови санкции кон Русија, додека НАТО ќе има итен состанок по почетокот на руската инвазија врз Украина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово остро го осуди рускиот напад врз Украина, којшто става во ризик безбројни цивилни жртви.

„Ова е бескрупулозно кршење на меѓународното право и сериозна закана за евроатланската безбедност“, напиша Столтенберг на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Џо Бајден го осуди рускиот напад за којшто оцени дека е неиспровоциран и неоправдан.

„Претседателот Путин избра однапред осмислена војна која што ќе донесе катастрофални загуби на животи и човечки страдања“, изјави претседателот Бајден.

Бајден додава дека единствено Русија ќе биде одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад, а САД и нивните сојузници и партнери во светот ќе одговорат на обединет и решителен начин.

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го оквалификува како варварски нападот на Русија врз Украина. Таа додава дека во текот на денов ќе следат санкции од ЕУ кон Русија, коишто ќе бидат масивни и таргетирани. Санкциите ќе ги погодат клучните сектори на руската економија и ќе вклучат замрзнување на рускиот имот во ЕУ и пристапот на руските банки до европскиот финансиски систем.

„Нема да дозволиме претседателот Путин да ја урне европската безбедносна архитектура“, напиша претседателката на ЕК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
free download udemy paid course
download intex firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy paid course