вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: енергетска ефикасност | 75 резултати

Вистиномер: Основното училиште во Групчин доби енергетска фасада и соларни панели

август 3, 2021

Ветување: Реновирање на основното училиште во село Групчин [Извор: Изборна програма на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу,  стр.3 – датум: октомври 2017 г. ] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во кампањата за локалните избори, меѓу другото, вети и реновирање на основното училиште во село Групчин. Ова ветувaње на Сејдиу, дадено во неговата изборна програма, во делот „Образование“ – во […]

За енергетски ефикасни градби, на градежниот сектор му треба дигитализација и повеќе вештини

јуни 14, 2021

Градежниот сектор во државата треба да се издигне на повисоко ниво и во него да се креираат дигитални алатки кои ќе поттикнат нови знаења и вештини за сите профили на кадри. Тоа е посебно важно за енергетски ефикасните градби и примената на еколошките материјали, па токму затоа градежните компании треба да развијат современи еколошки технологии […]

Битиќи: Се засилуваат активностите на проекти за енергетска ефикасност

мај 20, 2021

Северна Македонија во изминатитот период направи голем исчекор во носење на многу значајни документи, стратегии и политики, во кои се вградени ЕУ директивите од енергетскиот сектор. Сите активности, поврзани со реформите во енергетиката и енергетската ефикасност, условија носење на нов Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност, како и Стратегија за развој на енергетика […]

Во Прилеп прв пат по 40 години почнува изградба на детска градинка

април 2, 2021

На површина од 5.030 метри квадратни во населбата „Точила“ во Прилеп, денеска е ставен камен темелник на новата детска градинка, која што ќе се гради во Прилеп по 40 години. Објектот ќе биде со капацитет за згрижување на 252 деца, и ќе значи трајно решение на проблемот со недостигот на детски градинки во Прилеп, изразен […]

Ќе се делат субвенции од 1,3 милиони евра за зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата

март 31, 2021

Владата преку буџетот на Министерството за економија, во рамки на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата, обезбеди вкупно 82 милиона денари (1,3 милиони евра) за субвенции на домаќинствата за 2021 година, кои ќе се реализираат преку веќе објавените четири јавни повици. Тие се однесуваат на надоместување […]

Воздухот ќе биде полн со ПМ-10 честички, најголем број од домовите се затоплуваат со цврсти горива

март 1, 2021

Поголема ангажираност на надлежните институции во смисла на јакнење на инспекциските контроли и поставување на повеќе мерни станици за испитување на квалитетот на воздухот, поголем број и повисоки субвенции за домаќинствата за вградување на системи за затоплување од чиста енергија, како и издвојување на поголеми буџетски средства за енергетска сиромаштија, но и јакнење на свеста […]

Проектот за енергетска ефикасност на студентските домови ќе чини 24 милиони евра

февруари 24, 2021

Проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, ќе чини околу 24 милиони евра, а рокот за реализација на овој проект е 2025 година, соопшти денеска владиниот портпарол Мухамет Хоџа на новинарско прашање на Мета.мк. „Средствата за овој проект за 2021 година се предвидени во предлог буџетот за 2021 година на Министерството […]

Владата ја усвои информацијата за проект за енергетска ефикасност на студентските домови

февруари 23, 2021

Усвоена е информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, кој се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на студентски домови во државна сопственост, соопштија од Владата по одржаната седница. Со овој проект, предвидено е зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност. Програмата ќе се фокусира […]

Порталб: Општина Чаир планира да преземе мерки за енергетска ефикасност, но не се знае кога

јануари 27, 2021

Општина Чаир ги разгледува можностите за преземање на понатамошни чекори во врска со проектот за енергетска ефикасност, односно реновирање на фасадите на зградите на територијата на оваа општина. Ова за „Порталб.мк“ го потврдија од општината. „Во процес сме, разговараме околу ова прашање. Сè уште нема ништо ново. Ќе ве информираме благовремено“, велат од Општина Чаир. […]

Кампања „Обединет Балкан за чист воздух“: Живееме во отровен облак

јануари 21, 2021

Со цел подигнување на свеста за последиците од загадениот воздух, еко организации од сите балкански земји ја започнуваат кампањата „Обединет Балкан за чист воздух”. Како што велат тие, земјите од Западен Балкан имаат најлош квалитет на воздух во Европа, поради што ги повикуваат надлежните државни институции и граѓаните во регионот, да спречат до 13.500 предвремени […]

Порталб: Проектот за енергетска ефикасност во општина Чаир е во застој

јануари 12, 2021

Проектот за постигнување енергетска ефикасност на згради на територијата на општина Чаир е во застој. Иако ова беше едно од главните ветувања на сегашниот градоначалник Висар Ганиу за време на предизборната кампања, општината не успеа да ги убеди жителите на зградите да се согласат со нивната понуда за реализација на овој проект, односно за реконструкција […]

В година на граѓаните ќе им бидат на располагање 764.000 евра за субвенции за енергетска ефикасност

ноември 17, 2020

Буџетот на Министерството за економија за 2021 година ќе изнесува 826 милиони денари, или 13,4 милиони евра. Од овие средства, 130 милиони денари (2,1 милион евра) се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари (2,7 милиони евра) се за капитални расходи, а 190 милиони денари (3 милиони евра) се за разни субвенции, […]

Еко Логик организира меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

октомври 19, 2020

Здружението на граѓани Еко Логик, во рамки на програмата Вело Училишта, отвора меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, чија цел е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот, како […]

Корона кризата ја закочи и реализацијата на Стратегијата за енергетика до 2040 година

септември 18, 2020

Најновата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година ќе почека подобри економски и политички моменти за старт. Ковид кризата која ги закочи економските текови, како и парламентарните избори, го одложија предвидениот термин за прифаќање на едно од трите предложени сценарија (референтно, за умерена транзиција и зелено сценарио). Рокот кога Владата требаше да избере едно […]

И оваа грејна сезона БЕГ, а не Град Скопје, ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија

септември 10, 2020

На прагот и на претстојнава грејна сезона, нема да се реализира најавеното преземање на топловодната мрежа од страна на Град Скопје од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ), за што Градот чека судска разрешница. Сè уште остануваат низа правни лавиринти на релацијата меѓу Град Скопје, Регулаторната комисија за енергетика и Управниот суд, […]

Подзаконските акти за енергетската ефикасност почнати се со изработка, но ќе бидат донесени со задоцнување

септември 8, 2020

Новите подзаконски акти што ќе ја регулираат имплементацијата на енергетската ефикасност во земјава веќе се започнати со изработка, но можно е да бидат донесени со закаснување поради корона вирусот. Од Министерството за економија за „Мета.мк“ информираат дека во процес на изработка се влезени Правилникот за енергетски карактеристики на згради, Правилникот за енергетска контрола на згради […]

Со 85 милиони евра од странски фондови ќе имплементираме енергетска ефикасност во земјава (инфографик)

септември 5, 2020

Македонската влада и локалните самоуправи во наредниов период ќе имаат на располагање околу 85 милиони евра обезбедени од странство за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјава. Станува збор за покрупни проекти на национално ниво за коишто се издвоени позначајни финансиски средства, при што дел од нив веќе се во фаза на реализација, а […]

Грантови до 10.000 долари за подобрување на енергетската ефикасност на куќи во Лисиче

август 25, 2020

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објави повик за избор на домаќинства во скопската населба Лисиче, коишто ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари, во денарска противвредност, со цел да преземат мерки за зголемување на енергетска […]

ЕСМ изработува три проекти за проширување на парното греење во Автокоманда и Железара

август 5, 2020

„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) потпиша три договори за изработка на проектна документација за изградба, реконструкција и проширување на топловодната мрежа во скопските населби Автокоманда и Железара. Изготвувањето на проектите треба да биде основа за проширување на дистрибутивната мрежа во системот за снабдување со топлинска енергија од когенеративната електрана „КОГЕЛ“ што се наоѓа во скопската […]

Ковид-19 може да го одложи донесувањето на подзаконските акти за енергетска ефикасност

јуни 1, 2020

По донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во февруари годинава, државава се соочува со предизвикот за почитување на законските рокови за донесување на сите подзаконски акти за енергетска ефикасност во услови на пандемија на корона вирусот. Правилниците и тарифниците се поделени во три пакети, кои треба да овозможат практична имплементација на мерките за енергетска ефикасност […]

Страна 2 од 4